Ревел се закон, јас за зелениот Вилис употребив Olive Matt (не се сеќавам на кодот), презадоволен сум. Ја најдов случајно во оглас на наш форум и си ја купив од човек во Скопје заедно сосе почетнички ербраш. Треба да купам вакви и јас, но лошо планирам. Треба на време да си порачам како не би ги чекал долго. Од тоа мое нетрпение денес стигнав до овде
Не можам да чекам уште еден ден да барам лак и да го чекам да се суши, па ги опнав деталите кои беа расфрлани по кутии...
трепкачите се од провидна портокалова пластика и им врежав линии од задната страна
вака изгледа без шасија (теписонот и рол барот не се залепени)
еве го со шасијата и со тркала кои се преголеми во обем а со претесен траг
Сега следуваат ситници како што се фарови. штопови, брисачи, ретровизори, резервно
тркало....
Додека ја чекав бојата да се суши, ги направив овие
Тоа се преден и заден браник (по три парчиња) за 2x Willys СЈ-3А и еден СЈ-2А.
Овие се изработени од челик 0.3mm кој многу потешко се обработува од алуминиумот. Позитивна страна е тоа што се леми и целата конструкција е далеку посолидна отколку алуминиумската. За овој проект понатаму....