„Рамбо“ спасил 27 Американци од македонскиот Див Запад

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Кандидат за конгресмен се фали дека спасил 27 Американци од македонскиот Див Запад
Политичарите многу не се разликуваат во светот, без разлика на развиеноста на демократските традиции. Така изгледа барем по лажењето.
Глен Нај од државата Вирџинија, новиот херој на американскиот конгрес, со сите сили ита кон Вашингтон, користејќи ја и Македонија.
Овој млад политичар си нарачал статија насловена „Ниеден Американец нема да биде оставен“, во која безмалку е опишан како Рамбо, кој сам спасува 27 американски државјани од завојуваните места во западна Македонија во март 2001 година. „Нова Македонија“ ги проверуваше неговите наводи. Станува збор за измислен настан, кој многу личи на кризата во Арачиново од август 2001 година. Неколку пати контактиравме и со неговиот изборен штаб, испративме и електронска порака, но одговорот беше секогаш ист: „Ќе добиете одговор за неколку дена“.


Херојот во акција


„Македонија март 2001 година. Само што американската амбасада беше нападната од толпа што фрлаше камења, итна порака беше испратена до маринците да нè заштитат. Истовремено, американските граѓани што беа во западна Македонија се најдоа загрозени од вооружените герилци, кои поставија и контролни пунктови по патиштата. Голема група Американци беа заглавени меѓу две села во северозападна Македонија. Телефонските врски беа прекинати. Тогаш Глен се досети да им се јави на локалните политичари и со нивна помош да ги идентификува сите Американци“, пишува во статијата објавена на интернет-страницата на Глен Нај. Тој нашол храбар возач на автобус, кој требало да појде меѓу овие две села и да ги евакуира Американците.
„Глен воедно преговараше и со локалниот градоначалник, кој го имал единствениот автомобил во тие краишта. Лично Глен го возеше автомобилот со кој до автобусот пренесе постара американска брачна двојка“, пишува во статијата.
Според Нај, останал уште еден проблем. Герилците киднапирале еден американски државјанин. Иако Стејт департментот имал политика да не преговара со терористи, Глен ја презел најголемата одговорност во заложничката криза. Преговарал со герилците и тие му дозволиле да разговара со заложникот. Така го утврдил неговиот идентитет и го информирал неговото семејство во САД.
„Притисокот се исплатеше. Глен доби повик и му беше кажано дека герилците ќе го ослободат заложникот. Тој потоа се јави во Црвениот крст и ги замоли да го преземат заложникот. Американскиот државјанин по медицинскиот преглед, беше испратен дома, каде што му се придружи на расплаканото, но сега спокојно семејство“, завршува статијата.


Извитоперена копија нанастаните во АраЧиново?


Од амбасадата на САД вчера само ни потврдија дека Глен Нај навистина работел таму во 2001 година. Иако не можеа да се сетат на некаков напад на амбасадата во март 2001 година, не сакаа да ги потврдат или демантираат наводите во статијата.
Горан Митевски во тој период беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Тој имал постојани контакти со вработените во американската амбасада.
- Не сум се сретнал со тој Нај. Мислам дека описот на настаните во статијата личи на Арачиново од август 2001 година - вели Митевски.
Кризата во Арачиново почна набргу по акцијата во Љуботен, кога Џезаир Шакири, алијас командант Хоџа, и неговата група од ОНА се вовлекоа во селото. Жителите набргу го напуштија, а безбедносните сили го ставија Арачиново во обрач. Хоџа и неговите се закануваа дека со минофрлачи ќе удрат по Скопје, по што следуваа хеликоптерски, артилериски и пешадиски напад на селото. Во зенитот на кризата, се ангажираа странските претставници, најмногу од амбасадата на САД. Во хотелот „Белви“ беше договорено припадниците на ОНА да бидат извлечени од селото во климатизирани автобуси и со своето оружје, што предизвика силен револт кај околното население и жестоки протести пред Собранието.
Припадници на полицијата што влегоа во селото најдоа 18 американски државјани со дипломатски пасоши. Се испостави дека се тоа пензионирани воени лица од приватната воена организација МПРИ.
- ЦИА жестоко реагираше на оваа акција бидејќи сметаше дека Македонците ќе се побунат, што и се случи. Но преовладеа мислењето на американската воено-разузнавачка служба, за која најверојатно работел и Нај - вели висок поранешен владин функционер, кој учествувал во овие настани.
А што би рекле на ова противкандидатите на Нај во кампањата?


ИЗВОР
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Писмо со деманд само до медиумот што ова го издал,а џабе се сите јавувања во изборниот штаб на “херојот“ кој се посра во Арачиново.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Случката е вистинита. Кој веруе, веруе, кој не, нека си крои теории за заговор. :)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Leave No Americans Behind...all i can read is...I'm a male prostitute who want's to work in the white house, i heard they pay up to 100$ per blowjob...i will suck every sigle cock in that house just to get in.
 

Ѕвер

Перфекционист
Член од
4 јануари 2006
Мислења
2.223
Поени од реакции
28
Случката е вистинита. Кој веруе, веруе, кој не, нека си крои теории за заговор. :)
Секоја чест, ги извадил од канџите на крволочните терористи.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Случката е вистинита. Кој веруе, веруе, кој не, нека си крои теории за заговор. :)
Вистина е ова. Еве еден од Македонците од кој бил нападнат...


А еве го Глен одкога ги избави Америте од најлошиот пекол на земјата....

 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Дрн дрн јариња. Се знам лично со братот на типов. Голема ѕверка е во Унмик (барем беше до пред 2 години). Сум бил кај него дома, сме седеле, и сум бил сведок на работи што очигледно вие децата не сте баш спремни да ги проголтнете. Случката е вистинита, тоа знам да ви кажам...


Зевсус, ти текнува на маичката што ти зборев дека е подобра од твојата? :)
 
H

HITCH

Гостин
Абе кој имал само една кола?!?! Не е нормален ако во Скопје нема коли за друго и да не правам муабет...... А инаку јака финта ........ Нека гледаат нашиве политичари и нека учат ВАКА СЕ ЛАЖЕ ........... КОГА ЛАЖЕШ ЛАЖИ СО СТИЛ..... БРАВО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ ВАКВИ ПРИКАЗНИ БРАВО
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Абе кој имал само една кола?!?! Не е нормален ако во Скопје нема коли за друго и да не правам муабет...... А инаку јака финта ........ Нека гледаат нашиве политичари и нека учат ВАКА СЕ ЛАЖЕ ........... КОГА ЛАЖЕШ ЛАЖИ СО СТИЛ..... БРАВО СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ ВАКВИ ПРИКАЗНИ БРАВО
Див запад напишале погоре... ти текнува no cars no anything.
 

Joakim

Skopjanecot
Член од
17 јули 2008
Мислења
534
Поени од реакции
71
Писмо со деманд само до медиумот што ова го издал,а џабе се сите јавувања во изборниот штаб на “херојот“ кој се посра во Арачиново.
Наместо писмо со демант до медиумот што го издал, ми се чини попаметно е да се наоружа со информации противничкиот изборен штаб за ‘‘херојов‘‘ да може да се посере по втор пат.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Глупости...
Черчил своевремено рекол кога најмногу се лаже.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
Наместо писмо со демант до медиумот што го издал, ми се чини попаметно е да се наоружа со информации противничкиот изборен штаб за ‘‘херојов‘‘ да може да се посере по втор пат.
И тоа е добра идеја,да се каже како преговарал со “одредени власти“ за да спаси неколку пензионирани песови на војната кој за пари обучуваат терористи и создаваат конфликти,а кога ќе бидат фатени “цмиздрат“ како мачки во вреќа.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Туку... што рекол Силвестер Сталоне за сценариово, на него се чека не`?
 

Smoke_a_lot

НЕСОПИРЛИВ
Член од
16 март 2008
Мислења
707
Поени од реакции
63
Сите знаат што се случи во Арачиново,така да нема причина да се измислуваат приказни за мали деца.Го сардисавне Арачиново,само се чекаше збор од Б. Трајковски(нека гори во пеколот) за да го ослободат од албанските герилци,но дојдоа американските автобуси и ги спасија герилците од егзекуција....Simple like that.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Не читате убаво :). Никаде не пишува дека македонци ги тероризирале американците. Никаде не пишува кои села, и никаде не пишува дека е Арачиново :). Бидете малце објективни, прочитајте го пак, и верувајте, се случило ова :):) ама ај нека ви текне.

П.С има преувеличување и правење на Рамбо стил мадафака, ама вистина е :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom