МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈА ПОДДРЖАЛ ИДЕЈАТА ЗА ОТВОРАЊЕ ГРЧКА ТЕОЛОШКА ШКОЛА
Црвенковски потпишал петиција на Караманлис
Името на македонскиот претседател стои зад 39. реден број. Тој се потпишал како лидер на Социјал демократскиот сојуз на Македонија, партија која доаѓа од како што стои, Скопје, ФИРОМ
Претседателот Бранко Црвенковски се потпишал на петиција на отворање на Теолошка школа на Халкидики. На интернет страницата
www.greece.org/themis/halki2/groups.html уште во 2003 година Црвенковски, како лидер на СДСМ, се потпишал на иницијативата на сегашниот грчки премиер за отворање на затворената школа, која не функционира од 1971 година. Школата ја затворила турската влада, па Караманлис како дел од Нова демократија, која тогаш била во опозиција ја покренал иницијативата за обновување на школата. Името на македонскиот претседател стои зад 39. реден број. Тој се потпишал како лидер на Социјал демократскиот сојуз на Македонија, партија која доаѓа, од како што стои во документот - Скопје, ФИРОМ. Се зборува дека професорот Ванчо Узунов го поттикнал тогашниот претседател на СДСМ, а сега шеф на државата да го стави и своето име на овој список.
Името на Црвенковски се уште се наоѓа на оваа страница. И после пет години се уште може да се види дека сегашниот претседател на државата се потпишал на петиција на Караманлис, за отворање на грчка црковна школа. Спорот на Македонија со Грција датира многу години претходно. Но и покрај тоа претседателот на СДСМ се решил на таков чекор.
Сега Црвенковски е против изградба на македонска црква на плоштадот во Скопје.Овој пат тој не поддржува иницијатива, која доаѓа од Македонците и која ќе им служи на македонските верници.
))))))))))))), некои од кајганџииве мож ќе се сетат, кој го ископа ова ))))))))))))), а им смета бе на безкичменјациве во Македонија веронаука а??????