Не.
Бог ги створи Адама и Ева, а воедно и нас, за да Го славиме (нашиот Творец) и бесконечно да ги примаме Божјите знаења и енергии.
Мачењето дојде ради „утката„ која ја напраија Ева и Адам-како казна за гревот нивни.
Реков ќе се вратиме на Змијата и гревот за жал. Ама ајде нека е така. Болдот повторно не го негира Хедонизмот како една од главните рољи наменети за човековиот вид. Ние ќе си го славиме Бог и понатака, и ќе ги примаме неговите знаења и енергии но ништо од тоа не би требало да го спречи човекот да ужива со сите свои сетила. ДОТУКА ЌЕ СЕ СЛОЖИШ СЕКАКО, БИДЕЈЌИ УШТЕ ЈА НЕМА ЗМИЈАТА И ГРЕВОТ.
Е сега моментот на грешката мене ми е многу сомнителен. Дури сметам дека е додаден од некои други мрачни сили од Константин наваму за да се наметне чувство на вина и покајание за истата и искупување з аистата таа вина цел живот.
Неверојатно е Светите Тројца, БОг, Светиот ДУх и Синот во сета своја моќ и желба да створат битие налик нивниот образ, да си дозволат пропуст со змијата, и откако е пропустот направен да не можат да го поправат кварот.
ТУка с енаметнуваат неколку прашања:
-Зошто светите Тројца решиле да го создадат човекот? Стихот потврдува која е улогата на човекот откако ќе биде создаден, но не и потребата на Светите Тројца да создадат човек?
-Зошто Сатаната , Луцифер или како и да се вика се одлучува да ја придобие новосоздадената креација на Бог? Само за да му пркоси или има некоја цел?
-Очигледно е дека и пред создавањето на Адам и Ева постоела битката меѓу Луцифер и Бог. Зошто тогаш насред жариште решава Бог да не создаде нас, патем кажано многу не сака нели, и д ане втурне во таа безмилосна битка меѓу доброро и злото?
- И ај што решил да не создаде, кај Луцифер се обидува да не придобие и да ни наштети оти Бог не напраил, и згора на тоа и нашиот творец решава НАС ДА НЕ КАЗНИ оти сме згрешиле??? Па како Адам и Ева ќе се спротивстават на едно вонвременско суштество така тазе направени?
-Ваквиот развој на настаните изгледа како да сме играчка во рацете на вонременскиот Бог и неговиот истотака Вонвременски противник.
-Испаѓа дури и дека ние страдаме ради Творецот што не казнил? а не заради Луцифер? Ова со казната му доаѓа како не можеш по магарето(Лукавиот) удри по самарот(човекот).