квиз Арена

Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Најдобар квиз беше Енигма на Телма. Се после тоа е за никаде, освен Милионерот нели.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Вчера за прв пат го гледав квизов. Нема никаква атмосфера како за еден квиз. Круг на знаење е каде каде поинтересно:)
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Треба на крај да направат некое прашање да одговара и публиката иначе вака они освн за аплаузи се небитни додека трае квиз епизода.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Сонувај дека некој ќе го земе милионот во Се или нешто. Последните две сезони секоја имаше по 215 емисии,значи 430 емисии во двете последни сезони и милионот беше во кутија на играч 5 или 6 пати.
И тоа, гледаат ликови кои по психа и карактер не се ризикувачи таквите ги пуштаат со милион во игра.
И да, секогаш мора играчот да води 3 во публика на секое снимање, тоа е малтретирање. Сум учествувал во Се или нешто и ова од лично искуство го пишувам.

КвизотАрена е аматеризам. Но го следам, бидејќи сакам квизови на знаење, иако можело и подобро.
Секаде квиз се прави за пари. Кој покаже знаење да зема пара. 5.000 се мизерија, и ретко играчот да ги земе сите тие 5.000.
И ако се само 5.000, и на нив се одбива данок од 10%. Јас и партнерот во Без Поени земавме 2.000 утешителни па и на тоа ни одбија 10 % на данок. :D
Публиката е очај, но барем веројатно телевизијата сама си ја наоѓа публиката и веројатно ги наоѓаат по улици и за сендвич и сок ги носат во телевизија. Барем не мора играчот во Арена да носи публика. Иако чинам имаше и малолетници во публиката, а не сум сигурен дека е дозволено во квизови да има малолетна публика.

Нема шанси за Арена да се пријавам, иако обожавам квизови на знаење. И се сметам себеси дека имам знаење.
Последните 12 години сите можни квизови на знаење на ХРТ активно ги следам. Тко жели бити милијунаш, Најслабија Карика, Све у 7, Један против 100, Потјера, Волим Хрватску.......
Нема да се падне милионот ама израчунај колку пари се добиени во една сезона, има луѓе по 300 илјади земале. Ништо немаше да биде страшно ако во Арена имаше некоја таква главна награда, 5000-6000 евра, така да тука се согласувам и јас.
Хрт е друга приказна, штета што не ја фаќам. :)
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Нема да се падне милионот ама израчунај колку пари се добиени во една сезона, има луѓе по 300 илјади земале. Ништо немаше да биде страшно ако во Арена имаше некоја таква главна награда, 5000-6000 евра, така да тука се согласувам и јас.
Хрт е друга приказна, штета што не ја фаќам. :)
Во се или нешто слабо стојат со издавање на пари.Комшијава играше пред година ипол ама не сум баш сигурна дека ги има уште земено а збориме за солидни пари

Sent from my SM-J200H using Tapatalk
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445

Сума сумарум некаде до 2 милиони денари да освоиле вкупно 215 играчи во една сезона. Прашање е дали и толку освојуваат.

Малкумина има од 215 играчи во една сезона да земале околу 300.000, во сезоната 2014/2015 само еден лик Ајро освои 285.000, а ланскава сезона 2015/2016 двајца мислам земаа нешто испод 300.000. Многу ризик треба за такво нешто, се знае милионот не е во кутијата на играчот а мали се шансите и 250.000 или 100.000 ретко и со овие суми играат играчи, и треба луда среќа да се сочува милионот до последна кутија. И безобразни се, кога некој претходно се откажал, а пак останал до крај милионот тогаш е понудата со шест тројки 333.333, а Ајро имаше ситуација 100.000 и милион во игра и бидејќи не се откажал тогаш понудата е 285.000.

Во Арена на најдобриот од 4 играчи реално е да дадат 500 евра, на вториот 300, третиот 200 и четвртиот да земе 100 евра. А на публиката ништо не треба да дадат, освен една дневница и сендвич и сок што си го трошат времето во студио.
Многу е во Арена награда каква што ти ја напиша. Во Хрватска ХРТ дава во своите квизови такви вредни награди како што ти си пишал дека треба во Арена, но ние сме далеку од Хрватска.

Се земаат парите од Се или нешто, те лаже комшијата. ;)
Јас земав после 50 дена од денот кога се емитуваше мојата емисија. Земав од тие понудите што се добиваат после 4 рунда. Не ризикував иако после 5 рунда ќе земев и повеќе пари, милионот остана во игра.
Моја другарка таму играше и зема понуда после 5 рунда, и на неа парите и беа исплатени.
 
Главна награда мислев, а не ко сегашниве 5000 денари. Не е мала, што се 300.000 за главна награда, барем ќе се мотивираат луѓето. Па на Милионер секоја недела по 200.000 земаа и никому ништо. :)
 
Баш за Милионер имам слушнато дека на многу луѓе не се исплатени парите.
Другарче иако падна на 8 прашање поради слушање на џокер публика и зема 5.000. Тие пари тој на секого има кажано дека не му биле исплатени.
Исто имам слушнато од луѓе за еден човек од Куманово кој зема 2 милиони, одговори човекот на 14 прашања и на 15 се откажа човекот иако после и тоа 15 прашање беше точно одговорено, исто и на тој човек не се исплатени парите.
Ова го имам слушнато и од пријатели, и од познаници, и од пријатели на мои пријатели.... од круг на луѓе.

Ајде па и ти, какви пари за натпреварувачи, знаењето и способноста во Македонија ретко се ценат, вреднуваат и наградуваат.
Битно да има пари за водителките и водителите постојано да менуваат стајлинг, да имаат нова гардероба и нова фризура за секоја емисија.
Круг на знаење исто нема квалитетни награди за играчите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom