Со чуда денес се фалат сите религии. На интернет ќе прочитате и за чуда во исламскиот свет, и во хиндуистичкиот свет, и во џамии и во будистички манастири, и во цркви. Се разбира повеќето „чуда“ се или непроверливи, или рекла-казала, или тросмислени или некакви природни феномени (што можат да се објаснат и научно) и сл. Во секој случај многу различни од чудата што ги правел Исус.
Но дури и некогаш да се случи вистинско или ете необјасливо чудо? Од каде знаеме дека тоа е од Бог и која е пораката од тоа чудо (ако воопшто има некаква порака)?
Дали Бог ни дал некаков толковник за чудата? И од каде знаеме дека некое чудо не е од ѓаволот? Прочитај те го 13-тото поглавје од библиската книга Откровение и видете какви чуда може ѓаволот да прави:
„И видов една од неговите глави, како да е смртно ранета,
но неговата смртоносна рана беше исцелена. И се зачуди сета земја и тргна по Ѕверот...
И правеше
големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето.
Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат
икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. И му беше дадено да вдахне дух во иконата на Ѕверот така што
иконата на Ѕверот да прозборува, и да направи да бидат убиени оние, кои нема да се поклонат на иконата на Ѕверот.“
(
Откровение 13-то поглавје, Библијата)
Значи имаме едно чудно исцеление после кое целата земја тргнува по Ѕверот. Немој да мислите дека тој ѕвер ќе има рогови
Христијаните го нарекувале ѕвер и императорот Нерон од 1-от век.
Потоа гледаме едно спектакуларно чудо појако од сите „појавувања на Божји очи и богородици“ на небото, а тоа е симнување на оган од небото и тоа пред очите на луѓето (а не на Youtube како што се денешните „чуда“)
Потоа имаме спектакуларно чудо со икона која зборува и тоа не таму некаде во некој скриен манастир (бабино-деветински чуда), туку чудо пред луѓето, чудо кое ќе убива и луѓе кои нема да сакаат да се поклонат на неа.
Мнозинството луѓе на Земјата ќе веруваат дека сите овие чуда се од Бог, а Антихристот ќе ги користи за да се промовира себе си како авторитет од Бог за да може да владее со жителите на Земјата. Христијаните кои ќе го препознаат и нема да сакаат да се поклонат на него, ќе бидат маркирани како безбожници, секташи, непокорни на богот кој ги прави сите овие спектакуларни чуда. Затоа и ќе бидат прогонувани, убивани. Но сепак никој нема да може да им го одземе вечниот живот.
А од оние заведените кои ќе тргнат по ѕверот и ќе му се поклонат (чие место е одредено во Огненото езеро), први на мета ќе бидат оние кои се склони кон чуда и икони, оние кои што се возбудуваат кога ќе чујат за некое чудо и која ја темелат својата вера на чуда и иконопоклонство.