“Грција“ - Разгаленото дете на Европа 1879

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Книгава е напишана 1879 година, внимателно проследете ги подвлечените делови, оние со црвено, оние со сино, оние подебели и оние потенките :)

Се надевам вашиот англиски е на соодветно ниво за да можете да разберете, бидејќи текстот е предолг за да може да направам превод специјално за темава.



















продолжува..





















Се надевам ќе истраете до крај и ќе посветите доволно внимание да ги прочитате овие страници.
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
БРАВО БРАТ!!!
Подобро од ова здравје... кој им ги всадил имињата... тоа е многу важен детал, мислам дека некаде на почетокот беше!!!
Кажува се убаво, од современик на тоа веќе минато време. Благодарам. :smir:

п.с. Книгава ја има он-лајн или да си зачувам овде слика по слика?
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
:eek:lee::eek:lee:
Ура за Братот!!!!!!!!!


Браво за текстот само ме интересира каде го најде да ни дадеш некоја информација повеќе шо бил овој човек таму шо правел итн...
и да се обидеме ако веке и не си го направил тоа да им го постираме на некои од оние сајтови каде сите можат да го прочитат (посебно Гејците од Египет:pos2:).
И уште едно браво за текстов и според мене мислам дека не треба да се става оваа тема во ИСТОРИЈА туку да се направи посебен дел каде може сите послесно и подостапно да прочитаат и постираат вистини за Македонија.


пс.Ако може темата да се затвори за проБугарските дечки да не ми го уништуваат задоволството а верувам и вашето!
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Брат ти повторно провоцираш и повторно не навраќаш на историјата.
Тоа е завршена работа, Егејска Македонија не постои веќе за Македонците, таа е Грчка и од секогаш била грчка.
Дајте ние напред да гледаме кон ЕУ и НАТО, таму сега почнале бончиња да делат.
 
Член од
29 април 2005
Мислења
383
Поени од реакции
35
Брат ти повторно провоцираш и повторно не навраќаш на историјата.
Тоа е завршена работа, Егејска Македонија не постои веќе за Македонците, таа е Грчка и од секогаш била грчка.
Дајте ние напред да гледаме кон ЕУ и НАТО, таму сега почнале бончиња да делат.
Славјански,
Ако за тебе не постои Беломорска Македонија и македонци кои сеуште живеат таму, за други постои. Ај биди троа подемократичен или пак оди пресели се зад карпатите и остави не` нас македонците да си ја гледаме нашата работа.
А, што велиш?
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
:eek:lee::eek:lee:
Ура за Братот!!!!!!!!!


Браво за текстот само ме интересира каде го најде да ни дадеш некоја информација повеќе шо бил овој човек таму шо правел итн...
и да се обидеме ако веке и не си го направил тоа да им го постираме на некои од оние сајтови каде сите можат да го прочитат (посебно Гејците од Египет:pos2:).
И уште едно браво за текстов и според мене мислам дека не треба да се става оваа тема во ИСТОРИЈА туку да се направи посебен дел каде може сите послесно и подостапно да прочитаат и постираат вистини за Македонија.


пс.Ако може темата да се затвори за проБугарските дечки да не ми го уништуваат задоволството а верувам и вашето!


Славјански мислам дека бев јасен со молбата, на кој не му се свига ова што го пишува тука може воопшто да не ја отвара темава, остај не да уживаме во тоа што е наше!


пс. Уште една молба!!!
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
ОК, коментарот беше во стилот на соросоидите.

Прекрасна книга.
Благодарност до братот.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
п.с. Книгава ја има он-лајн или да си зачувам овде слика по слика?
Браво за текстот само ме интересира каде го најде да ни дадеш некоја информација повеќе шо бил овој човек таму шо правел итн...
и да се обидеме ако веке и не си го направил тоа да им го постираме на некои од оние сајтови каде сите можат да го прочитат (посебно Гејците од Египет:pos2:).
И уште едно браво за текстов и според мене мислам дека не треба да се става оваа тема во ИСТОРИЈА туку да се направи посебен дел каде може сите послесно и подостапно да прочитаат и постираат вистини за Македонија.


пс.Ако може темата да се затвори за проБугарските дечки да не ми го уништуваат задоволството а верувам и вашето!
@theMac3donian

Зачувај си ги страниве,


@superstarpizza

James Knowles -English architect and editor

http://en.wikipedia.org/wiki/James_Knowles_(architect)

Nineteenth Century was a British monthly literary magazine founded in 1877 by Sir James Knowles.

Слика


На секоја од страните на дното имаш посебни извори врз кои авторот ја напишал оваа книга.

Така на пример на 930 страна имаш фуснота каде пишува:

*Memoirs of the Affairs of Greece, with anecdotes of Lord Byron
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Другар ми вели да сум пишел дека СДСМ или ВМРО се криви, бидејќи нешто слабо се палите.. :pos2:

Не ви се чита нели, нема ништо како доброоо партиско препукување :kesa:

Нека не ве мрзи, прочитајте, одржувајте ја темава во живот.
 

Amnaesiac

Paranoid Android
Член од
9 декември 2008
Мислења
1.818
Поени од реакции
43
сум рекол и на друга тема, повеќе се гледаат латиноамерички и хрватски сапуници отколку .... е сега не знам што, стварно на нашиве телевизии нема ништо. на таа тема реков латиница на хтв.

затоа нека не те изненадува слабиот одзив.
друго, биди среќен што суасајд не ти улетал во тема, па да се налепат другите муви по она што ќе го исере, па да ти ја уништат темата.
и самиот рече темата е за форум историја, таму можеби ќе наидеш на покомптетентни соговорници.
јас не можам да дискутирам, бидејќи едно не сум компетентен за историја, друго историја како наука не ме интересира баш многу (лични склоности).

во секој случај и темата си е добра и другар ти арно ти рекол, ама не го слушај советот негов.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Добро, нешто друго да прашам.

Дали откако си ги прочитал (претпоставувам) странициве кои ги постирав, ти дадоа повеќе информации или надополнија досегашното познавање во врска со креирањето на Грција?


Еве скратена верзија на поважните делови:








 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Не ќе е лошо ако може некој да направи превод на македонски може и да претерувам ,ама имам многу ``гости`` на кои англискиот не им е јака страна. А ја се уморив од објаснувајќи што како е напишано:smir:
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Превод на Краткиот Текст на Братот

Еве еден слободен превод од ова што Братот го наведе како еден вид кратка содржина.
Предвремено се извинувам за некои печатни грешки, мали грешки во преводот, изоставени реченици, англицизми...

Ни најмалку неважно (значи важно) прашање е тоа што всушност значи кога
зборуваме за Грчките барања или Хеленскиот фактор во Источното Прашање
(пишува проблем)? Дали зборуваме за Грците од современото кралство? или
тие на брегот од Мала Азија? или Грците кои што се иселени на сите страни
по светот? или сите тие кои што го зборуваа Грчкиот или Романскиот јазик?
или сите тие што го следат Грчкото или Православното верување? Ништо освен
мистификација или грешка можат да произлезат од употребата на „Грк“ или
„Хелен“ без јасна представа за што всушност станува збор кога се
употребува.

Сликовитата представа за потеклото е секогаш важен дел од Англиската
политика, но ни најмалку не чуди тоа што во овој случај истата е создадена
од политичари не квалификувани лица кои што имаат во себе некакви принципи
на работа. Последните 2000 години робство изгледа многу малку значат за да
ја засенат големината и грандициозноста на Грчкиот ген. (Следниот дел
некако не го укопчав, т.е. не знам како се вклопува во целото искажување)


Малечкиот број на Хелени е исто толку вчудувачко како и исто така малата
површината на самата Елада.Но, многу е полесно да се нацртат границите врз
основа на една современа карта, одколку да се прецрти истата според крвта
која тече во вените на секој современ граѓанин. Дури и да се генетски
наследници на самите антички Хелени, сегашните веќе ја населуваат
целокупната територија која што ги направи античките Хелени (а и тие што
ја направија неа фамозна) фамозни; но ако пак не се нивни наследници,
гледањето на античката историја како своја е од помалку практична вредност
отколку да беа легитимни наследници.

Ние немаме ниту еден верен документ, кој што ни го дава точниот број на
слободни Хелени, но во најдобар случај тие би биле само малцинство помеѓу
големиот број на слуги и робови. Грчкиот свет бил составен од општински
аристократи кој што живееле во градовите и имале фарми во плодните
области, фарми кои најчесто биле одгледувани од робови. Овие робови
најчесто виле Тракијци и ?Словени?; и, заедно со тие робови од градовите
најверојатно сочинувале најмалку половина од населението. Токму од оваа
мешавина на слободни граѓани, трговци, слуги и странски робови, денешните
грци водат потекло, макар што изминатите 2000 години не прават ваквото
нешто да е невозможно.

Бидејки Грција не беше изолирана сите тие години како еден далечен Исланд
или ненаселив Гринланд. Во еден период таа била центар на трговија, друг
центар за борба помеѓу Европа, Азија и Африка. Најдобриот дел од таа раса
(се мисли на националноста) исчезна. Деморализирачко е да се научи дека
дури за времето на Тактиус расата на старите Атињани одамна изумрела и
дека самата Атина е населена од различни раси. (се мисли на
националности). И како краен удар напоменува дека наследниците на Спарта
не ги преживеале освојувањата на Римјаните.

Набрзина најпознатите Грци биле истребени (не опстанале). Што е со тие
помалку познати кои што преживеале?

Уште пред Римското освојување моќта на Македонците направи поголема
промена во населнието одколку во упраниот ситем на Грција. Граѓаните на
Македонија и поголемиот дел од армијата на Александар не ба грци ни по
чуство ни по јазик.

Зголемувањето на трговија со странство, што беше како резултат од
Македонските победи, не само што ја „ограби“ грција од своето население,
доведе и до развивање на пирадскиот систем, а ниту една земја не е
поотворена за пирати одколку Грција. Критски и Сицилјански крадци,
најчесто изнајмени од поразените азиски монархиски фамили, многу рано
почнаа да навлегуваат на Грчкиот брег, а Рим не одвои средства за
обезбедување на Грција ниту пак и даде на Грција сама да се брани.
Киднапирањето на отворено море или пак на брегот стана организирана
професија, и на големиот робски пазар во Делос човеко-крадците продаваа по
илјадници од нив дневно!

Генералите кои што ја уништија Грција зад себе оставија свои представници
и марионети кои што направија уште толку за да го намалат бројот на
населениото на земјата(Грција).

Јустинјан ги укина училиштата и ги сруши институциите, и ја остави Грција
со намален број на население, ограбена и неорганизирана-со други зборови
отворено поле за, како прво напади, а потоа колонизација на новата сила,
Склавоните од север.

______. Дури и старите имиња изчезнаа.
Полека но сигурно новиот свет на Грција почна да постои. Црквата ја
презвзема улогата на држава, Христијанство од патриотизам; и амалгам на
Словени, трговци и робови беа одберени и ставени врз домовите на старите
Хелени.

Ефектот на Склавонските преселувања врз крвта на граѓаните на модерното
кралство, е со голем ентузијазам дебатирано од страна на Германсците.
Некои, како професор Фалмајер, тврди дека Хеленската раса во Европа е
истребена, а дека денешните граѓани на Грција се всушност Византизирани
Словени.

Но преродбата траеше кратко, и, поред грчкото страдање, на крајот на
десеттиот век Склавините го сочинуваа скоро целото население во
Македонија, Епир, Континентална Грција и Пелопонез. says the Epitomiser of
Strabo.

Токму во овој век се што остана, ако воопшто остана нешто, од дури и
нечистата Хеленска крв, беше претопена во, или претопена од Словенот. За
политичките и соцјалните стоења на овие северни колонисти, Византиските
историчари скоро ништо не ни оставаат. Ист проблем веќе ги беше споил сите
слободни граѓани, дојденци, кметови, и робови во еден ентитет, под називот
на РОМЕИ но таквото нешто не беше дозволено и како резултат го доби
називот Гркче(Гркоман, Гркоманизиран), токму од своите Византиски господари. Христијанството, и
тоа што беше останато од Грчките или Римските институции, над се писмото и
високо развиениот јазик, предизвика спој на Грци и Словени, и ги оформи во
Грчки или Римски калап, но не и Словенски. Таква е силата на
цивилизациското оружје дури и во недостојни рацеч и по втор пат Грците го
фатија својот освојувач т.е. тие го освоија него. Во меѓувреме
управителите на Византија оставија следните генерации да го довршат
спојот, незасегнат од ништо. Во управувањето со Империјата ниту Гркче
(Гркоман, Гркоманизиран) ниту пак Словен бил на власт, и токму тие
традиции на Рим наместо традициите на Грција, императорот на Византија ги
изведувал и предавал.

овде изоставувам два пасоса


Која и современа карта да се земе, ни една не се согласува со друга во тоа
до каде се границите на Словенската и Албанската раса (се мисли нација). И
јазикот и религијата доведуваат до ситуација која ги прави нештата доста
тешки за да може да се направи некоја чиста линија. Човек може да е „Грк“
по самопрогласување или „Грк“ по јазикот, но истовремено да нема никаква
поврзаност со Хелените на кралството или Фанариотите на Портата. “Има два
начина кои може да доведат до одговор“ кажува Г-ин Гладстон,“ , „да се
реши проблемот потребно е само да се гледа во јазикот и религијата“. Тој
овде зборува за Албанците. Но ништо неможе да е по неверодостојно во однос
на Албанците или пак Словените.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom