- Член од
- 20 септември 2008
- Мислења
- 12.774
- Поени од реакции
- 9.902
Тивкиот убиец на Велес смее да заживее. Судот ја отфрли тужбата на граѓаните, екологистите и локалната власт како неоснована. Не даде образложение зошто ги отфрла доказите од бројните истражувања за загадувањата со тешки метали, со кои со децении се алармира на опасноста која ги демне велешани и од воздух и од земја.
„Зелената коалиција“ од Велес и општина Велес го изгубија првиот еколошки судски спор во Македонија. Велешкиот суд попладнето донесе одлука со која ги одби и ги прогласи за неосновани нивните барања, државата да ја дислоцира депонијата со згура и троскот која е веднаш зад Топилница. Да се обврзе да ја исчисти од тешките метали, олово, цинк и кадмиум загадената почва до 60 центиметри длабочина во нејзина близина и државата да се обврзе дека никогаш повеќе нема да дозволи да проработи велешка Топилница.
Судијката Билјана Јачева не ги соопшти причините за ваквата одлука. Таа рече дека ваквата пресуда ќе биде објавена на огласната табла во судот во Велес и дека во писмена форма ќе им биде доставена на тужителите, односно на општина Велес и ан „Зелена коалиција“.
По соопштувањето на одлуката, првичната реакција на претставниците на „Зелената коалиција“беше дека тие не се поразени, но и дека се изненадени од ваквата пресуда на судот.
извор-Канал 5