хххх.me - За авантуристи

Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
Не мислиш дека скептицизмот го имаш однесено малку над границите на екстремното? Ако гледаме така, некој може да остави бомба во канта за отпад во парк и да разнесе некого. Може да објави дека има некоја камп-журка (сосема нормална работа во светот) со гратис скара и да намами деца за да ги силува подоцна.

Во суштина ти како родител не би требал воопшто да ги пушташ децата да шетаат низ шума сами и ако нешто им се случи тоа би било твоја грешка. Не ти треба некој geocaching сајт за да го обвиниш ако си потфрлил како родител.

Од тоа што јас го видов, секој одговара за тоа што сокрива како подароци. Имаат момците напишано правилник таму што смее а што не смее. Мислам дека не смееше храна и пијалоци, за да не дојде до труење, ниту пак смееше некои гадни работи како гаќички, инсекти и слично. Неизбежно е дека ќе се најде некој морон што ќе го направи тоа, ама веројатно ќе биде веднаш баниран.

Не сум сигурен колку би било фер да очекуваш од двајца администратори (студенти, ако не се лажам) кои од свој џеб го плаќаат проектов, да патуваат и да го проверуваат секое богатство пред да биде објавено само затоа што на некои членови им е страв да не најдат во теглата измочани гаќички.

Geocaching-от е светско хоби со милиони корисници, не е ова ништо ново ниту револуционерно. Не мора админите да измислуваат топла вода со некакви невидени правила и мерки за да го задоволат секој можен скептичен ум. На крај краишта, ако не ти се допаѓа или ако ти е страв, едноставно не го практикувај хобито и не им дозволувај на децата да се вклучат. Нема причина за понатамошно цепидлачење.
Некако, освен дека „цепидлачам“ и дека сум „скептик“ - во твојот пост не прочитав никаков одговор за тоа што ме интересираше. Очекував повеќе од човек кој е регистриран тука само за да го промовира форумот. Ајде, можеби останатите администратори ќе ми одговорат на поставените прашања.

Да, секој може да остави бомба во корпа за отпадоци. Но, погоре фино објаснив зошто сум повеќе загрижен за овој проект отколку за рандом оставање на бомби во корпи за отпадоци. И верувам дека е фер да добијам одговор на поставените прашања, наместо тие да се омаловажуваат и да се нарекуваат „цепидлачење“. Особено кога на сајтот не можам да прочитам кој стои зад него и кој е толку добро сокриен, што уште толку го поткопува мојот скептицизам...

И уште еднаш, секоја чест на студентите кои го стартуваа проектов, но и покрај згодното име, можеби .ME домените (кои се изгор скапи) и не се најдобар избор за домен. Ама гајле им е, Indrick Boreale е со нив :)

Бај д веј, дали е пронајди.МЕ уствари дел од еМагаре, но на друг домен? :)

Domain Name: EMAGARE.COM
Registrant Name: Lol'd Serious'd
Registrant Organization: Fucktory industries
Name Server: DNS9.WAREZ-HOST.COM
Name Server: DNS10.WAREZ-HOST.COM
DNSSEC: unsigned

Domain Name: РRONAJDI.ME
Registrant Name:Indrick Boreale
Registrant Organization:Blood Ravens
Nameservers: DNS11.WAREZ-HOST.COM
Nameservers: DNS12.WAREZ-HOST.COM
DNSSEC:Unsigned
 
Последно уредено:
Член од
16 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
4
Некако, освен дека „цепидлачам“ и дека сум „скептик“ - во твојот пост не прочитав никаков одговор за тоа што ме интересираше. Очекував повеќе од човек кој е регистриран тука само за да го промовира форумот. Ајде, можеби останатите администратори ќе ми одговорат на поставените прашања.

Што го спречува некој психопат или педофил да намами некого на одредена локација и да го злоупотреби сервисот?
Мислам, океј, најверојатно ќе речете: „Па добро бе, што го тупиш - тоа може да го направи и на Facebook/Twitter, па и форумов“, ама самиот концепт на оставање „подароци“ и повикување на членовите да посетат претходно дефинирани локации некако ми ги пореметува цревата.

- Ништо не може да спречи некој психопат или педофил да го направи тоа. Ниту на овој форум ниту на било кој друг. Ова не е хоби за деца и истите не би требале да одат да бараат богатства надвор од урбани средини. Колку за информација, најголем дел се оставени во урбани средини така да ако ти е страв од психопати и педофили тогаш не треба да ги пушташ децата ни во парк да излезат сред бел ден. И да, го тупиш.

Онака, некој остава „подарок“ соодветен за девојчиња од 10 до 15 години, ги намамува во шума, ги киднапира и после завршуваат како бело робје... Или, знам дека по другиве македонски форуми имаше доста љубители на експлозивни направи и оружје, се врткаа и некои теми од типот „како да направиш бомба“ и тн. Можеби идејата на авторите е невина и искрена до коска, ама што ако некој реши да си поигра со вас и намонтира некоја експлозивна направа или да стави некаков штетен агенс кој/а ќе се активира/ослободи при отварање на тоа теглата? Не мора да е убиствено силна, ама доволно е некој да сака да се пошегува со друг член и да направи беља :(

- Одговорено ти е во мојот претходен пост, но еве овој пат ќе пишувам поспоро за во случај да не знаеш брзо да читаш. Ако некој сака да остави бомба, тоа може да го направи било каде. Разликата е во тоа што секој член таму ги објавува богатствата сам, па ако биде некоја беља ќе има податоци кои ќе можат да се остават во полиција.

Како вие ќе имате увид во тоа кој го крие „богатството“ и што се крие во него?
- Секој одговара за тоа што го става во теглата. Ако е нешто спротивно од правилата, ќе биде баниран. Ако е нешто опасно, ќе биде пријавен во полиција. Не може да очекуваш некој да ги проверува СИТЕ сокриени работи. И ова ти беше одговорено во претходниот пост.

Дали ќе го знаете вистинскиот идентитет на членовите во случај нешто да тргне наопаку?
- Админите ќе го пријават во полиција сосе ИП адресите, мејлот и се друго. Како што законот не би го превземал во свои раце ако некој ти ја удри колата, така ни во овој случај не е твое да изиграваш џандар. Си има институции за тоа. Како што би барале и апселе криминалци во преку фејсбук, така и овде - со разлика на тоа што полесно ќе дојдат до ИП адресите.

Дали некој ќе ги одобрува „подароците“ пред тие да бидат оставени на одредена локација?
- Пак, секој одговара за тоа што ќе го остави.

Што мене, како родител, би ми дало сигурност дека играта нема да тргне наопаку и да го оставам моето дете да си игра на „Пронајди.ме“?
- Ништо. Како што мене како родител никој не ми дава сигурност да го пуштам детето на некоја собиранка организирана од Кајгана. Од кај знам дека некој од вас таму нема да се напие и да ми го малтретира детето? Од кај да знам дека нема воопшто да биде малтретирано и навредувано преку приватни пораки тука на форум?

Кои сте вие? Која компанија стои зад проектот? Тоа „група на луѓе со авантуристички дух“ не ми значи многу...
- Нема компанија, само неколку дечки што сакаат да внесат малку свежина и возбуда во еден огорчен народ.

Од каде да знам дека ова не е само уште еден проект на некоја од сектите кои оперираат во Македонија?
- You got that right on the point chief. Дефинитивно е секта. Се што е ново и за вас несфатливо, сигурно е секта.

Океј, знам дека звучи како премногу, ама човек никогаш не може да биде доволно сигурен... Не знам за вас, ама јас би бил исклучиво претпазлив пред да се вклучам во играта.
- Едноставно не се вклучувај бе друже. Седи си дома и играј дота, најбезбеден си таму.

Патем, уште не ми стигнал мејлот за регистрација.
- Ова е единственото што треба админите да ти го одговорат.


========================================
Сега одговорени ти се прашањата? Бидејќи некако имам чувство дека се повторував ама ај :D
 
Т

Триптико

Гостин
Тоа им го прави на сите кои што го користат тој антивирус. Слободно додади го во исклучоци. Нема да ти влеземе дома и да ти го украдеме лап топот за да го сокриеме потоа :eek:
Ова е најидиотски одговор на културно поставено прашање. ВАШЕ е да средите да не го дава тоа предупредување и блокада. Непрофесионални сте од старт! Можам да замислам какви ќе бидете понатаму.
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
4
И уште еднаш, секоја чест на студентите кои го стартуваа проектов, но и покрај згодното име, можеби .ME домените (кои се изгор скапи) и не се најдобар избор за домен. Ама гајле им е, Indrick Boreale е со нив :)

Бај д веј, дали е пронајди.МЕ уствари дел од еМагаре, но на друг домен? :)

Domain Name: EMAGARE.COM
Registrant Name: Lol'd Serious'd
Registrant Organization: Fucktory industries
Name Server: DNS9.WAREZ-HOST.COM
Name Server: DNS10.WAREZ-HOST.COM
DNSSEC: unsigned

Domain Name: РRONAJDI.ME
Registrant Name:Indrick Boreale
Registrant Organization:Blood Ravens
Nameservers: DNS11.WAREZ-HOST.COM
Nameservers: DNS12.WAREZ-HOST.COM
DNSSEC:Unsigned
Никој од ништо не се крие, барем од што јас имам видено. Сите администратори се имаат појавено на видео кое е објавено за сите. Како дошле до парите од друга страна, мислам дека е дрско да прашуваш. Никој не ви задира на вас кајганџиите во џеб ниту пак ви води контрола кој ги плаќа серверите. Ама ако сакаш да вадиме валкана долна облека, we can do that.

Околу тоа дека една заедница е поврзана со некоја друга, малку смешно делува право да ти кажам, warez host е местото каде што сакаш да си го поставиш сајтот ако е на нулирана скрипта. Колку што се сеќавам админите еднаш имаат кажано дека поради тоа што проектот е во почетна фаза, не им се исплатело лиценца да купуваат. Ако тргне и ако има перспектива да остане жив подолго време, ќе купеле лиценца и ќе се префрлеле на нормален хост.

А за тоа кој со кој е поврзан...




Ова е најидиотски одговор на културно поставено прашање. ВАШЕ е да средите да не го дава тоа предупредување и блокада. Непрофесионални сте од старт! Можам да замислам какви ќе бидете понатаму.
Апсолутно се согласувам. Тешки кретени се овие админите на сајтот пронајдиме. Некој што е директор на толку голема компанија со високо реноме не смее нипошто да си дозволи да се пошегува на форум. Па мислам какво е ова безобразие, да се демонстрира смисол за хумор во јавност! Фуј!

И недај боже пак компјутерот да ти е срање и да прави проблеми кога ќе отвориш некој сајт. То треба да се убие бре! Одма сајтот треба официјално извинување да прати и како знак на протест да биде исклучен на 7 дена. Твојот компјутер никогаш нема проблеми и секогаш е правилно подесен, се што се случува погрешно е вина на сајтовите.
 
Т

Триптико

Гостин
Апсолутно се согласувам. Тешки кретени се овие админите на сајтот пронајдиме. Некој што е директор на толку голема компанија со високо реноме не смее нипошто да си дозволи да се пошегува на форум. Па мислам какво е ова безобразие, да се демонстрира смисол за хумор во јавност! Фуј!
Не е до шегувањето проблем, туку до самиот одговор. Може едноставно да се одговори во смисла: ќе го разгледаме проблемот, во меѓувреме нема да ти влеземе во компјутер...бла бла...А всушност за КОЛКУ ГОЛЕМА компанија се работи? Ти го спомна тоа, без да биде побарано.
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
4
Не е до шегувањето проблем, туку до самиот одговор. Може едноставно да се одговори во смисла: ќе го разгледаме проблемот, во меѓувреме нема да ти влеземе во компјутер...бла бла...А всушност за КОЛКУ ГОЛЕМА компанија се работи? Ти го спомна тоа, без да биде побарано.
Позади пронајдиме стојат најголемите бизнисмени од Македонија, сета олигархија плус некои членови на балканската масонска ложа. Така се зборува.. Оти од каде инаку пари да купат премиум домен кој кошта единаесетстомилијарди евра... Нешто смрди тука, слушај што ти викам.
 
Т

Триптико

Гостин
Немам намера да коментирам понатаму. Со овие два муабета, јасно ми е каков "адвокат" имаат :D
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
4
Не сум јас адвокат бе, да не се вреѓаме сега. Јас сум еден од главните што стојат за проектот, јас го финансирам. :нинџ:

Тате е близок со оној од СДСМ, како се викаше.. Зоран Заеб. Наместо БМВ да ми купат за роденден, им реков сајт да ми отворат и така се роди пронајдиме :rolleyes:
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
Не сум јас адвокат бе, да не се вреѓаме сега. Јас сум еден од главните што стојат за проектот, јас го финансирам. :нинџ:

Тате е близок со оној од СДСМ, како се викаше.. Зоран Заеб. Наместо БМВ да ми купат за роденден, им реков сајт да ми отворат и така се роди пронајдиме :rolleyes:
иии да ти ибам ејјј каков звер си бил ти... :eek:
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
4
иии да ти ибам ејјј каков звер си бил ти... :eek:
Прогнозирам дека за 4-5 поста и админ на пронајдиме ќе ме направат :D
А ако продолжиме вака, ништо чудно и Хорхе да го надминам.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
Океј, муабетиве на @Jaegerjacquez изглегоа тотално од контрола. Очигледно сака сите прашања да ни ги помножи со нула и игра на карта несериозност.
А повеќе од јасно е дека е поврзан со проектот. Поради тоа, не гледам причина зошто и понатаму би останала активна дискусијава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom