- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 980
- Поени од реакции
- 4
Зошто кога бевте мали, машките играа со колички, пушки, војници, а девојчињата игаа ластик, со куклички и со „попрефинети” работи? Дали е тоа дел од воспитувањето, од „филозофијата” на околината и општеството или, пак, се работи за психолошкиот момент - девојките се „преодредени” да бидеат нежните, а мажите - груби, војници, да сакаат оружје и големи брзини?
На пример, јас како малечок обожував да ги извадам сите малечки автомобили кои ги имав (а, имав завиден број) и да ги редам, да правам полициски блокади (да знаев дека многу години подоцна ќе ме извади еден џандар од такт, немаше никогаш да си играм со тоа), да му давам на дедо ми пушки и пиштоли и да го терам да се крие, па ја да го барам и слични такви игрички... Нормално, уште од тогаш си правев библиотека (купувајќи книги), ама тоа не ќе да е стандардно детска игра.
Со што си игравте вие? Кои беа вашите игри и омилени играчки? Кога ќе погледнете од оваа дистанца: кои се психолошките елемнти за тоа? И, како денеска гледате на фиолозофската димензија на тогаш само невината детска игра?