„Сексот и градот“-зошто се повеќе жени избираат да бидат соло?

ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
173
хм интересни дилеми отвара ова...

јас би рекол најчесто соло се момите не поради некој нивни избор...да можеле да изберат сигурно не би биле соло, него одговорот е во последиците од субјективните стандарди на момата.

На времето, додуше во Преспава моја и сега, се вика не се мажиш до 30 создравје да си го носиш...колку и да ја одбегуаме оваја народна досетка таа е актуелна и денес. Јас мислам барем по некои шо ги знам дека всушност таквите моми копнеат да не се соло само нивното его дека не ја завршиле работата навреме се надвиснува трендовски во општествово и испаѓаат алиби од типот на кариера, нема вистински избор, индувидуалност наглесена зачинета со модерно време...итн итн.

Еве ви еден пример малку да се насмееме....
една девојка високо образована , прилично згодна да речам тогаш на околу 30 + години од х причини не застанала на лудиот камен и сега што се дешава.....Од генерацијата таа и ден денес изгледа најмладо , најсекси..едноставно споредено со нејзините школски таа е како девојче.
Друагарки и по 2-3 деца, фабрика , работа, бавча..оваја не...онака примадона..секој маж би ја легнал , ама не би ја ставил домаќинка да му биде. Шо знам некој и да се намислил да и пријде од тука сигурно се откажал поради ај да речам транспарентно доминантниот индивидуализам нејзин ...е арно ама нашиве од странство , беќари по некоја случајност решиле да и пријадат да ја побараат ажена..демек да ја куртулат од Македонијава...
хахаххаа и иде едно бате постар од неа за 3-4 години онака дрско ( мисли дека има некоја данска круна вишок) а прилично попрост од неа и вика ``размисли да пробаме да живееме заендо, да те земам Данска``..ова она........типката за да не го увреди дирекно дека не и ги исполнува нејзините стандарди ( јас сум сигурен и таа не си ги знае) му вика...``извини ама не се гледам јас во данска..многу е далеку``. Типов разбрал шо сака да каже дотичната и враќа во стил, оној див стил а во исто време и досетлив, и и вика...``размисли ти убо шо ти викам , в година на лето кога ќе дојдам и Нов Зеланд блиску ќе ти е!`` ))))))))))))))))))))))))
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Ме изнасмеа со темава, искрено.
Ситуацијата во реалноста (во Македонија) е светлосни години оддалечена од Сексот и Градот. Жените кај нас не избираат да бидат соло, туку се соло зошто немаат избор!
Не сакам да кажам дека нема мажи во градов, т.е во државава, да, има, ама на многу девојки им е тешко да си најдат компатибилен партнер. И обратно.
И ова е стварно смешно(!) да се споредува реалноста со четири девојки, поточно филмски ликови, од кои едната-Кери има дечко во 5/6 од епизодите, а заљубена е во СИТЕ епизоди, и ИМА избор со кого да биде. Миранда.. мислам, ало. Колку македонски девојки, во време на невработеност и беспарица можат да направат бесна кариера и да немаат време за дечко? Многу малку. Шарлот, значи цели сто сезони е опседната да се мажи, и никогаш не избира да биде соло, а девојките како Саманта верувам дека не се ни приближуваат кон просечното македонско девојче и затоа нема да ја коментирам.
Ниедна жена не избира да биде соло, туку солирањето е последица што од неуспешни врски, што од неуспех во пронаоѓање одговарачки дечко. Не постои таков феномен на девојки што порадо би биле соло отколку во врска. Барем не кај нас. Мит е ова. :Р
 
Член од
21 ноември 2008
Мислења
1.157
Поени од реакции
18
zatoa sto ednostavno ima mnoguuuuuuu malce maski sto zasluzivaat da imaat devojki:toe::helou:
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
А уствари од каде ова дека се повеќе девојки бираат да бидат соло у Македонија?
Зашто ја не познавам таква што сака да биде сингл?Или еве дечко да речеме што сака да биде сингл(да де неверојатно е ама ај да не делам :))
Се што излегло на филм не е вистина,особено не у Македонија :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Во Скопје се повеќе жени избираат да бидат соло затоа што изборот на мажи е ублажено кажано - ОЧАЕН. Не сакам да навредам некого, ама сериозно - нешто им мрчев на другарките кои се долго без дечко дека треба да најдат некој, и тие ми ги отворија очите. Стварно фалат здраворазумни, симпатични мажи во градов:)
Или тоа или жениве премногу се ситничари, па чекаат секоја ситница во животот да им се среди за да се мажат...

Ке да е од ова второво јас мислам. А додека паметните се мислат, будалите си го проживејаа животот (гледајте ја рекламата на Гвујо за многудетно семејство има поучна поента) со девојки земени од Албанија и Мала преспа. Па ке немало момци... е ке нема, кога ви се носевите до таван дигнати!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Еве, јас и со 3/4 од критериумите би се задоволила... Не мора 23 да биде:)
...Михаил пресметува...


ххуурраајјјј Ај кен фит ин дат..ивен мор :wink:


Е сега во однос на ликовите од “сексот и градот“, мене ми е смешна споредбата на приказната од серијата и реалната ситуација, бидејќи кај сите 4 типови на жени..проблемот лежи во нив, а не во мажите. (Зборам за серијата)

Не е проблемот “недостигот“ на вистински мажи, туку можеби сопственото преценување и целење кон некои детинести идеали за тоа каков би требал да биде партнерот.

Секој си има компатибилна душа во спротивната страна и тешко е да се генерализираат индивидуалните причини.

Бидејќи истите се губат во оној момент кога ќе си најдете дечко, а повторно излегуваат на површина кога ќе ви треба изговор..зашто не ви успеала врската и зошто сте сами.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.301
Поени од реакции
2.360
Да ви кажам, порано не стигнав да ја гледам серијата. Пред некое време оваа серија ја репризираа на Канал 5, па можев да се уверам во многу работи поврзани околу серијата, и како таа влијаела на мојот живот. Неверојатно е во Македонија, колку медиумите имаат влијание врз изборот и донесувањето на одлуките во животот кај македонските граѓани.

Значи имам веќе две искуства кои многу ме асоцираат на темава:

Првото: Одев со една девојка, и раскинавме. Сето тоа е ОК, но од кога почнав да ги гледам оваа серија, за која ми кажа дека и била омилена, онака наеднаш ми светнува дека Кери е нејзин идол, и прави се што можи да го живее нејзиниот живот се разбира само во македонски услови. Значи посетување строго на најдобрите места и ресторани во градот, одење на јога, имање на другари и другарки (педери и лезбејки), одење на викенд по туристички места и секако женско друштво во кое се излегува и се зборува за секс, ... (немате појма, колку работи се слични).

Второто: Мојот најдобар другар има девојка веќе долго време, која има исто така женско друштво и во кое се зборуваат истите муабети. Е сега работата е што, тие толку многу си кажуваат за својот личен живот што за мене тоа е неверојатно. Е сега женската му кажува се на другар ми, а тој ми кажува пак мене, се разбира за другите, не за женска му... И после определено време, едната од нив, многу се попалила по мене, и онака храбро ми се пушта, доаѓа во стан кај мене ненајавена, глуми лудило пред мене дека сака сериозна врска, и исто така глуми нешто налик на мирна девојка. Да не беа муабетите со другар ми кизнје и што ќе беше, така да на старт за да видам што ќе се случи и пуштив намерно малку водичка. Наредна слика, доаѓа другар ми кај мене на гости и ми ги кажува сите детаљи од средбата, муабети, кој иако јас бев присутен тешко дека би можел да се сетам.
Едноставно и инстинктивно раскрстив со девојкава, мада и до ден денеска сеуште ме бара на моб...

Значи не мора да се живее оној македонски живот, класична домаќинка, но не мора да се прифаќаат во буквален смисол сето она што го сервираат и американските режисери. Не можам сеуште да си разјаснам, како некој може, во многу подолг период да живее, како некоја личност од некоја серија :tapp:

П.С. А и не ми се верува дека немало соодветни машки по градовите во државата, едноставно ако избирате на начин како што избираат и главните ликови од оваа серија, на крај ќе се заврши како и нив. :baeh:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Стварно фалат здраворазумни, симпатични мажи во градов
Не недостасуваат, ги има здраворазумните и симпатични мажи, туку проблемот е што немаат пари. :wink:

Без дилема, “Сексот и градот’’ е можеби најглупавото нешто што сум го гледал досега. Треба да си тотална кретенка за да го подесуваш животот според животниот стил на ретардираните сојки од таа серија. Изгубено време, барем некоја книга да си прочитав наместо таа фантастична глупост да ми го труе умот.
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
Ајде...бидејки Македонија е држава на експерти, и јас малку ке се правам експерт на оваа тема:vozbud::pos2: и ке се обидам да одговорам

Проблемот кај македонските момци и девојки е многу случен на оној од Сексот и градот(барем според мене). По некои мои сознанија за серијата, Саманта има 49 љубовници а Кери само 25. А тука негде се и Миранда и Шарлот.
Ајде сите што се жалите на мажите и жените во Македонија, кажете со која бројка можете вие да се пофалите? На едниот (кандидат) му фали ова, на друг она, на трет она..... секој си има свои маани...а кога има многу избор, не знаеме што да избереме...
Сите девојки го бараат совршениот партнер, а кога ке го најдат, сваќаат дека и тој ја бара совршената...:baeh:
Прашајте некои постари луѓе да ви кажат порано како се мажеле/женеле?
Немале никаков контакт пред брак...дури не се ни знаеле...па сите што така стапиле во брак, скоро никои не се развеле. Не го чекале принцот на бел коњ...:pos2:(од коњот правеле свој принц):pos2:мала шала...:kesa:

Немале време да прават своја кариера, семејството им било најважно, децата...

А за нимфоманките немам коментар... никогаш нема да ги разберам

Па и ние денес сакаме преку леб погача...


И доста зборував за жените, ајде малку и машките на тапет... Денес многу, ама многу тешко се наоѓа машко од кое ''ќе испадне добар маж''... повеќето како исти да ги правел...(секоја чест на исклучоците)
 
Член од
24 септември 2008
Мислења
450
Поени од реакции
14
А уствари од каде ова дека се повеќе девојки бираат да бидат соло у Македонија?
Зашто ја не познавам таква што сака да биде сингл?Или еве дечко да речеме што сака да биде сингл(да де неверојатно е ама ај да не делам :))
Се што излегло на филм не е вистина,особено не у Македонија :)
Факт дека не вистина се што ќе излезе на филм. Но еве јас сакам да сум сингл. И тоа нема никаква врска со некаков си филм. Едноставно си ја сакам слободата и не сакам најубавите години во животот да ги поминам во врска. За врски и сериозни ствари има време.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Во Скопје се повеќе жени избираат да бидат соло затоа што изборот на мажи е ублажено кажано - ОЧАЕН. Не сакам да навредам некого, ама сериозно - нешто им мрчев на другарките кои се долго без дечко дека треба да најдат некој, и тие ми ги отворија очите. Стварно фалат здраворазумни, симпатични мажи во градов:)
Дефинитивно се согласувам:kesa:
 
Член од
21 декември 2008
Мислења
171
Поени од реакции
5
Ne ne nikoj ne seka da bide sam toa e samo izreka... mozebi prinuden/a si da bides sam bidejki i ti baras sovrsenstvo ili princ na bel konj ;)
 
С

Сатори

Гостин
јас би рекол најчесто соло се момите не поради некој нивни избор...да можеле да изберат сигурно не би биле соло
Ова е најпаметната работа која што ја прочитав на темава.
Никој не сака да биде сам по избор, зошто никој не бира да биде сам.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
524
Можеби женската има избор, ама не и се допаѓа изборот што го има и сепак се одлучува за опцијата соло:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom