„Фрчкоски даде лажна изјава за ДИК!”

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Na ovaa tema ne sakam mnogu da diskutiram poradi eden nas isto taka star forumski prijatel, a ne poradi navodnata vina na Frceto-idniot pretsednik.
ps. kje ojme letevci za spasovden ovaa godina.
Шврчковски НЕМА НИКОЈПАТ да биде прецедник..или јас се лажам...доколку има Македонци..
А ако се сите фиромци..недај боже со СВИТКАНИ КИЧМИ..можеби
А тоа ..наскоро ќе го видиме..сите..
:pipi:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Шврчковски НЕМА НИКОЈПАТ да биде прецедник..или јас се лажам...
А тоа ..наскоро ќе го видиме..сите..
:pipi:
не ми е јасно зошто сеуште не се откажал од кампањата Љ.(Данаиловиќ па Данаилов) Фрчковски
наскоро само официјално ќе видиме инаку победникот одамна е познат
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
не ми е јасно зошто сеуште не се откажал од кампањата Љ.(Данаиловиќ па Данаилов) Фрчковски
наскоро само официјално ќе видиме инаку победникот одамна е познат
На Фрле не му е ни целта да биде претседател, али вие слабо контате па затоа џаба и би објаснувал :)
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
На Фрле не му е ни целта да биде претседател, али вие слабо контате па затоа џаба и би објаснувал :)
Де ...покажи ни го овде твоето „контање„ бреј не-реален човеку..сакам да кажам де!!!
:pipi:
 

realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Де ...покажи ни го овде твоето „контање„ бреј не-реален човеку..сакам да кажам де!!!
:pipi:
Џаба лавче....и да ти нацртам, нема да разбереш.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
На Фрле не му е ни целта да биде претседател, али вие слабо контате па затоа џаба и би објаснувал :)
не бе ти неконташ
ние сконтавме одма уште откако го најавија за кандидат
туку многу почна да се брука во последно време
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Кандидатурата на Фрчко пред комисијата за лустрација?!

Би можеле да постапуваме единствено доколку до нас бидат доставени докази за неговата работа во минатото. Ние не работиме врз база на претпоставки и неаргументирани изјави нема да се земаат предвид. На лустрација ќе подлежат сите кандидати, оние кои ќе бидат избрани, но и оние кои нема да ја добијат довербата од граѓаните, вели претседателот на комисијата Агим Мехмети


Комисијата за лустрација може да поведе постапка во врска со вистинитоста на изјавата на претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчковски, само доколку политичкиот азилант во Канада Јордан Петровски приложи докази. Ова вчера за ВЕЧЕР го потврди Претседателот на комисијата Агим Мехмети. Тој вели дека комисијата за верификација на фактите која има за задача да утврди дали кандидатите за претседателските и локалните избори во минатото биле соработници на тајните служби. Сепак, според Мехмети, пред се треба да се обезбедат услови за комисијата конечно да започне со работа, а потоа да ја испитува веродостојноста на информациите во изјавите на кандидатите.

-Сето она што деновиве се случува со кандидатурата на Фрчковски го следам исклучиво како граѓанин. Ова го велам од причини што комисијата нема услови да започне со работа. Ние ќе постапуваме по изјавите на кандидатите и ќе утврдиме дали во нив ја кажале вистината. Што се однесува до случајот со Фрчковски, би можеле да постапуваме единствено доколку до нас бидат доставени докази за неговата работа во минатото. Ние не работиме врз база на претпоставки и неаргументирани изјави нема да се земаат предвид. На лустрација ќе подлежат сите кандидати, оние кои ќе бидат избрани, но и оние кои нема да ја добијат довербата од граѓаните, вели Мехмети.

Петровски го обвини Фрчковски дека заедно со Томислав Чокревски, Слободан Богоевски, Зоран Верушевски, Сиљан Аврамовски и уште неколку други полициски функционери од идеолошки и политички причини против него отвориле досие под псевдонимот Црни. Петровски тврди дека вршеле тајна контрола на неговиот приватен и деловен живот и врз животот на членовите на неговото семејство. Ова потоа го користеле за нивна дискредитација.

Инаку комисијата за лустрација беше формирана пред изборите. Поради ова таа немаше можност да ја провери веродостојноста на изјавите на кандидатите пред 22 март и доколку кај некој од нив беа утврдени невистини, да бидат спречени да се најдат на кандидатските листи. Тоа ќе може да се реализира пред следниот изборен циклус, односно пред парламентарните избори во 2012 година. Комисијата вчера ја одржа конститутивната седница на која бил донесен заклучок да се испита веродостојноста на изјавите на членовите. Потоа истото ќе следува и за носителите на јавни функции и кандидатите за овие избори. И покрај првичните идеи таа да биде составена од независни експерти, членовите беа делегирани од партиите. Претседателите ќе ротираат на секои шест месеци. Комисијата ќе биде сместена во зградата на МРТВ. Треба да избере генерален секретар. Со работа најверојатно ќе започне во април или мај.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C9275BB00CB8F1489B694DDDDCD1FBB2
 

lav

Член од
17 март 2005
Мислења
1.203
Поени од реакции
13
Џаба лавче....и да ти нацртам, нема да разбереш.
Запамети си..трајно..разбира се :

Овде нит орел ќе лета
нит РОЗА ќе цвета
Само лавче ќе (си) шета..
:pipi:
 
Член од
29 јуни 2005
Мислења
1.284
Поени од реакции
14
Комисијата за лустрација може да поведе постапка во врска со вистинитоста на изјавата на претседателскиот кандидат на СДСМ Љубомир Фрчковски, само доколку политичкиот азилант во Канада Јордан Петровски приложи докази. Ова вчера за ВЕЧЕР го потврди Претседателот на комисијата Агим Мехмети. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C9275BB00CB8F1489B694DDDDCD1FBB2

Da ja vratam temava.
Izjavata na Predsedatelot na komisujata Gospodin Mehmeti me predizvika da gi postiram trite izjavi po povod INICIJATIVATA:

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПЕЧАТ
26.03.2009

Почитувани,


Љубомир Фрчковски нема морален кредибилитет да биде претседател на Република Македонија.
Деновиве во јавноста повторно се актуелизираат сведоштвата кои говорат дека Љубомир Фрчковски ја лажел ДИК и македонската јавност.
Имено г-дин Јордан Петровски во своето сведоштво за дневниот весник “Нова Македонија” и неделникот Фокус претходно, вели “Јавно ја поднесувам иницијативата за проверка на точноста на изјавата на Љубомир Фрчковски дека не бил соработник или наредбодател на службите на државна безбедност од идеолошки причини. Јас тврдам дека претседателскиот кандидат во својата изјава заверена во Државната изборна комисија лаже.”
Петровски во овој текст ќе го обвини Фрчковски за издавање на наредба за негова оперативна обработка и следење, само поради тоа што тој бил член на опозициона партија.
Граѓанинот Јордан Петровски во своето сведоштво, тврди ”Фрчковски во периодот од 1992 до 1996 како министер за внатрешни работи издавал наредби со кои се повредени моите права, гарантирани со Уставот.”
Во истиот текст Петровски тврди дека наредбите за негово следење се давани со наредба и попис на Фрчковски”.
Почитувани,
Фрчковски нема апсолутно никаков кредибилитет да ја врши претседателската функција.
Фрчковски во својот имиџ на ароганција и конфилктност, ниско ниво на комуникација, политичка контрадикторност, додаде уште еден атрибут, прекршител на човековите права.
Ако сведоштавата на Јордан Петровски бидат потвдрени, произлегува дека Фрчковски нема ни законско право да биде носител на јавна функција.
Фрчковски не може да одбегне да даде одговор на ова прашање.





ДО
МЕДИУМИТЕ


Реакција на прес конференција на ВМРО ДПМНЕ


Почитувани,

СДСМ е одговорна политичка партија која нема да се впушта во коментари на конструкции на партиско полициското подземје на ВМРО ДПМНЕ. Ако некој смета дека е прекршен законот, наместо да им служи на грубите предизборни манипулации и конструкции на Груевски и ВМРО ДПМНЕ, треба писмено да се обрати до Комисијата за лустрација која е единствено надлежна да одлучува.

Впрочем, еднаш веќе ВМРО ДПМНЕ грубо го прекрши и го искомпромитира Законот за лустрација во конструкцијата за носителот на советничката листа на СДСМ за градот Скопје, Петре Арсовски. Се покажа дека тогаш ВМРО ДПМНЕ ги фалсификуваше фактите намерно мешајќи ја граѓанската должност да се даде изјава пред надлежни органи, (која патем Петре Арсовски ја дал во полза и одбрана на Ристо Шишков), со наводно досие за информатор. Резултатот од тоа е замолчување на ВМРО ДПМНЕ, кои за таа конструкција ќе одговараат пред Суд.

Сепак, Груевски и ВМРО ДПМНЕ колку и да паничат и да се нервираат не можат го спречат будењето на 550 илјади граѓани кои во првиот круг застанаа зад ПРО ЕУ и НАТО опцијата чии преставник во вториот круг на претседателските избори е токму Љубомир Фрчкоски.

Скопје, 26.03.2009 година

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА



Реакција на писмото на СДСМ

Почитувани "Господа" и Другови од СДСМ, мојата ИНИЦИЈАТИВА за покренување постапка за утврдување на вистинитоста на изјавата на лицето Љубомир Д. Фрчковски кандидат за носител на функција Претседател на Република Македонија , е овозможена со Законот за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција и тоа мое законско право се обидувам да го искористам.

Бидејки Комисијата за верификација на факти нема услови каде да ја прими ИНЦИЈАТИВАТА, така бев информиран од Председателот на Комисијата, Господин Агим Мехмети, бев приморан да ја поднесам ЈАВНО и со тоа да го спречам обидот за манипулација со македонската јавност наречен закон и комисија за лустрација.

Вашето толкување дека им служам на предизборни манипулации зборува за вас и за вашите сваќања за почитувањето на словото на законот и почитувањето на човековите права загарантирани со Уставот . Додуша тоа јас многу добро го знам а ги запознав и властите на Канада, презентирајќи го моето ДОСИЕ, кое вашето полициско подземје го водело во годините кога сте биле на власт. Поводот за отворање на досието, како што сами пишувате е од идеолошки и политички причини и врз база на ДОСИЕТО кое јасно зборува за кршењето на моите човековите права добив ПОЛИТИЧКИ АЗИЛ во Канада.

Морав да ја напуштам таковината за да го заштитам моето семејство од тортурите на вашите подземни служби и воедно да не дозволам да ја исполните заканата упатена во мај 1998 година од вашиот инспектор Кузман Јовановски дека со објавата на текстот “Полиција и Политика” сум ставил печат врз мојата иднина но и врз иднината на моите деца. Се понадевав дека по победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите истата година заканата нема да биде исполнета но надежите беа залудни.

Ги испратив прво децата ,едното 16 годишно, само и кај непознати во САД, второто после косовската голгота –работеше за американската војска како преведувач 14 месеци, за да заработи пари и со 19 години замина за Алберта Канада, и тој сам и во непознато. Кој не поминал пат на бегалец од своето родно огниште и кој не треперел од страв дали и кога повторно ке биде со најмилите ќе зборува дека сум искористен и изманипулиран за предизборни цели. Но комуњарчиња отворете весници од 1998година па до денеска и ке пронајдете преку триесетина текста во кој зборувам за "убавините" кои ги правел вашиот кандидат Лјубомир Д. Фрчковски во име на вашата “демократијата”.

За овие осум години живот во Канада почувствував и видов што е демократија-многу далеку од онаа што го правевте вие.

Уште една многу битна работа: никогаш не сум бил член на ВМРО ДПМНЕ но како Македонец и демократ по убедување сум помагал финансиски и тоа не само ВМРО ДПМНЕ туку и МААК и Лигата за Демократија, сумите кои сум им ги дал на партиите ги знаете, ги напишале вашите “кодоши” во службените белешки во моето досие.

Петровски Јордан
Политички азилант во Канада
 

Kajgana Shop

На врв Bottom