1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Спојувањето е проблем затоа што материјалот е алуминиум. Гледав на нет дека се користи калаисана амбалажа за храна и пијалоци, ама ја немам опремата за да ја лемам. Сега за сега и лепак брка работа.

А од каде го зема алуминиумот и зарем со течен лепак е само споен? И јас имам направено неколку макети 1-20 размер од лим комбинирано со многу други материјали со целосен ентериер, светла, сите врати се отворааат и сл. Истите имаа по около 400 делчиња пред да ги склопам
 
Браво Jeep, алал да ти е.
 
Веке кога имаш..... постирај да видиме!
 
Фала на коментарите друштво (y)

Струмикс, следен пат кога ќе бидеш овде обавезно да ми кажиш.
 
Веке кога имаш..... постирај да видиме!

Имам веќе постирано, макетава ја одамна имам правено на 16 години, така да сега сакам да направам Голф 1 ГТИ од алуминум. Макета ја правев од обичен лим кој беше многу тежок за обработка, тешко се виткаше и сечеше па сега сакам да најдам вакви алуминиумски плочи како JeepMkd само незнам од каде.

http://forum.kajgana.com/threads/Автомобили-во-размер.42767/page-5#post-3849903
 
Денес и покрај тоа што имаше многу работа, визуелно и не се приметува. Мерев и проверував димензии за да се осигурам дека не правам грешка. Сепак, успеав да го оформам задното крило, со споеви како и на 1:1 верзијата.

DSCN0673.jpg
 
Гледајќи ја сликата од погоре, забележав дека нешто недостига - грлото за полнење гориво.

DSCN0674.jpg

DSCN0690.jpg

DSCN0678.jpg

... по што продолжив со задните врати.

DSCN0679.jpg

DSCN0681.jpg

Составени, и без зјај :)

DSCN0683.jpg

DSCN0685.jpg

DSCN0688.jpg

За споредба
CopyofDSCN0683.jpg

Јас сум презадоволен :D
 
Кабината ја доби грубата форма, има уште работа додека ја фиксирам и да не се враќам на неа.

DSCN0692.jpg

DSCN0691.jpg

Ги исеков и предните врати, но немав време да ги завршам.
DSCN0694.jpg

...и како изгледа засега заедно со шасијата
DSCN0696.jpg
 
Кабината ја доби грубата форма, има уште работа додека ја фиксирам и да не се враќам на неа.

Ги исеков и предните врати, но немав време да ги завршам.

...и како изгледа засега заедно со шасијата
Земи црвен и бел спреј и шприцни го ист да биди како вистинскиот, па после можиш и лепенки да исечиш да му ставиш како тие црните и жолтите. А за стаклата можиш провидна пластика да употребиш.... и дај завршувај го побрзо, гледаш оти сите нестрпливи сме :D
 
За стаклата најдобро од оние фолии што се за ласерски принтери прозирни А4 формат 0,13мм.
 
Има време додека да стигнам до стаклата... треба прво да ги направам кедерите, па рамовите (можеби ќе ги направам со лизгање како оригиналот). Како и дае, тие се меѓу последните работи на листата.

@Strider верувај и јас сакам да го видам готов што побрзо, во план е да биде до крајот на летото :)

Се работеше и денес...

DSCN0701.jpg

DSCN0705.jpg

DSCN0707.jpg

Следно за правење е преминот од кабината до хаубата, т.н. cowl (не знам наш збор за ова) и е меѓу „поинтересните“ делови за правење :D На Вранглерот кој го правев претходно ми успеа од прв обид, за ова ќе видиме утре :)
 
БРАВО Jeep, ова ретко се гледа дури и на светските форуми за макети. Ти брат имаш невиден талент, од ова луѓе во странство прават пари (од нарачки се разбира). Продолжи така и немој да си се откажал случајно, ова е ремек-дело. (y)

Ако ти требаат некои делови за детаљите попосле (мотор, бандажи, гуми, ентериер, светла) слободно контактирај ме, имам доста делови (diecast).

Инаку чекам да ми стигнат два камиони-влекачи (макети) од Revell во 1/24 размер па и јас ке почнам да склапам/фарбам/сечам. :cool:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom