1001 Albums Generator

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
1744907639953.png

67. Spiderland - Slint (1991)
Ова беше многу топло-ладно албум. Имаше моменти кои ми се допаднаа, имаше и нешта што ме вадеа од такт. Затоа не знам како да го оценам. Многу ми беше бучен, од тоа што ме нервираше. Можеби требало малку да го стишат зашто се слуша тука дека албумов пумпа со адреналин и тестостерон и му недостасува смиреност. Од друга страна, интересно ми беше што доста експериментирале со структурата на песните а си играат и со хармонијата која е чудна, нестандардна и звучи како да дистонираат (а веројатно тоа го прават намерно). Некоја средна 2,5/5 би му дал, ама Slint се уште еден пример дека повеќе ги сакам британските рок бендови од американските.

P.S. Еве сега читам за албумот - неколку месеци по издавањето заради менталното здравје на еден од членовите бендот се распаѓа. Албумот во САД доживеал фијаско, но по нивното распаѓање, наредните години продажбата во Велика Британија се повеќе се зголемувала, па албумот доживеал еден огромен култ следбеници и заради тоа се смета како манифест или предвесник на инди / алтернативниот рок во Велика Британија. Затоа е толку значаен и затоа е на листата.
 
1744997781247.png

68. Superfly - Curtis Mayfield (1972)
Во ден кога ми се паѓаат Queen и ова, нормално е да очекувам ова да е полошиот албум. А испадна обратно. Вториот саундтрак до сега генериран, овојпат за истоимениот филм, се смета за еден од класиците во соул и фанк музиката на 70-тите. Музиката е uplifting и толку diverse низ целиот албум, а исто така и како и претходниот саундтрак - делува доста „филмски“. Филмот, исто така, го немам гледано и овојпат не верувам дека ќе го гледам, ама факт е дека албумов ми се допадна. 3,5/5
 
1745084671035.png

69. American Idiot - Green Day (2004)
Еден култен албум од новиот милениум кој остави неизбришлив белег на светската музичка сцена. Албум на кој (речиси) сите песни ги знам, но прв пат го преслушувам како една целина и признавам - звучи совршено! Не сум многу фан на панк музиката, ама на American Idiot сум. Тука се American Idiot, Boulevard of Broken Dreams, Holiday, Wake Me Up When September Ends... Неверојатен албум!

Го слушав на пат од работа кон дома и само што се прибрав, на MTV:
20250419_180137.jpg
Boulevard of Broken Dreams

Денов беше перфектен, ми подари две чисти петки! 5/5
 
1745175070938.png

70. Ágætis Byrjun - Sigur Rós (1999)
Истиот албум кој вчера ни се падна во групата, денес го добивам во индивидуалниот предизвик. Не знам што би додал:
Магично! Имаше еден коментар под албумот кој парафразирано звучеше:

„Вака ќе звучеше северната светлина (Аурора Бореалис) да можеше да прави музика!“

Подобар опис за оваа перфектна комбинација на звуци која изгледа како да е излезена од рајот или како да е свирена со инструменти на кои свиреле боговите, мислам дека не може да се напише! Ако нешто може да предизвика оргазам кај ушите - тоа е дефинитивно ова! Се ова кажано, и покрај тоа што на овој албум ги нема моите две омилени песни на Sigur Rós: Brennisteinn и Hoppípolla. Овој ethereal, тивок и смирувачки звук е инспириран од сосема поинакви жанрови, кои се тотална спротивност на овој звук од соништата, а сепак успеал да звучи вака. Знам дека ова не е музика која ќе им се допадне на повеќето тука, што би рекол @Io Sono Interista - мора да напоменам дека е hate it or love it :P , но за мене е не само едно од најдобрите нешта преслушани во предизвиков, туку и едно од најдобрите нешта преслушани во животов, воопшто! :cuc:

5+/5

P.S. Ова е едно од мал милион нешта заради кои би сакал да живеам на Исланд и и завидувам на @Artemisia Vulgaris :mad:
 
1745271309165.png

71. Fragile - Yes (1971)
Ова го преслушав утрово додека одев на работа, и знам дека ми беше ОК во тој момент, но... Сега да ме убиеш не може да ми текне ни на секунда од албумов. Значи ОК, ама тотално forgettable.
2,5/5

А, да, откако ја пуштив по втор пат сега, ми текнува на Roundabout. Остатокот избледе, стана проѕирен.
 
1745361208267.png

72. Basket of Light - Pentangle (1969)
Генераторот за ова вика „фолк рок“. Каков црн рок, овде ни р од рок нема. Ова беше ко некоја средновековна секуларна (фолк) музика, ко таа од Game of Thrones, и преку стиховите раскажува цели приказни. Имавме во KSC еднаш една тема за Bardcore - тоа е cover на популарна современа музика со средновековни инструменти и аранжмани. Е па ова баш на тоа ме потсети. Лично, албумов би го оценил со 2/5, ама само за оригиналноста, зашто прв пат слушам нешто слично (ама цел албум со ваква музика) една оценка плус од мене, па така ова ќе добие 3/5. Веројатно ќе ми остане во сеќавање баш заради оригиналноста, ама не по тоа дека ми се допаднал.
 
1745445010986.png

73. The Last Broadcast - Doves (2002)
По тоа срањето во групата (TV On The Radio), овој британски инди рок ми звучеше ко Моцарт да го слушам после Цеца. А толку е така безличен албумов! Ама сепак впечатокот далеку поголем. Барем беше listenable. Плус британски. :P
3/5
 
1745523642708.png

74. Arrival - ABBA (1976)

Безвременска поп класика. Ова не е поп музика, ова е дефиниција за поп. Мора да признаам дека ABBA понекогаш ме нервира заради пискавите женски вокали кои во некои песни параат уши. Затоа и тука бев решен дека максимумот за албумов би бил 4/5. Но верзијата која ја слушам и која ја има на Spotify е таа која била објавена во Австралија и Нов Зеланд и во која ја има Fernando што е една од најубавите нивни песни и која ме премисли. Тука ќе добие 4,5/5, но на сајтот веројатно ќе оди петка. Инаку, тука се некои од најголемите нивни хитови, како Money, Money, Money, Dancing Queen, Knowing Me, Knowing You... Добар, навистина добар албум, забавно беше да се слуша и протече речиси за миг.
 
1745604160435.png

75. OK Computer - Radiohead (1997)
Трета петка во последни 7 дена! Ме разгали генераторов, се надевам по оваа низа, нема да ме убие со ужаси (да не го подречам :P). Radiohead е бенд кој е доста ценет на форумов, омилен на многумина, скоро сите имаат преслушано скоро се значајно нивно... А OK Computer е можеби најзначајното. Прво, зашто е преод од нивната рана рок-фаза кон по-алтернативниот пристап и експериментирањето со жанровите подоцна, а од друга страна е milestone во британската музика зашто е преод од бритпопот во 90-тите кон алтернативниот рок од 2000-тите. Затоа за албумов се вели дека е „културолошки, историски и естетски значаен“. Две песни од албумов: Paranoid Android и Karma Police се дел од седумте песни на Radiohead кои достигнале топ 10 на UK TOP 40. Албумот е значаен и зашто по објавувањето Radiohead прават сопствен вебсајт со што се еден од првите бендови во светот со нешто такво, а со тоа и градат една фанбаза на онлајн фанови која и ден денес расте. Интересно за овој албум е тоа што текстовите на песните се поапстрактни од нивните претходни песни кои беа со поголем емотивен набој. Темите на текстовите се повеќе универзални од лични, па така се пее за конзумеризмот, глобализацијата, компјутерите, технолошкиот развој, анти-капитализмот и современиот живот во Британија, меѓу другото. Но ако се слушаат детално, се чини како да се похерметички, како да немаат некоја кохерентна наративна структура, па така се обидов да најдам НЗС во текстовите на неколку песни, и не успеав, па затоа ти исклучив текстовите и се фокусирав на музиката. А музиката е врв врхова! Центрирана околу електричната гитара како main инструмент, но со инструменти кои се движат од традиционалните, па се до електрично пијано и електрични перкусии (и покрај присуството и на традиционални тапани), па дури и гудачки инструменти на пример, ја прават секоја песна уникатна по секое ново слушање - секогаш можеш да откриеш некој нов слој, да пронајдеш нешто ново. Лично, мислам дека No Surprises ми беше најголемиот фаворит на албумов, иако речиси и да нема песна во која не уживав. Меѓу другото, овој албум е и во топ 20 најдобро оценети албуми на генераторов, па во таа насока останува и мојата оценка: 5/5, чиста ко солза.
 
1745695387172.png

76. Shaka Zulu - Ladysmith Black Mambazo (1987)
Wee-hee-hee-hee, dee hee-hee-hee-hee
Wee-oh aweem away
Wee-hee-hee-hee, dee hee-hee-hee-hee
Wee-oh aweem away
A-weema-weh, a-weema-weh, a-weema-weh, a-weema-weh
A-weema-weh, a-weema-weh, a-weema-weh, a-weema-weh
A-weema-weh, a-weema-weh, a-weema-weh, a-weema-weh
A-weema-weh, a-weema-weh, a-weema-weh, a-weema-weh...
In the jungle, the mighty jungle
The lion sleeps tonight
In the jungle, the quiet jungle
The lion sleeps tonight (Ho, ho)


Првиот акапела албум во предизвиков (и се надевам ќе биде последен). Прво, disclaimer: на тој online song contest на кој учествувам веќе 20 години и кој беше инспирација за Kajgana Song Contest-ите кои успешно тераат и ден денес, едни од песните кои најмалку ми се допаѓаат се песните од државите од Африка. За 20 години можам на прсти да избројам колку пати сум гласал за песна од држава од Африка (со исклучок на Јужна Африка, зашто нивната музичка сцена е про-британски ориентирана). Тоа значи прво. Второ - прочитав дека е акапела албум и ми идеше да се упуцам во чело. И трето - цел (освен една песна) е на некој неразбирлив мајмунски јазик налик на завивањето во Lion Sleeps Tonight (го имате текстот погоре :P). Тоа би значело инстант неуспех и стартен кец од мене.

Но... изненадувачки, албумов ми се допадна! Многу, многу повеќе од тоа што очекував. Многу минималистички, за целото времетраење ни еднаш не ми сметаше што нема музика, туку само пеење. Не разбрав ни збор (освен во една песна), ама пак ко да разбрав се. Вокалните хармонии и аранжмани се неверојатни! Секоја чест за музичарите кои работат со вакви хорови, од секогаш сум се воодушевувал на хорското пеење. Но дека албумов ме запрепасти и ме натера да паднам на газ - далеку од тоа. Ми сметаше што беше многу повторлив. Ко ќе почнеа со едно зборче или еден стих, сегмент од песната, и го верглаат истото три минути, што и да значи тоа. Плус, и во таа единствената песна на аннглиски, љочките си пејат за дожд - секој со својата мака :pos: (дојди, дојди дожду, ама ти не доаѓаш - вака парафразирано звучеше цела песна, само ова повторено околу 297 пати :D ).

И така - убаво е да се слушне нешто ново и поразлично, ама сепак е далеку од WOW. Затоа и за ова просечна 3/5.
 
1745737439304.jpeg

77. American Pie - Don McLean (1971)
Каков старт беше ова! Осум минутната American Pie (ја знам само верзијата на Мадона) беше прејака. Продукциски без ни една црна дамка - звукот беше неверојатен, се слушаше буквално секое звукче, дури и пеперутка да прелетала, звукот на крилата ќе се слушаше. Текстот на песната е закон, може да се толкува на милион различни начини. За типов прв пат слушам, ама гласот му е перфекција! Слушнав интересни вибрата, јодлови, менување цели октави... значи типов пее - растура. Се на се, беше преубаво да се слуша. Втората песна - ок, филерче, па пак одличната Vincent, балада за самоубиството на Ван Гог за која може да се дебатира и во позитивна, и во негативна конотација.

И после, музиката умре! Како што самиот пее во American Pie. По првите 3 песни се мислев дали да дадам петка или четворка на албумов, на крај ќе добие тројка, зашто после третата песна беше досадно, неинспиративно, млако, бледо... 3/5
 
1745866182540.png

78. Kid A - Radiohead (2000)
Уф, не знам што да напишам за ова. Не сум некој којзнае колку голем фан на Radiohead, ама ги сакам. OK Computer пред некој ден ми беше бонбонче. Плус имам слушано доста нивна музика, и уживав во нив од Creep преку Lotus Flower до Man of War (која е мојата омилена нивна). Ама ова беше чудно и не знам како да го поврзам со нив. Немаше ни една песна која ме заскокотка, ни еден звук кој ми остана во мислите, ни еден стих што го потпевнував потоа... Едноставно не го перцепирав како албум на Radiohead туку некоја чудна електроника во која нема ни Р од рок. Не знам, ова едноставно не ми направи мерак и не можам да го оценам со оценка повисока од 3/5. Прочитав дека дури и дел од најголемите фанови имале сличен впечаток како мојот, а не пронајдов многу инфо како албумов поминал на форумов, но јас ќе го запаметам како најлошото нешто што сум го слушнал од Radiohead. 3/5
 
Албумите 79 - 137 ќе останат без кратка рецензија тука, заради проблемите со форумот. Ќе продолжам од 138 надолу (имам неколку и испуштени, во меѓувреме ќе се обидам и да надоместам).

1751900006017.jpeg

138. The Köln Concert - Keith Jarrett (1975)

Многу, многу, многу убаво! Пијано концерт на Keith Jarrett снимен во живо. Само 4 композиции се, ама со траење од преку саат. А да траеше и 3, ич немаше да ми смета! Уживав во секоја секунда! Ова е со таг Jazz, ама повеќе би го нарекол - Contemporary classical music. Воведната композиција (и воедно најдолгата) на моменти многу ме потсетуваше на наш Дуке (верувам дека црпел инспирација од тука), особено од проектот Песни за љубов и копнеж со Каролина Гочева и Исмаил Лумановски. Ама навистина овој албум е за уживање. Единствен кој цел го ставив во таа листата на најдоброто од проектов на Spotify. Му дадов 4/5 пак заради тој звук на шум во позадина, ама сега се премислувам. Мислам дека заслужи петка. Убавини!

P.S. WOW, сега прочитав и колку е луда целата приказна зад концертот и албумот и морам да ја променам оценката! Ова заслужува 5/5, дефинитивно!
 
1751906600549.png

139. Neon Bible - Arcade Fire (2007)

WOW! Никогаш не сум ги слушал нешто особено Arcade Fire, онака само, кога ќе ми се појавело нешто, чат-пат, иако генерално сакам и слушам многу инди рок музика. Конкретно од овој албум ни една песна не ми е позната. Ама како заокружена целина албумов е баш FIRE! Уживав во секоја една песна! Секоја една песна е прекрасна, немаше буквално ни една која не ми се допадна и на која и најдов некоја замерка. Ако морам да бирам - Intervention беше број 1! Neon Bible е веројатно во топ 5 најголеми изненадувања кои ги слушнав од генераторот, а можеби и во топ 10 најдобри албуми до сега. Ова морам да го преслушам уште неколку пати! Чиста 5/5
 
1751994453614.png

140. Juju - Siouxsie And The Banshees (1981)

Ова се смета за еден од првите, ако не и првиот готик рок бенд, ама јас не видов ништо од тоа што го сакам кај готик рок бендовите освен текстовите. Толку монотон и досаден женски глас, плус звучи ко да е во соба со неверојатна акустика, а она ставила марамче врз микрофонот. Или ко да пропаднала во бунар. Или уште попластично, ко што звучел Синан Сакиќ на почеток на кариерата. :pos: Шега на страна, сметам дека е многу лошо продуциран албумов до таа мера што е речиси не-слушлив. Навистина ме изненадија позитивните реакции и сите петки на генераторот, зашто кај мене ова едвај двојка добива. На стаклени нозе.

По две петки по ред, очекував дека ќе следи нешто лошо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom