0.99(9) = 1 !!

  • Креатор на темата Креатор на темата Viktoranius
  • Време на започнување Време на започнување
Ако 0.(3) го множиме со 3 добиваме 0,(9)
0,3(3) * 3 = 0,9(9) запазете бесконечност на двете страни. Множењето е во ред, нема овде префрлање од типот преминува 10, па ќе памтиме 1 за да го додадеме потоа.
А веќе докажавме 0,(3)=1/3.
Па во равенството 1/3*3=1 заменуваме и добиваме 0,3(3) * 3 = 1
Пак заменуваме и добиваме 0,9(9) = 1

Значи не читајте 0,9(9) е еднакво на 1, туку 0,9(9) е 1. тоа е истиот број, запишан различно.

Мала грешка правиш

прво пишуваш 1/3=0.3(3)
а тоа помножено со 3 е 1 а ти 0.3(3) го мешаш со 0.33 и затоа добиваш 0.99
тоест 0.9(9)
 
Дигитронот не се согласува :nesum:

За да добиеш 0,(3) мора да поделиш 1 со 3, и после тоа добиениот резултат помножи го со 3 и добиваш 1. Проста математика, множиш со бројот со кој претходно си делел и го добиваш бројот кој прв си го впишал. :)
 
Решението е 0.(3), шо не е исто со 0,33 или пак 0,333. 0,(3)*3=1, а 0,3*3=0,9, шо е сосема различно. ;)
Прочитај погоре дека е докажано со 3 во периода, односно со 0,3333 добиено при делење 1/3.
Затоа се буниме ние.:)
 
Значи сите учебници, цела википедија не е доволна за ова. Не направив никаква лоша математика.

Според стандарден алгориам за множење, 0,(3)*3=0,(9) - реков запазете бесконечност на двете страни.

Можи и вака да тргниме. Множење на 0,(3) не е можно, затоа што има бесконечен број цифри, а множењето почнува од цифрата најдесно па одиме налево. Поради бесконечноста не знаеме од каде да почнеме. Така, не можеме да го добиеме бројот 0,(9). Или, 0,(9) има периодичност. Како да го запишеме како дропка (со конечни броеви)?

Значи, ако одиме вака, 0,(9) не постои како посебен број, туку постои само 1.
 
Не може да кажеш дека ако еден број е бесконечен во децималите дека не постои.
Како и да е, според мене (и здравата логика) 0,(9) не е исто со 1
 
бибил, џабе им објаснуваш, јас одамна се откажав...имаат цела статија на википедија па нека прочитаат, или во краен случај нека ги прашаат професорите што им се нашколо...
 
Не може да кажеш дека ако еден број е бесконечен во децималите дека не постои.
Како и да е, според мене (и здравата логика) 0,(9) не е исто со 1

ај замисли си 0.9(9). - НЕМОЕШ (до негде моеш и се откажуваш, шо значи немоеш)
од тука следува: ај замисли 0.9(9)=1 - ИСТО ТАКА НЕМОЕШ!!!! :toe:
 
Јас мислам да го викнете Петар Лазов за ви го реши проблемов....

:pos:
 
Ај замислете предмет кој е долг 0.9(9) метри? Можете, не. Бројов е невозможен и не постои во реалноста. Се доближува но никогаш не стигнува до единица, исто како проблемот со жабата која треба да стигне до едно место но секој нејзин нареден скок е дупло пократок од претходниот, значи никогаш нема да стигне до целта. Исто и бројов се доближува до единица но никако да стигне :tapp: Ај замисли си таков предмет во реалноста
 
ај замисли си 0.9(9). - НЕМОЕШ (до негде моеш и се откажуваш, шо значи немоеш)
од тука следува: ај замисли 0.9(9)=1 - ИСТО ТАКА НЕМОЕШ!!!! :toe:
:tapp:
Не значи дека ако нешто не моеш да го замислиш, дека е онака како што другите кажуваат.
Замисли го најголемиот број... НЕМОЖЕШ! Не значи дека ако не можеш да го замислиш дека ако јас речам тој број е 15465411678784641548748484 (итн), дека сум во право.

Математички е глупо да се каже 1=0,(9).
Пологично е 0.(9)
71c9ff25f0c09814847f7b68f43f55ef.png
1, што и е точно:salut:
Over and out
 
Претставете ги двата броја (1 и 0.(9)) на бројна оска, бескрајно зумирајте во оската и ќе приметите дека 0.(9) секогаш ќе се приближува до 1 но никогаш нема да го стигне т.е. да биде еднаков на 1. Така ми кажува логиката, ама може и другово да е точно...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom