Споредбава, како што многумина се сложија, е во најмала рака наивна.
Четири измислени филмски ликови во американска серија немаат врска со реалната ситуација на нашево поднебје.
Ако веќе сакаш да повлекуваш паралели, соодветните македонски ликови на нашиот „Сексот и градот“ споредбено со американскиот би изгледале вака:
Кери, нескротлива и независна
-->Стојанка, уфилмана, дигната студентка на новинарство.
Миранда, кариеристка
-->Петранка, која работи 15 саата дневно за 200 евра плата, па нема време за љубовен живот.
Шарлот, во потрага по принцот на бел коњ
-->Десанка, искомплексирана, веројатно грда, се теши со тоа дека никој не е доволно добар.
Саманта, промискуитетна
-->Силвија, маалска дроља која живее под мотото „К*р по к*р - бунда.“
Дакле, бесмислено е да се споредува неспоредливото.
Друга работа, жените не се соло затоа што сакаат да им шета газот или да бркаат кариера, туку затоа што немаат баш и нешто избор.
Тие просечните не се доволно добри за мажите, тие добрите се премногу пребирливи, па дур се свестат, отчукал 5 до 12 биолошкиот часовник.
Сепак мислам дека кај нас најзастапени се тие што се мажат колку да се мажени и да не бидат сами, па да пукне брука дека не ги бива или дека се, недајбоже, лезбејки. :nesvest: