„Т’к-Так Фест“ ја собира македонската рок елита - 29-30.06.2012

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.855
Поени од реакции
11.516
Тријангл Закон! Се надевам ќе дојдам да ги испоштувам.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
uste edna rabota sto mi se svigja e toa sto ke ima i satori za spanje
veruvam ke ima po nekoj kamper:D
 
Член од
17 декември 2007
Мислења
111
Поени од реакции
20
Шо фалеше на стадионот лани ? сега во прашината.....
многу работи, дел од стадионот се руши и е опасен. дополнителен проблем е што е исклучено и електричното напојување. вака се избегнуваат сите мал милион проблеми. игралиштето ќе биде во добра кондиција, па ќе нема никаков проблем со тоа. поздрав
 
Член од
17 декември 2007
Мислења
111
Поени од реакции
20
Седум бендови ќе се натпреваруваат за признанието Трајко Каров

„Т’к Так Фест“ и годинава ќе го шири идеалот на прерано починатата рок легенда Трајко Каров за промоција на рок музиката и младите рок музичари, и тоа не само со настап на македонските рок легенди кои во негова чест ќе бидат дел од првата фестивалска вечер, туку и со промоција на младите бендови кои освен за првите три награди за најдобрите помеѓу нив, ќе се борат и за Гран При наградата Трајко Каров која се доделува на најдобриот тапанар.


Селекционата комисија на фестивалот која и годинава е составена од еминентни македонски музички имиња одлучи годинава во натпреварувачкиот дел кој ќе се одржи на 8ми јуни да настапат рок бендовите „Ептен“, „Night Ride“, „Smoke Shakers“, „PM Band“, „Рок Банда“, „Тони“ и „The Autor“.


Покрај нив, во втората вечер ќе уживаме во настапите на Ди Митров, Мелов и DJ Buli, потоа бендот Визија, кривопаланчаните Вертиго, и ѕвездите на вечерта, македонската рок атракција „Ареа“.


За потсетување, првата вечер ќе започне со настапот на „Тоа е тоа“, свој кам бек на сцената ќе има легендарната охридска група Камелеон, веднаш по нив ќе следуваат настапите на битолчаните БТ Топ и на Сале и С.Р.В. бенд, а првиот фестивалски ден ќе биде затворен со целовечерниот концерт на најславниот кавадаречки рок состав на сите времиња, Токму Така предводен од Бубо Каров.


Стадионот при спортскиот центар „Јасмин“ годинава ќе биде домаќин на македонските почитувачи на рокенрол музиката, кои и годинава ќе имаат можност за кампување во посебно организран кампинг простор кој ќе се наоѓа во склоп на самиот стадион.


Фестивалот ќе се оддржи на седми и осми јуни со почеток од 21 часот, а влезот и годинава е слободен.
 
Член од
17 декември 2007
Мислења
111
Поени од реакции
20
И официјално, плакатот за годинашново издание на Т’к Так Фест кој носи една многу важна промена, која гласи „ЖУРКАТА ПОЧНУВА ВО 20 ЧАСОТ“ П.С. Кажете му добредојде и на Канго
 

Attachments

Член од
3 јуни 2009
Мислења
384
Поени од реакции
408
Се мислам за одење со кола, од Скопје, па ако има некој заинтересиран да делиме патни трошоци, нека се пријави (засега сме двајца).
 

HardRock

Rock n roller
Член од
22 септември 2007
Мислења
71
Поени од реакции
24
И... Како помина фестивалот?
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
spored mene od lani mnogu mnogu poslabo
vo petokot recisi i da nemase narod,a za sabota neznam kako bese :)
 
Член од
3 јули 2012
Мислења
7
Поени од реакции
10
Da, lani bese podobro, poveke luge imase zatoa sto prv pat se odrzuvase i najiskreno prvata vecer lani imase podobra programa, ovaa godina Tokmu Taka samo privlekuvaa vnimanie... Vtorata vecer imase 4 do 5.000 luge, natprevaruvackite bendovi onaka, nemase nekoj bend sto mi ostavi poseben vpecatok, imase spremni bendovi, so dobri prerabotki, ama avtorskata muzika nivna nekako ne mi deluvase svezo. Potoa vo revijalniot del Vizija bea stvarno odlicni, bravo! Vertigo onaka, dobro svirea ama ne mi se dopadna izborot da se sviri komercijalni pesnicki... Area sekako - odlicni kako i sekogas, ama nekako pomalku luge imase na Area, poso kasno bese veke.
 

8_88

888
Член од
7 мај 2009
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.610
Нормално е да има помалку народ кога сите студенти полагаат колоквиуми и испити. Само заради тоа се изгубија барем половина од публиката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom