„Спасување“ податоци при изгубени партиции или расипан хард

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Принудно ја отварам оваа тема, пошо ми треба хитна помош, а изгледите не се на добро. Исто така би искористил прилика и за упат на останатите членови во спасување на податоци од кркнат хард или изгубени партиции.

Имено, ако се појави некој бед сектор на некоја клучна локација на хард-дискот што би можела да ги содржи податоците и офсетите на партициите, тогаш имате сериозен проблем со изгубени партиции и навидум невалиден фајл-систем. Патетичниот лек овде е репартицирање, форматирање и ОС на ново.
Постои програмче, наречено R-Studio кое е направено специјално за оваа намена. За линкови конретни и кракови, погодувате веќе, не наведувам. Користете гугл. :)
Спасувањето на податоци при ваков или сличен дефект иде вака:
- Се трга пациентот хард-диск и се монтира на здрава конфигурација како друг хард-диск.
- Се покрева тој систем, се става R-Studio, и се скенира.
- Програмчето работи дури и ако партициите воопшто не се пријавуват. Тој ќе ги пронајде.
- Ставате рикавр, одбирате дестинационен директориум, и во зависност од типот на оштета и избегани офсети, постапката може да трае од 1 час до 2 дена :).

Е сега јас да прашам: Имам моментално пациент хард-диск со изгубени партиции. Имено првин беа 40:80 а сега мистериозно се сменети на 3:8:100. Бељата е што има еден куп корисни податоци и репартиционирање и формат е аут оф куесчн. Уште по беља е што е лаптоп и хард-дискот е од посебен калибар.
Ајде сега инфо? Дали има начин, преку бутабл диск нешто да се направи или пак овој хард-диск (SATA инаку) да се поврзе на некој рак, дали на USB или на некој друг интерфејс кон друг компјутер, и од таму да се среди целава работа.

Ајде брзо :)
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Хард од лаптоп без проблеми ке си работи ако го штекнеш у ПЦ како и секој друг најобичен хард, така да моеш да го пуштиш R-studio и да фура, мада ке трае многу долго пошто ке врти на 5400 вртежи. Ако проблемот е до тоа.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ако сакаш побрзо да биде, во изборникот на програмот селектирај ги само типовите датотеки што ти требаат..текстуални датотеки, слики...за видео материјалите ич не се мачи да ги бараш најверојатно нема да бидат целосни.
Сум го јал тој стап:toe:
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Ова:



и ова:



не знаев дека се исти... :kesa:

Пичам сега кај комшијата, и пробувам.
 

Negatifo

...keep Jazzing...
Член од
25 мај 2005
Мислења
180
Поени од реакции
4
Колку што разбрав од проблемот опишан погоре, се што треба да направиш е да бутираш со Hiren's Boot CD и да ја активираш програмата во MBR tools -- Partition Table Doctor 3.5 , при првото активирање на програмата ке ти каже дека имаш проблеми со партициите ќе ти даде 3 избора ке избереш Auto и ќе ке ги поправи партиците за секунда , после тоа можеш да направиш и Rebuild на MBR и си готов.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.194
Поени од реакции
18.007
R-studio ќе ти спаси се, освен местата што имаат bad sector.
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
106
Средив работа :)
R-Studio rulez!!!
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
дали е можно да се смени плочката на хард дискот што е од долу пошто цркна и има дупка на еден чип
 

Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Може, само треба да најдеш ист таков хард диск и да ја извадиш од него. Ама тотално ист!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom