100% Битолски!

Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не отварам теми овде, ама по фрлањето на 3 сока 100% портокал од Битолскиот, зашто да не?

Беше топ, ама последниов што го купив од Веро наликува на сок на растворање, море уште полошо. Бојата е темна (како сок од кајсија), вкусот е заникаде, а тврдат дека е 100%.

Споделете искуства за да знаеме дали е до праткава или отишол во курац!
 
V

Vollstandig

Гостин
Мац, 100 % природен сок пакован,значи 30 % џус од портокал, разреден,растворен, со појачувачи за вкус и останати материи шо сигурно нема да ги има на етикетата залепено. Ако сакаш, навистина 100 % чист сок од портокал, малце е поскапа инвестицијата, одбери си портокали со што помазна кора (тие имаат поеќе сок оти се стоени) цеди, и пиј!
Ај да ја удриме логиката, ако во еден кг портокали кој кошта 60 денари, излегува сок околу 200-300 грама максимум, како тогаш 1 литар од битолскиот е 100 % портокал? Лага од старт.
 

Брзии

Бело сунце, Бело небо, иди даље бог те јебо!
Член од
15 јануари 2012
Мислења
1.026
Поени од реакции
481
Да беше 100% овошје, немаше да го продаваат за 50 денари брат...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Добро бе му се нафрливте да беше 50 немаше да е 100 процентен па не отвори тој дебата за тоа, отвори за квалитетот затоа што фирмата таков го претставува сокот, со висок квалитет а Мац што ги купил тетрапаците биле тиња.

Дали било до тетрапакот или сите се сега такви?
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.810
Кој бе пауер џусер, право бе RAW, мајка природа, да го цицаш директно од корупка, да го примиш со се витаминици цел вкус. Кога ќе те накисели да знаеш за шо си дал пари.

успат купи си едно пиво и не се замарај, како другар интераш ти го кажувам овоа :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
А бе шо обожавам предвидливи одговори од типот, а зашо купуеш вакво а зашо не си земеш онакво. Као продавачките по ГТЦ се понашате.
На темава: Произведувачите на тетрапак соковите имаат задолжение да ги информираат консументите ако не се` барем главното да го произнесат. Рецимо Нектар има добра политика со помалку лажење на потрошувачите, тој продава сокови кои се направени од 100% суровина и од 50%. Нормално тој што е 100% има повисока цена додека 50% количински е поголем (што ќе реќи повеќе разреден - повеќе вода).
НЕ знам за Битолската но знам дека од неодамна почна да се произведува сок на растварање во - тетрапак. Љубопитноста ме совлада и зедов еден таков да пробам. И имам едно нешто да кажам. Kids - DO NOT even try it. Најсериозно!
Со денешново време на борба за брза заработка и алчност и дрчност кон голем капитал, не би ме зачудило некој да ги меша работите со етикета како 100% природно.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.545
Поени од реакции
5.855
Купив пред неколку дена 3 од овие битолскиве. И за прв пат приметив гаден вкус. Ги пијам нив повеќе од 1 година и ми се најубави, ама овие 3 последни за никаде беа. Прво кога го пиев првото си реков ај демек се дешава едно да се заебе, ама и второто беше исто. Сега моментално го пијам последното и ми остана уште малце, па ке сменам нешто...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Ако Битолското млеко е 100% Битолско, а е мејд ин Зајечар или Лесковац, зошто да не е слична политика со сокот?Господата од ВИВА носат раствори и засладувачи дури од далечната Кина како во старите времиња, па пак е 100% и нивниот, зошто да не почнале слично и ИМБ :sick:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Не сте ме сфатиле.

100% Битолски од портокал беше океј на вкус, изгледаше колку толку природно. Џусери, ова она, друга тема е.

Темава ја отворив зашто го заебаа, ми текнува и на Пица кога бев ист беше, со боја на кајсија. Вкусот е како најефтин сок на растварање да пиеш. Фокусирајте се на тоа дали сте го пиеле порано и дали сте го пробале сега.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Сите ги исчуручија, Вива е исто така крстен баеги, оној Браво од портокал е како бугарски Степ. Мене најдобар ми е Сано од портокал, можи не е 100% ама за 52 ден. 1.5 литри е сосема солиден.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сите тие 100%, 50%, 30% се магацин од шекер, вода и хемиски производи
Таков сок од потокал, кајсија, праска стварно поубаво мириса од потокал, кајсија, праска, ама слаба му е врската со овоштијата.
Се работи за Zuckerwasser
Имаше порано една многу убава реклама за вакви сокови
„ Ние не произведуваме сокови, ние само го цедиме овоштието “
Кој верува нека повели!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom