М
Мартин`
Гостин

21 Јуни - Варшава
20:45 Чешка Република - Португалија
22 Јуни - Гдањск
20:45 Германија - Грција
23 Јуни - Донецк
20:45 Шпанија - Франција
24 Јуни - Киев
20:45 Англија - Италија
Ете денеска завршија и последните натпревари од групната фаза каде што репрезентациите на Франција и Англија обезбедија пласман во 1/4 финалните натпревари. Во првиот дуел помеѓу Чешка и Португалија очекувам доста добар натпревар а благи фаворити ми се Португалците кои мислам ќе обезбедат пласман во полуфиналето, сепак во тимот имаат доста по звучни имиња иако тоа ништо немора да значи но и поминаа како второпласирани во тн “група на смртта“ и успеаа да се пласираат во 1/4 финалето. Реално мислам дека ќе бидат изненадување на ЕП и дека можат и до финале да стигнат според мене.
Вториот дуел помеѓу актуелниот Европски и Светски шампион Шпанија со Франција очекувам да биде најтешкиот и најинтересниот натпревар во 1/4 финалето, Шпанија не толку убедливо во групната фаза иако доста стабилно ги изиграа сите натпревари.. од друга страна Дел Боске прикажа интересни тактики на првенството кои досега не беа карактеристични за Шпанците. Французите со 1 победа 1 нерешено и 1 пораз успеаа да поминат во групната фаза иако покажаа добра игра сепак мислам дека во дуелот против Шпанија ќе излезат како поразени како послабо воиграна репрезентација ..
Германија против Грција е третиот натпревар кој очекувам да помине со најмала неизвесност иако Грците покажаа дека знаат да одиграат добро, сепак нивен противник е фаворитот на многумина за освојување на Европското првенство - Германија кој прикажаа одлична игра во групната фаза со освоени 9 бода и победа на сите противници во групата на смртта така да мислам ќе немаат проблеми да се пласираат во полуфинале. Сепак фудбал е има изненадувања и ништо не се знае сигурно ..
И последниот натпревар на 24 Јуни е помеѓу Италија и Англија кој исто така ќе биде доста интересен и неизвесен натпревар, лично јас навивачки мислам дека Италија ќе успее да да се пласира во полуфиналето.. во групната фаза изиграа сосема стабилно со Шпанија и Хрватска на чии натпревари имаат одлични шанси и да ги завршат во нивна корист и остварија плус уште една рутинска победа против Ирска. Реализацијата беше проблем во групната фаза најмногу но мислам полека но сигурно влегуваат во форма Касано - Балотели и Ди Натале и допрва ќе се покажат во вистинско светло.. на другата страна Англија не ја гледав многу но слушам/читам дека денеска дури имале и помош од судиите поништувајки гол на Украина, очекувам во Киев дека ќе им се изврши притисок од домашните навивачи кои верувам ќе ги има плус и судиите ќе си “вратат“ за грешката

Според мене полуфиналните двојки ќе бидат ..
Португалија - Шпанија
Германија - Италија
Тоа е тоа од мене, искажете го своето мислење кој репрезентации мислите ќе ги гледаме во полуфинале ?

