Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Дали „Мобилком Австрија“ ќе стане третиот мобилен оператор во земјава, ќе се знае најдоцна до 12 февруари. Лиценцата треба да ја издаде Агенцијата за електронски комуникации.
Следните пет дена ќе се анализира финансиската конструкција и стратегијата што ја нудат Австријците. Претставникот на „Мобилком Австрија“ се воздржа од коментар. Со тендерот за трет мобилен оператор Владата играше на карта да донесе бренд компанија во овој бизнис. Условуваше со строги тендерски критериуми, два милиони корисници, годишен приход од по 300 милиони евра, ниски цени за корисниците.
Единствениот кандидат „Мобилком Австрија“ е позициониран скоро во целиот регион. Само од почетокот на оваа година компанијата регистрирала над три милиони нови корисници.