Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Колку и да не се согласувале, сепак премали се шансите, мајка туку така да напушти 4 годишно девојче и со тренерки да избега во Германија, со цел да не ја најде никој и да почне нов живот. Ми нема логика. Некако мислам дека нешто лошо се има десено, ама дај боже да грешам. Мирен крај се тие струмички села, надвор од цивилизација ептен, можеби најпаметно е да се проверат жителите на Босилово и околните села, кој е уште во Македонија, кој има криминално досие, кој каков живот живее, ментални проблеми итн, и така се е раселено таму, не би било многу работа, можно и да го направиле ова МВР веќе и да имаат осомничени или некој на пик. Се надевам дека добро ќе заврши ова, крајно време е да има среќен крај некој од овие случаи на исчезнати лица.
Општина Босилово брои 13К жители, само селото Босилово брои над 1500 жители... Од кај ти се информациите дека се е расселено таму...
 
Општина Босилово брои 13К жители, само селото Босилово брои над 1500 жители... Од кај ти се информациите дека се е расселено таму...
Не мислев дека се е раселено во смисла дека 0 жители се останати, додадов “не би било многу работа“, а не “не би имале ич работа“, мислев ме сфати од контекстот. Иначе алудирав на тоа дека постепено се раселуваат селата и градовите во источна Македонија, највеќе Италија е популарно таму, но и Германија, Австрија, Швајцарија итн.
 
Ѕирнете ова, се надевам ќе се најде жива и здрава жената.

 
Ѕирнете ова, се надевам ќе се најде жива и здрава жената.


За жал утрово жената е пронајдена мртва. Се удавила во прилепското вештачко езеро. Дали е самоубиство допрва ќе се утврдува.
 
Што се случило со Александар Черговски а.к.а Мали од РадиоМК? 3 месеци го бараа, денес читам по фб дека наводно е пронајден.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__
Што се случило со Александар Черговски а.к.а Мали од РадиоМК? 3 месеци го бараа, денес читам по фб дека наводно е пронајден.

И јас утрово прочитав дека им се јавил дека е добар ама не им кажал каде е.

Ацка се надевам дека си добар.
 
Ацка си ги лади јајцата во Дојран :)
 
Последно уредено:
Што е со момчево, имаме ли тука некој од Демир Капија? Случајно на ФБ некој сподели и видов, за греота мајка му секој ден се кине од плачење...
Да се надеваме дека е жив

 
Наташа Николова, млада девојка пријавена за исчезната.

https://24.mk/details/ischezna-mladata-natasha-nikolova-od-kochani
Автоматски споено мислење:

Наташа Николова, млада девојка пријавена за исчезната.

https://24.mk/details/ischezna-mladata-natasha-nikolova-od-kochani
На оваа возраст можеби заминала кај дечко, се надевам дека е така и се ќе е ок.

@Anon шо се смееш на вакви објави бе човече, се знае за што може а за што не да се зафркава. Од каде знаеш како може да заврши случкава па да си земаш слобода да се смееш.
 
На оваа возраст можеби заминала кај дечко, се надевам дека е така и се ќе е ок.
Веројатно да. Помислив и пред да го стаам линкот.
Имаше и со Пино смеење, па заврши како што заврши.
 
Веројатно да. Помислив и пред да го стаам линкот.
Имаше и со Пино смеење, па заврши како што заврши.
Веројатно да. Помислив и пред да го стаам линкот.
Имаше и со Пино смеење, па заврши како што заврши.
Селото(населено место) Оризари од каде што е девојчето е мала средина близу Кочани и мирно место за живеење. Освен таков случај не би требало нешто посериозно да е но гледам уште не е најдена така не знам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom