Македонија воведува универзално здравствено осигурување
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2009/05/07/feature-03
НЕЛИ САМО ВО СКОПЈЕ
Поставен камен-темелник за изградба на нова амбуланта во дебарското село Горно Косоврасти
Големина на фонт: 04 16, 2009 07:33:00
Дебар, 16 април - Министерот за здравство, Бујар Османи, во присуство на локалните власти во Дебар, денес во селото Косоврасти удри камен-темел за изградба на амбуланта. Тој најави дека амбулантата ќе биде опремена со најсофистицирана опрема, со која ќе се зголеми квалитетот на здравствените услуги П. За време на поздравниот говор, министерот Османи истакна: „Нашата цел е да се обезбеди здравствено осигурување за сите граѓани на Република Македонија. Токму ова место е пример дека здравствените услуги ќе се нудат и во најдалечните села во Македонија, што значи дека здравствените услуги ќе бидат слични како и во главниот град“.
Присутните ги поздравија и претседателот на општина Дебар, Аргетим Фида и Илбер Кокале, директор на Здравствениот дом во Дебар, кој истакна дека за изградбата на овој објект голем придонес има и претседателот на општината, Фида, како и министерот за здравство, д-р Османи.
Илбер Кокале, директор на Здравствениот дом во Дебар порача - Денес сме овде да удриме камен-темел на оваа амбуланта која ќе биде во функција на исполнување на здравствените потреби на жителите на ова село
Министерот Османи најави дека оваа амбуланта ќе се опреми со софистицирани средства, со што ќе се зголеми квалитетот на здравствените услуги во земјава.
Министерот Османи пушти во употреба најсовремена медицинска опрема во болницата во Тетово
Големина на фонт: 03 04, 2009 12:14:00
Министерот за здравство, д-р Бујар Османи, денеска ја посети општата болница во Тетово, промовирајќи ја работатат на најсовремена хируршка опрема, обезбедена од Министерството за здравство. Станува збор за нова софистицирана опрема, со која ќе се збогатат капацитетите на хируршката служба во општа болница Тетово, како што се: универзален хируршки стол, хируршки светла и еден современ дигитален анестезиолошки апарат, чија вредност е околу 150.0000 евра.
Истовремено, во употреба беа пуштени и три нови апарати за хемодијализа, во вредност од 50.000 евра. Станува збор за нова генерација апарати, дигитализирани и со многу дополнителни контролни функции, кои за првпат се набавуваат во Република Македонија, како што е можноста за програмирање, според определен режим на терапија за секој пациент поединечно.
Во болницата во Тетово, исто така, се инсталирани и нов дигитален подвижен рендген апарат, голем биохемиски анализатор (со капацитет од 350 до 400 анализи на час) и современ хируршки рендген апарат, како дел од успешната реализација на дел од големиот тендер за набавка на најсовремена медицинска опрема.
П.С.
Монополот на телекомот заврши на крајот на 2004, а либерализација се изврши во 2006 или 2007.