„Појави“ на Богородица, Исус и др. низ светов

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Снимиле чудо: Богородица им го излекувала детето од леукемија


 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Чудо на ВЕНЧАВКА ВО СТРУМИЧКО
"Божјо око" ѕирнало од венчален прстен

Необично се почувствував во моментот кога ја насочив камерата врз венчалниот прстен на невестата, поставен врз Светото евангелие. Како да ми помина некоја топлина низ телото. Во екранот од камерата забележав како внатре во обрачот на прстенот се појавува око со сина боја, раскажува Ристо Христов, снимателот на венчавката во црквата во струмичкото село Раборци. Тој почекал свештеникот да заврши со церемонијата и потоа го повикал да го види чудото.

Настанот се случил во неделата на 10 овој месец околу 18.30 часот во црквата "Свети Кирил и Методиј", за време на церемонијата на светата венчална тајна. Снимателот на Фотостудио "Мендо" од Струмица прв го забележал необичниот настан и го прокоментирал со својот колега-фотограф.

- За чудото, ако може така да се рече, дознав околу 19 часот, кога светото тајно венчавање беше завршено. Снимателот ме викна и ми рече да погледнам во екранот од камерата. Погледнав и гледам прстен-бурма. Во него забележав нешто необично, кое личеше на сенка. Помислив дека е некој отсјај од прстенот. Снимателот ми рече да погледнам уште еднаш и ме праша дали не верувам во она што го гледам. Уште еднаш убаво погледнав и внатре во прстенот имаше око со сина и бела светлина. Видов живо око - тврди парохискиот свештеник Миле Пржовски.

Додека траела венчавката свештеникот чувствувал возбуденост, немир и повремена топлина, а неговата керќичка, која била со него, му рекла дека снимателот и фотографот зборуваат за некое чудо.

Сандо Ѕвезданов, клисар во црквата, вели дека е убеден оти тука се појавило "Божјото око".

- Не може да биде ништо друго освен окото Господово. Најпрвин се уплашив, а потоа почувствував задоволство од тоа што го видов. Верувам дека тоа ќе остане легенда дека во венчален прстен на Светото евангелие се случи чудо - вели клисарот Ѕвезданов.

Црквата "Свети Кирил и Методиј" е изградена во 1995 година и досега не е осветена поради незавршениот иконостас. Токму поради неосветувањето некои свештеници во Струмичката епархија се воздржуваат од попрецизни коментари за настанот и велат дека за чуда може да се зборува кога црквата е осветена, бидејќи дури тогаш црквата ги има сите божји атрибути.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Со чуда денес се фалат сите религии. На интернет ќе прочитате и за чуда во исламскиот свет, и во хиндуистичкиот свет, и во џамии и во будистички манастири, и во цркви. Се разбира повеќето „чуда“ се или непроверливи, или рекла-казала, или тросмислени или некакви природни феномени (што можат да се објаснат и научно) и сл. Во секој случај многу различни од чудата што ги правел Исус.
Но дури и некогаш да се случи вистинско или ете необјасливо чудо? Од каде знаеме дека тоа е од Бог и која е пораката од тоа чудо (ако воопшто има некаква порака)?
Дали Бог ни дал некаков толковник за чудата? И од каде знаеме дека некое чудо не е од ѓаволот? Прочитај те го 13-тото поглавје од библиската книга Откровение и видете какви чуда може ѓаволот да прави:

„И видов една од неговите глави, како да е смртно ранета, но неговата смртоносна рана беше исцелена. И се зачуди сета земја и тргна по Ѕверот...
И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му беше дадено да вдахне дух во иконата на Ѕверот така што иконата на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на иконата на Ѕверот.“
(Откровение 13-то поглавје, Библијата)

Значи имаме едно чудно исцеление после кое целата земја тргнува по Ѕверот. Немој да мислите дека тој ѕвер ќе има рогови :) Христијаните го нарекувале ѕвер и императорот Нерон од 1-от век.
Потоа гледаме едно спектакуларно чудо појако од сите „појавувања на Божји очи и богородици“ на небото, а тоа е симнување на оган од небото и тоа пред очите на луѓето (а не на Youtube како што се денешните „чуда“)
Потоа имаме спектакуларно чудо со икона која зборува и тоа не таму некаде во некој скриен манастир (бабино-деветински чуда), туку чудо пред луѓето, чудо кое ќе убива и луѓе кои нема да сакаат да се поклонат на неа.

Мнозинството луѓе на Земјата ќе веруваат дека сите овие чуда се од Бог, а Антихристот ќе ги користи за да се промовира себе си како авторитет од Бог за да може да владее со жителите на Земјата. Христијаните кои ќе го препознаат и нема да сакаат да се поклонат на него, ќе бидат маркирани како безбожници, секташи, непокорни на богот кој ги прави сите овие спектакуларни чуда. Затоа и ќе бидат прогонувани, убивани. Но сепак никој нема да може да им го одземе вечниот живот.
А од оние заведените кои ќе тргнат по ѕверот и ќе му се поклонат (чие место е одредено во Огненото езеро), први на мета ќе бидат оние кои се склони кон чуда и икони, оние кои што се возбудуваат кога ќе чујат за некое чудо и која ја темелат својата вера на чуда и иконопоклонство.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Во екранот од камерата забележав како внатре во обрачот на прстенот се појавува око со сина боја, раскажува Ристо Христов, снимателот на венчавката во црквата во струмичкото село Раборци. ТСнимателот на Фотостудио "Мендо" од Струмица прв го забележал необичниот настан и го прокоментирал со својот колега-фотограф.
каде им е снимениот материјал ? или си праи самореклама "Мендо"
на народот толку му треба o_O
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
479
Поени од реакции
140
каде им е снимениот материјал ? или си праи самореклама "Мендо"
на народот толку му треба o_O

За снимка незнам дали има , ама имав блиски роднини што беа на таа свадба со сигурност можам да ви кажам се случило точно како што пишува овде :)
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Со чуда денес се фалат сите религии. На интернет ќе прочитате и за чуда во исламскиот свет, и во хиндуистичкиот свет, и во џамии и во будистички манастири, и во цркви. Се разбира повеќето „чуда“ се или непроверливи, или рекла-казала, или тросмислени или некакви природни феномени (што можат да се објаснат и научно) и сл. Во секој случај многу различни од чудата што ги правел Исус.
Но дури и некогаш да се случи вистинско или ете необјасливо чудо? Од каде знаеме дека тоа е од Бог и која е пораката од тоа чудо (ако воопшто има некаква порака)?
Дали Бог ни дал некаков толковник за чудата? И од каде знаеме дека некое чудо не е од ѓаволот? Прочитај те го 13-тото поглавје од библиската книга Откровение и видете какви чуда може ѓаволот да прави:

„И видов една од неговите глави, како да е смртно ранета, но неговата смртоносна рана беше исцелена. И се зачуди сета земја и тргна по Ѕверот...
И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му беше дадено да вдахне дух во иконата на Ѕверот така што иконата на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на иконата на Ѕверот.“
(Откровение 13-то поглавје, Библијата)

Значи имаме едно чудно исцеление после кое целата земја тргнува по Ѕверот. Немој да мислите дека тој ѕвер ќе има рогови :) Христијаните го нарекувале ѕвер и императорот Нерон од 1-от век.
Потоа гледаме едно спектакуларно чудо појако од сите „појавувања на Божји очи и богородици“ на небото, а тоа е симнување на оган од небото и тоа пред очите на луѓето (а не на Youtube како што се денешните „чуда“)
Потоа имаме спектакуларно чудо со икона која зборува и тоа не таму некаде во некој скриен манастир (бабино-деветински чуда), туку чудо пред луѓето, чудо кое ќе убива и луѓе кои нема да сакаат да се поклонат на неа.

Мнозинството луѓе на Земјата ќе веруваат дека сите овие чуда се од Бог, а Антихристот ќе ги користи за да се промовира себе си како авторитет од Бог за да може да владее со жителите на Земјата. Христијаните кои ќе го препознаат и нема да сакаат да се поклонат на него, ќе бидат маркирани како безбожници, секташи, непокорни на богот кој ги прави сите овие спектакуларни чуда. Затоа и ќе бидат прогонувани, убивани. Но сепак никој нема да може да им го одземе вечниот живот.
А од оние заведените кои ќе тргнат по ѕверот и ќе му се поклонат (чие место е одредено во Огненото езеро), први на мета ќе бидат оние кои се склони кон чуда и икони, оние кои што се возбудуваат кога ќе чујат за некое чудо и која ја темелат својата вера на чуда и иконопоклонство.
Преку Флаш ли ќе оди анимацијата на иконата што зборува? Кој плагин се препорачува во писмото? Се нуди ли поддршка за ИЕ?
--- надополнето: 19 јуни 2013 во 02:03 ---
Го јавнале сите точакот, масовно, цело село.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
33
Поени од реакции
11
И сега што. Треба ли да се поклонуваат пред тоа дрво, да го бакнуваат, да палат свеќи...? Луѓе освестете се и не барајте го Исус по дрвата, камењата, сликите...Исус е жив, не барајте го во материјалните форми што можеби асоцираат на Него.
 

TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
370
Поени од реакции
473
Зошто на некој муслиман (или некој од друга вера) не му се појавуваат вакви работи и обратно? Лани на еден пријател муслиман кога сечел лубеница му се појавил алах, па се молеше на лубеницата додека не се расипа :cuc: :confused::D. На некој, дрвото во Чашка му личи на богородица, на некој на харибо мечето а мене лично на ранго :D

п.с. The eye sees what it wants to see..
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

Kajgana Shop

На врв Bottom