хххх.me - За авантуристи

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 јуни 2014
Мислења
3
Поени од реакции
28
Здраво,

Тука IgorCHe, еден од администраторите на форумот ххххх. Повеќе би го нарекол проект, него ли само обичен форум.
Вероватно ќе се запрашате кој си ти и зошто се рекламираш на кајгана?
Епа вака. Пронајди ме! е заедница составена од група луѓе со авантуристички дух кои шетаат низ Македонија сокривајќи мали подароци. Тие не добиваат ништо за возврат освен пријатно чувство во градите и многу, многу пријатели насекаде низ земјата.

- Сокривајќи подароци? Но, зошто го правите тоа? :confused:

Затоа што веруваме дека преку споделувањето можеме да го сочуваме она што не` прави подобри луѓе на денешницата. Веруваме дека сите треба да излезат од своите куќи и станови и да прошетаат низ природата, а за да им се зголеми мотивацијата барем малку, ќе можат отидат на лов на богатства, баш како во приказните. Со ова создаваме нови пријателства, истражуваме нови градови, се подобруваме себеси и на општеството му даваме посветол поглед на ионака веќе темното секојдневие.

- Океј супер, се пријавувам? Колку рековте дека Ви е членарина и каде да уплатам?

0 денари. Засекогаш. Се додека постоиме, од нашите членови нема да наплатуваме ништо. Донациите се добредојдени, но се секогаш доброволни. Сите функции на сајтот, членството и се друго ќе остане бесплатно (y)

- Wow, а каде ќе се случува ова?

Насекаде низ Македонија, било да се тоа природни пространства, паркови или урбани средини. Богатства ќе најдете таму каде што најмалку ги очекувате.

- Чекај криете богатство, а не барате ништо? Добро, што богатства се тоа?

Има повеќе видови на богатства, но во суштина тоа е тегла, контејнер, пакет, кутија или слично нешто, кое е вешто скриено на одредена локација. Во моментов може да се најдат следните видови на богатства:
- Класично
- Бесконечно
- Мега богатство
- Искуство

За повеќе информации околу богатствата, прочитајте во За Нас - Прашања и одговори!

- Чим ги давате бесплатно, сигурно се добро скриени. Како да ги пронајдам?

Секое сокриено богатство ќе биде објавено на нашиот сајт од страна на членот кој го сокрил, и ќе бидат оставени GPS координати на приближната локација. Зависно од тоа колку богатството вреди, GPS координатите ќе бидат поточни или погруби. Пример, поситните богатства ќе имаат точни координати до 5 метри, додека Мега-богатствата обично имаат координати во радиус од 100 метри. Кога ќе стигнете на координатите, ќе треба да го побарате богатството. Обично ќе биде скриено во грмушка, на дрво, под клупа или било кое друго место во таа близина. Најдобро е да ја разгледате околината и да размислите каде би можело да биде скриено. Исто така добра идеја е да барате знаци или предмети кои не се вклопуваат во околината, како што се забодени стапчиња, наредени камења и слично.

- И кај да најдам јас таква опрема?

Во денешно време секој смартфон има вграден GPS кој е повеќе од доволен за откривање на богатствата. Дури и ако немате смартфон, преку компјутерот може да видите на која локација водат координатите и како да стигнете до неа. Потоа може да ја испринтате мапата или едноставно да ја запомните. Најкористен сервис е Google Maps, но бидејќи координатите се универзални, може да користите кој што сакате сервис.

Едно видео на кои што отприлика објаснуваме за целиот процес:

И уште едно од првото криење:

Секакви прашања ќе бидат одговорени.
Се читкаме низ форум :)
 
Последно уредено од модератор:
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
twitter @hiddencash anyone? :D

BTW, одличен проект, браво!
 
Член од
2 јуни 2014
Мислења
3
Поени од реакции
28
И да, да напоменам. Регистрацијата не може да биде поедноставна. Пишувате e-mail и после тоа само си одбирате корисничко име и лозинка. Сите други податоци не се задолжителни, и е Ваше право дали ќе ги напишете или не.
 
Член од
15 мај 2014
Мислења
2
Поени од реакции
1
Супер проектче! Само напред, иако е многу непознато кај нас се надевам дека за брзо ќе се расчуе :D
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
текстов е геј и од тоа нема бегање без разлика колку е добра идејата

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
текстов е геј и од тоа нема бегање без разлика колку е добра идејата
Мислам дека треба да оставите на хомосексуалците да проценат дали и колку е нешто геј, зошто сте ми сумњиви вака прави хетерофили а као експерти за што е геј а што не е.

_________________________________

Он топик: Одличен проект! Нешто слично вака мислам се прави и во другиве држави само не знам колку прешло во традиција низ годините и колку е застапено и каде, но мило ми е што се дава шанса истово да се испроба и овде, ќе да покаже интересни резултати - ќе видиме :)
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
2.680
Поени од реакции
1.805
А чекај што богатство нешо пари,злато,сребро,дукати:D,дијаманти,драгон стоунс????:свиркам::свиркам::ROFLMAO::D
Онака прашувам дали ми се исплати да го барам
 
Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
А чекај што богатство нешо пари,злато,сребро,дукати:D,дијаманти,драгон стоунс????:свиркам::свиркам::ROFLMAO::D
Онака прашувам дали ми се исплати да го барам
змејски топки :icon_lol:
 
Т

Триптико

Гостин
Untitled.jpg аха...а зошто malwarebytes ве блокира од прва :cautious:
 
Член од
2 јуни 2014
Мислења
3
Поени од реакции
28
А чекај што богатство нешо пари,злато,сребро,дукати:D,дијаманти,драгон стоунс????:свиркам::свиркам::ROFLMAO::D
Онака прашувам дали ми се исплати да го барам
Целата поента на проектот не е да се збогатиме преку ова. Иако, не викам дека некогаш нема да има и телефони, таблети па дури и лап топи.
Поентата на сајтот е да стекнеме пријатели, да излеземе од дома и да ги видиме убавините на Македонија. (y)

Е ова се случва ко ќе му речиш на компјутерски нрдој "Излезете малку надвор поиграјте"...

Мајтапот настрана, интересно ова :D
Да. баш тоа е целата легенда за настанување на ова. Се решиле нрдојте да играат надвор и го направиле ова :гик::гик::гик:

Прегледај го приврзокот 94087 аха...а зошто malwarebytes ве блокира од прва :cautious:
Тоа им го прави на сите кои што го користат тој антивирус. Слободно додади го во исклучоци. Нема да ти влеземе дома и да ти го украдеме лап топот за да го сокриеме потоа :eek:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
Што го спречува некој психопат или педофил да намами некого на одредена локација и да го злоупотреби сервисот?
Мислам, океј, најверојатно ќе речете: „Па добро бе, што го тупиш - тоа може да го направи и на Facebook/Twitter, па и форумов“, ама самиот концепт на оставање „подароци“ и повикување на членовите да посетат претходно дефинирани локации некако ми ги пореметува цревата.

Онака, некој остава „подарок“ соодветен за девојчиња од 10 до 15 години, ги намамува во шума, ги киднапира и после завршуваат како бело робје... Или, знам дека по другиве македонски форуми имаше доста љубители на експлозивни направи и оружје, се врткаа и некои теми од типот „како да направиш бомба“ и тн. Можеби идејата на авторите е невина и искрена до коска, ама што ако некој реши да си поигра со вас и намонтира некоја експлозивна направа или да стави некаков штетен агенс кој/а ќе се активира/ослободи при отварање на тоа теглата? Не мора да е убиствено силна, ама доволно е некој да сака да се пошегува со друг член и да направи беља :(

Како вие ќе имате увид во тоа кој го крие „богатството“ и што се крие во него?
Дали ќе го знаете вистинскиот идентитет на членовите во случај нешто да тргне наопаку?
Дали некој ќе ги одобрува „подароците“ пред тие да бидат оставени на одредена локација?
Што мене, како родител, би ми дало сигурност дека играта нема да тргне наопаку и да го оставам моето дете да си игра на „Пронајди.ме“?
Кои сте вие? Која компанија стои зад проектот? Тоа „група на луѓе со авантуристички дух“ не ми значи многу... Од каде да знам дека ова не е само уште еден проект на некоја од сектите кои оперираат во Македонија?

Океј, знам дека звучи како премногу, ама човек никогаш не може да биде доволно сигурен... Не знам за вас, ама јас би бил исклучиво претпазлив пред да се вклучам во играта.

Патем, уште не ми стигнал мејлот за регистрација.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209

па не е премногу.....иако се работи за игра, доколку не се превземат сигурносни мерки, било кој со извитоперен ум може да го злоупотреби сервисот и да предизвика несакани последици
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
4
Што го спречува некој психопат или педофил да намами некого на одредена локација и да го злоупотреби сервисот?
Мислам, океј, најверојатно ќе речете: „Па добро бе, што го тупиш - тоа може да го направи и на Facebook/Twitter, па и форумов“, ама самиот концепт на оставање „подароци“ и повикување на членовите да посетат претходно дефинирани локации некако ми ги пореметува цревата.

Онака, некој остава „подарок“ соодветен за девојчиња од 10 до 15 години, ги намамува во шума, ги киднапира и после завршуваат како бело робје... Или, знам дека по другиве македонски форуми имаше доста љубители на експлозивни направи и оружје, се врткаа и некои теми од типот „како да направиш бомба“ и тн. Можеби идејата на авторите е невина и искрена до коска, ама што ако некој реши да си поигра со вас и намонтира некоја експлозивна направа или да стави некаков штетен агенс кој/а ќе се активира/ослободи при отварање на тоа теглата? Не мора да е убиствено силна, ама доволно е некој да сака да се пошегува со друг член и да направи беља :(

Како вие ќе имате увид во тоа кој го крие „богатството“ и што се крие во него?
Дали ќе го знаете вистинскиот идентитет на членовите во случај нешто да тргне наопаку?
Дали некој ќе ги одобрува „подароците“ пред тие да бидат оставени на одредена локација?
Што мене, како родител, би ми дало сигурност дека играта нема да тргне наопаку и да го оставам моето дете да си игра на „Пронајди.ме“?
Кои сте вие? Која компанија стои зад проектот? Тоа „група на луѓе со авантуристички дух“ не ми значи многу... Од каде да знам дека ова не е само уште еден проект на некоја од сектите кои оперираат во Македонија?

Океј, знам дека звучи како премногу, ама човек никогаш не може да биде доволно сигурен... Не знам за вас, ама јас би бил исклучиво претпазлив пред да се вклучам во играта.

Патем, уште не ми стигнал мејлот за регистрација.
Не мислиш дека скептицизмот го имаш однесено малку над границите на екстремното? Ако гледаме така, некој може да остави бомба во канта за отпад во парк и да разнесе некого. Може да објави дека има некоја камп-журка (сосема нормална работа во светот) со гратис скара и да намами деца за да ги силува подоцна.

Во суштина ти како родител не би требал воопшто да ги пушташ децата да шетаат низ шума сами и ако нешто им се случи тоа би било твоја грешка. Не ти треба некој geocaching сајт за да го обвиниш ако си потфрлил како родител.

Од тоа што јас го видов, секој одговара за тоа што сокрива како подароци. Имаат момците напишано правилник таму што смее а што не смее. Мислам дека не смееше храна и пијалоци, за да не дојде до труење, ниту пак смееше некои гадни работи како гаќички, инсекти и слично. Неизбежно е дека ќе се најде некој морон што ќе го направи тоа, ама веројатно ќе биде веднаш баниран.

Не сум сигурен колку би било фер да очекуваш од двајца администратори (студенти, ако не се лажам) кои од свој џеб го плаќаат проектов, да патуваат и да го проверуваат секое богатство пред да биде објавено само затоа што на некои членови им е страв да не најдат во теглата измочани гаќички.

Geocaching-от е светско хоби со милиони корисници, не е ова ништо ново ниту револуционерно. Не мора админите да измислуваат топла вода со некакви невидени правила и мерки за да го задоволат секој можен скептичен ум. На крај краишта, ако не ти се допаѓа или ако ти е страв, едноставно не го практикувај хобито и не им дозволувај на децата да се вклучат. Нема причина за понатамошно цепидлачење.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom