„Тивкиот убиец“ на Велес може да работи – судот ја отфрли тужбата на екологистите

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Локација
Скопје,2014-та
Тивкиот убиец на Велес смее да заживее. Судот ја отфрли тужбата на граѓаните, екологистите и локалната власт како неоснована. Не даде образложение зошто ги отфрла доказите од бројните истражувања за загадувањата со тешки метали, со кои со децении се алармира на опасноста која ги демне велешани и од воздух и од земја.

„Зелената коалиција“ од Велес и општина Велес го изгубија првиот еколошки судски спор во Македонија. Велешкиот суд попладнето донесе одлука со која ги одби и ги прогласи за неосновани нивните барања, државата да ја дислоцира депонијата со згура и троскот која е веднаш зад Топилница. Да се обврзе да ја исчисти од тешките метали, олово, цинк и кадмиум загадената почва до 60 центиметри длабочина во нејзина близина и државата да се обврзе дека никогаш повеќе нема да дозволи да проработи велешка Топилница.

getImageThumbnail.axd


Судијката Билјана Јачева не ги соопшти причините за ваквата одлука. Таа рече дека ваквата пресуда ќе биде објавена на огласната табла во судот во Велес и дека во писмена форма ќе им биде доставена на тужителите, односно на општина Велес и ан „Зелена коалиција“.

По соопштувањето на одлуката, првичната реакција на претставниците на „Зелената коалиција“беше дека тие не се поразени, но и дека се изненадени од ваквата пресуда на судот.

извор-Канал 5
 
НЕ!!!!!! :mad: :mad: :mad:
Тоа би било КАТАСТРОФАЛНО за Велес и Велешани! МОРА НА ПРОТЕСТИ!
 
А бе ќе дојде некој ко на слепци да ни подаи рака да се испраиме и очоечиме да се отргнеме од беда и сиромаштија, ќе ни понуди парче леб и платичка и ние одма правец на суд!!

Ај нека екологистите вработат бе луѓе, нек екологитите задвижат стопанствиото во Велес, нек му даваат плата, пензиско и здравствено на работниците и семејствата... Екологиоисти порано немаше, не постојеа како категорија али ко се распаѓаше комунистичкио блок тие комунистите напраја свои специјални единици и ги остаја по државите под назив “екологисти“ со цел да прават пометња и немир меѓу народо за да му помогнат на комунистите пак да се вратат на власт. Екологистите само бараат и никогаш не се задоволни, само ја кодошат сопствената власт и татковина, де не чинел воздухо, не чинела водата, почвата, не чинеле фабрики, камиони, автобуси, термоцентрали, состојките во храната, бојата на лебот.... нив ако ги слушаме треба сите да ојме да живееме во пештери и јадеме бобинки за ручек. Само бараат пари за некакви безвезни проекти а всушност со тоа сакаат да ја исцрпат државата за да умри ко шо зацртаа Маркс и Енглез во своето дело Капител дека државата мора да умри и дека религијата е ракија за народот.
Тоа се безбожници, антихристи и комунисти и не треба да се слуша нивната пропаганда.
 
Бог нека им е на помош на велешани.

Зошто не се собереме и заедно ја разнесеме таа топилница еднаш засекогаш ?

Факт е тоа дека оваа држава исто како и претходната социјалистичка држава која ја изгради топилницата, ги сака парите, најсигурно ќе им издадат на новите сопственици дозвола од А категорија за да ја рестартираат топилницата, се додека таа топилница постои, ќе има кој да ја рестартира, единствено решение за овој биохемиски геноцид е рушење на таа топилница.

Работава, 30 години активно постојано труење, 10 години пауза со постојано труење, па потоа повторно активно постојано труење, а здравјето на велешани е на последно место.

Не, да се поправам, здравјето на велешани воопшто не е на листата на приоритети и на работи на кои треба да им се обрне внимание.

Девет години се влечкаа низ судовите, за да се вратат на почеток.

Но тоа не е важно, ние сме во Скопје, имаме поважни маки, каде вечерва на прошетка, на кафе, утакмица, кладилница, спортска прогноза, журка, парк, за волја на вистината и ние го имаме Охис, ама тој е во Кисела Вода, ем не работи со полн капацитет, ем не го труе масовно цело Скопје.

Колку себична, арогантна и самобендисана нација се најдовме да бидеме, тоа е чудо невидено, воопшто не излеговме во знак на поддршка кон велешани, знаеме да плукаме по Скопје 2014 бидејќи бил кичерајски проект, бидејќи не сме сакале да се наполни плоштад Македонија со непотребни градби, но воопшто не мрдаме ни со мал прст за да им излеземе во пресрет на нашите сограѓани од останатите делови на Македонија, молчевме и сеуште молчиме и воопшто не им излегуваме во пресрет на земјоделците, лозарите, тутунарите, сточарите, но добро сега, тие се соочуваат со економски проблеми.

Но што е со Велес и велешани ?

Освен со економски и социјални проблеми, Велес и велешани се соочуваат и со еколошки и здравствени проблеми, а ние молчиме и воопшто не им излегуваме во пресрет.

Блазеси ни, што нација се најдовме да бидеме.

Уште еднаш ќе кажам:

Бог нека им е на помош на велешани.
 
После ќе речат дека донесле закон против пушење оти државата ги сака многу граѓаните. А бе нека си ебат матер го иструјаа народот во Велес.
 
А бе ќе дојде некој ко на слепци да ни подаи рака да се испраиме и очоечиме да се отргнеме од беда и сиромаштија, ќе ни понуди парче леб и платичка и ние одма правец на суд!!

Ај нека екологистите вработат бе луѓе, нек екологитите задвижат стопанствиото во Велес, нек му даваат плата, пензиско и здравствено на работниците и семејствата... Екологиоисти порано немаше, не постојеа како категорија али ко се распаѓаше комунистичкио блок тие комунистите напраја свои специјални единици и ги остаја по државите под назив “екологисти“ со цел да прават пометња и немир меѓу народо за да му помогнат на комунистите пак да се вратат на власт. Екологистите само бараат и никогаш не се задоволни, само ја кодошат сопствената власт и татковина, де не чинел воздухо, не чинела водата, почвата, не чинеле фабрики, камиони, автобуси, термоцентрали, состојките во храната, бојата на лебот.... нив ако ги слушаме треба сите да ојме да живееме во пештери и јадеме бобинки за ручек. Само бараат пари за некакви безвезни проекти а всушност со тоа сакаат да ја исцрпат државата за да умри ко шо зацртаа Маркс и Енглез во своето дело Капител дека државата мора да умри и дека религијата е ракија за народот.
Тоа се безбожници, антихристи и комунисти и не треба да се слуша нивната пропаганда.
Те молам, доколку не живееш во Велес да не зборуваш вакви работи, ние си знаеме овде како ни е и како беше. Дали знаете колку ретардирани деца се раѓаа по болниците? Дали знаете дека сеуште има последици од неа иако е затворена?
Мене во мојот живот ми е многу поважно да родам здраво дете отколку да имам работа во Топилницата, а верувам и на сите други Велешани. Никој несака да има дете од оние со разни синдроми со монголски фаци.

Додека постои некој што ќе живее во Велес нема да се дозволи да биде отворена!!! Ако сакаат нека имаат и 10 дозволи за рестартирање! Бидете сигурни во ова!
--- надополнето: Oct 28, 2011 3:20 PM ---

!!!!
 
Абе кој дозволил овој тивок убиец воопшто да биде изграден во Велес???
 
Абе кој дозволил овој тивок убиец воопшто да биде изграден во Велес???

Во тоа време тие што се противеле, на Голи Оток ги праќале.

Се надевам дека нема да почне со работа топилницава.
 
Позади 7 планини, 7 мориња, 7 реки ,7 пустини и 7 езера си живееле едни Македонци.Еден ден се разбудиле и си рекле:
Па пичка му мајчина, кај живејме ние?

Ако не па и отпадот од Чернобил и Фукушима да го земиме кај нас.Мал е бројот на деца родени со аномалии во Велес ,да го зголемиме малку.:mad:


Почвам дам ислам дека нашава влада е дел од тие теории за заговор ,за намалување на човечката популација.Еве, за почеток со Велес.(n)
 
Абе кој дозволил овој тивок убиец воопшто да биде изграден во Велес???

Кој и да е, се надевам дека и тој живеел во Велес и неговите деца, во времето додека работеше топилницата...
 
Ова никако несмее да се дозволи. Зборев со една докторантка што работи на испитување на тешки метали во почва ми кажа дека Велес бил репер во светот за најголемо загадување од олово.
Се надевам дека некој ќе се освести и ќе реагира. :(
 
Кој и да е, се надевам дека и тој живеел во Велес и неговите деца, во времето додека работеше топилницата...
Тешка работа брат, тој гарант си го прчел на Кнез Михајлова у Београду, мислим дај човече, јел знаш шта ти то причаш, па то је братство и јединство...
;)

Иначе мене и за Макстил ме интересира до кога ќе загадува по Скопјево.
 
нема освестување кога се работи за профит...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom