- Член од
- 2 јуни 2014
- Мислења
- 3
- Поени од реакции
- 28
Здраво,
Тука IgorCHe, еден од администраторите на форумот ххххх. Повеќе би го нарекол проект, него ли само обичен форум.
Вероватно ќе се запрашате кој си ти и зошто се рекламираш на кајгана?
Епа вака. Пронајди ме! е заедница составена од група луѓе со авантуристички дух кои шетаат низ Македонија сокривајќи мали подароци. Тие не добиваат ништо за возврат освен пријатно чувство во градите и многу, многу пријатели насекаде низ земјата.
- Сокривајќи подароци? Но, зошто го правите тоа?
Затоа што веруваме дека преку споделувањето можеме да го сочуваме она што не` прави подобри луѓе на денешницата. Веруваме дека сите треба да излезат од своите куќи и станови и да прошетаат низ природата, а за да им се зголеми мотивацијата барем малку, ќе можат отидат на лов на богатства, баш како во приказните. Со ова создаваме нови пријателства, истражуваме нови градови, се подобруваме себеси и на општеството му даваме посветол поглед на ионака веќе темното секојдневие.
- Океј супер, се пријавувам? Колку рековте дека Ви е членарина и каде да уплатам?
0 денари. Засекогаш. Се додека постоиме, од нашите членови нема да наплатуваме ништо. Донациите се добредојдени, но се секогаш доброволни. Сите функции на сајтот, членството и се друго ќе остане бесплатно
- Wow, а каде ќе се случува ова?
Насекаде низ Македонија, било да се тоа природни пространства, паркови или урбани средини. Богатства ќе најдете таму каде што најмалку ги очекувате.
- Чекај криете богатство, а не барате ништо? Добро, што богатства се тоа?
Има повеќе видови на богатства, но во суштина тоа е тегла, контејнер, пакет, кутија или слично нешто, кое е вешто скриено на одредена локација. Во моментов може да се најдат следните видови на богатства:
- Класично
- Бесконечно
- Мега богатство
- Искуство
За повеќе информации околу богатствата, прочитајте во За Нас - Прашања и одговори!
- Чим ги давате бесплатно, сигурно се добро скриени. Како да ги пронајдам?
Секое сокриено богатство ќе биде објавено на нашиот сајт од страна на членот кој го сокрил, и ќе бидат оставени GPS координати на приближната локација. Зависно од тоа колку богатството вреди, GPS координатите ќе бидат поточни или погруби. Пример, поситните богатства ќе имаат точни координати до 5 метри, додека Мега-богатствата обично имаат координати во радиус од 100 метри. Кога ќе стигнете на координатите, ќе треба да го побарате богатството. Обично ќе биде скриено во грмушка, на дрво, под клупа или било кое друго место во таа близина. Најдобро е да ја разгледате околината и да размислите каде би можело да биде скриено. Исто така добра идеја е да барате знаци или предмети кои не се вклопуваат во околината, како што се забодени стапчиња, наредени камења и слично.
- И кај да најдам јас таква опрема?
Во денешно време секој смартфон има вграден GPS кој е повеќе од доволен за откривање на богатствата. Дури и ако немате смартфон, преку компјутерот може да видите на која локација водат координатите и како да стигнете до неа. Потоа може да ја испринтате мапата или едноставно да ја запомните. Најкористен сервис е Google Maps, но бидејќи координатите се универзални, може да користите кој што сакате сервис.
Едно видео на кои што отприлика објаснуваме за целиот процес:
И уште едно од првото криење:
Секакви прашања ќе бидат одговорени.
Се читкаме низ форум

Последно уредено од модератор: