- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.727
- Поени од реакции
- 120.283
Не знам кај си видел дека се Дортмунд во облаци, баш напротив, моментално се едни од најдобрите во Европа и едни од најскромните. Имаат страшен тренер на клупата, иако доста млад сепак покажува одлични резултати до сега. Јас сум навивач на Интер, а уште од мал си имав по некој фаворит од другиве лиги. Од Германија одамна сум за Леверкузен, не сум нивни навивач туку онака најсимпатичен тим ми се, но во последниве две и нешто години тој тим е Дортмунд. Им се воодушевувам на нивната клубска политика, на залагањето на играчите на терен, на пожртвуваноста, на системот на тренирање, на нивниот тренер, на Геце, Ројс и Левандовски...баерн all the way .... колку и да не ги сакам баварците ќе докажат кој е кој во германија а и време е малку да се спуштат дортмунд на земја.
Баерн е најголемото име во германскиот фудбал, а и во европски рамки и слободно можам да кажам дека е благ фаворит во овој натпревар, но Клоп докажа дека може да ги надигра и најдобрите како Мурињо и Реал, Манчини и Сити, Де Бур и Ајакс.
Очекувам спектакл и фантастичен меч. Гласав за победа на Дортмунд, ќе навивам за нив и поради тоа што ми се најсимпатична екипа и поради тоа што сакам првенството да биде поинтересно. Да не се разбереме погрешно немам ништо против Баерн, напротив, почитувам германски тимови а особено најголемиот германски тим Баерн.
