„Машка литература“

Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
Голем поздрав до подфорумот Уметноста, литературата, јазикот. Ќе ги замолам сите членови волни да помогнат, советуваат, коментираат да дадат предлози на литература со помош на која мислат дека еден маж мора да ја прочита за да стане маж. Грубо сите ја знаеме дефиницијата за машкиот карактер, па мислам дека ќе бидам сфатен кога велам ''маж и машки карактер''. Па ајде да постираме некоја книга, дело, заедно со коментар од читателот и кратка фабула, без разлика дали е филозофско делото, приказна или пак има било каква уметничка вредност. Исто така, би сакал да се запознаам со малку ''машки шовинизам'', чисто ради љубопитност, па би бил доста благодарен доколку предложите и некое дело малку машки шовинизам. Се извинувам на недостатокот на речник, се надевам дека ќе ме разберете што всушност барам и за што сакам да дискутирам. Поздрав и се најдобро !
P.S. Ladies, no hard feelings.
 
S

Sagan

Гостин
Зошто​
мажите сакаат секс​
а​
жените бараат љубов.​
(Алан и Барбара Пиз)​
Научен пристап кон машко-женските односи и тоа што сакаат мажите, што жените, и зошто.​
Нема книга што ќе те направи маж, тоа го прави животното искуство, ама од книгава барем ќе ти станат јасни многу работи.​
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Машка литература, јас помислив темава е за магазини со теткици, овој навистина книги барал за да стане маж. :rolleyes:

 
А

Антоние

Гостин
Не сум сигурен што точно бараш кога викаш дека сакаш книга во која пишува како да станеш маж, но прво нешто што ми падна на памет е книгата на Александар Дима: "Грофот од Монте Христо". Уствари гледај го филмот снимен според книгата, исто е горе доле.

Потоа можеби од Ајн Ренд "The Fountainhead" (незнам на македонски како е насловот), и "Atlas Shrugged".

Исто така гледај го филмот "Гладијатор" со Расел Кроу. И таму би требало да најдаш доста корисни работи.

поздрав
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Robinson Crusoe - Daniel DeFoe. И тоа во оригинален 17 century british english.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Поимот ми е малку нејасен и нелогичен. Се чини дека се базира на стереотипите за тоа како треба да се биде маж, што според мене не може да се научи од книга. Исто, секој треба да чита книги кои би го заинтересирале, заинтригирале и од кои би можело да се научи нешто, а не колку да се вклопи во некој идеал по секоја цена.
Нејсе, кога веќе сакаш да читаш нешто такво, мој совет се Heart of Darkness од Џозеф Конрад и Тhe Sun also Rises од Хемингвеј. До некаде овде може да се вклопи и Тарзан (книгата, а не детската екранизација на Дизни).
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.102
Поени од реакции
16.315
Јас само ова ке го речам гледај го ама обавезно

THE PURSUIT OF HAPPINESS


Toа е маж,татко,идол, и пред се човек ...тоа што го врви ликот низ филмот тврдам дека половина од "мажите" ке се самоубијат на уште прват пречка
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
Благодарам, темава се движи во насока во која што сакав да се движи. Не мислам да станам маж само со читање книги, но мислам дека квалитетна литература ќе има голем удел во градењето на карактерот. Гледам дека има предлози и за некои филмови и видеа, па еве и јас да ставам едно видео (унисекс додуша, не мора да биде само за мажи), но кое сепак доста може да делува на машката психа и градење на карактер. Не мора содржината да биде наменета само за процесот на градење на карактер кој на пример кај мене е во тек, туку нека поттикне желба, мотивација кај другите.
Поздрав !!!
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Собрани дела од Роберт Хауард ако сакаш да ти пораснат влакна на градите за да бидеш прав муж, вунтраст муж.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom