Што се` сте жртвувале во љубовта ?

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Понекогаш во живтот секој од нас жртвувал барем одреден период во врска со љубовта.
Заслепени од убавината на некоја дама/ дечко, изненадени од начинот на комуникација, хемијата која се раѓа секој ден се повеке и повеке, долгите ноки исполнети со премногу мисли и размислувања, новонастанати планови и желби.

Што вие сте жртвувале во љубовта ?!
- Можеби се каете што еден период ја запоставивте работата, друштовото , пријателите, го изгубивте времето за забава, рекреација, ја жртвувавт вашата слобода,
-Можеби се каете за чуствата кој биле толку јаки , исполнети со љубов, и приказна со неславен крај.
-Можеби се жртвувавте самите себе си, целата ваша харимза, желби , среката што навидум ја имавте, а далеку од реланата слика од вашата вистинска љубов.

Кога сега во овие моменти се прашам..што ја сум жртвувал за таа љубов..за мене вистинска..Но за жал ..невозможна...престанав со фудбалот, ги потрошив сите чуства во еден момент бев празен..попуштив со факултетот..многу пријатели почнаа со др. очи да ме гледаат, жртвував слобода се жртвував себе за својата срека ..да направам една особа уште посрекна од мене..но за жал ..приказната неславно заврши...
Се прашувам овој пат дали сум подгвотвен да се жртвувам пак ?! ЈАС - да
А вие драги мој пријатели ?! подготвени сте да се жртвувате за среката ваша..покрај тоа што ке изгубите мн. работи на тоа ваше патешествие додека налетата не некој мили очи насмевка и срце исполенто со љубов..

Очекувам да ги споделите вашите искуства.:helou:


п.с. ако има ваква тема..фрлајте во губре.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Не го жалам времето што сум го поминал со девојка затоа што тогаш ми било убаво .... е па сега ако не ја бива не ја бива и крај
нема потреба да жалиш за поминато време со некоја доколку си бил на 7-мо небо кога си бил со неа

Еве на пример јас поминав 4 години со една ... не ја биваше работата од кога .... (ај сега не ќе објасвам шо било-како било не ја биваше )
Поминатото време со неа ми беше преубаво така да ич не жалам што сум пропустил скитање со другари,кафиња,журки итн
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Izleguvanje so drugarki:pos2::pos2::pos2::pos2:
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Кога е прашање љубовта кај мене јас би дал се се давам себе а за возврат само барам милост и немилост во нејзините прегратки и да знам дека ме сака и секое мое мислење го прифаќа,да тие моменти колку и да коштаат вредат,еден час со прекрасна девојка е како цел век да си поминал во слава,но сепак имам и јас граници и сакам на некој начин по одредено време да ми се вратат,било да ми напише нешто да ми каже што сака следно со мене,тоа ми значи зборови да ми каже те сакам е доволно да го терам цел ден.
 

La Española

Лекот е отров!
Член од
1 февруари 2007
Мислења
1.808
Поени од реакции
556
Najubavite godini si gi zrtvuvav poradi taa nevozmozna ljubov...:pipi:
 

ragazza

Adorable
Член од
3 јуни 2005
Мислења
2.870
Поени од реакции
29
Себична и недорастена бев кога ја имав најголемата љубов во мојот досегашен живот.
Детето доби фантастична понуда и огромна шанса за градење кариера надвор од државата , сакаше нормално и јас да се селам со него , е тука јас не мрднав ни милиметар.
Ладно после 4 и пол години само го откачив , и некогаш кога ќе се видиме ќе ме праша дали се кајам и искрено не се кајам. Само се срамам од мојот потез и од не жртвувањето .
Нареден пат ќе покажам по цврст карактер и ке се жртвувам , ај промисе .
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Buterfly напиша:
Izleguvanje so drugarki:pos2::pos2::pos2::pos2:
Се надевам дека навистина се зезаш, баш како што ми остави впечаток со емот-иконите:)


Работа, друштво, пријатели, време за забава никогаш не сум запоставила. Затоа не можам да кажам дека би се каела за такво нешто.
-Можеби се каете за чуствата кој биле толку јаки , исполнети со љубов, и приказна со неславен крај.
Имам таква приказна и не можам да речам дека се каам, само дека ми е жал што и покрај интензивните чувства од двете страни дошло до крај. А уште потешко е кога и двајцата и понатаму чувствуваат исто, а не се заедно.
За чувства не знам како може некој да се кае и да рече дека е изгубено време или некаква жртва. Не ми е сфатливо ако се работи за искрени:)

Сум жртвувала, сум се откажала од нешто што ми значело. Знам дека доколку не се откажев, немаше сега да биде вака како што е сега, ама сепак ни трошка каење нема. Сум сакала така, така сум постапила и без разлика какви последици ми донесе тоа, не се каам. Си создадов услови и повторно добив шанса да ги подобрам работите, не се откажав.

А за време поминато со некого... Може да сметам дека сум го жртвувала своето скапоцено време ако после раскинување се однесува како што не му доликува на разумен и возрасен човек.
 

Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
zrtvuvav mnogu raboti.. megju koi i doverbata na moite najbliski za nekoj sto ne znaese da go ceni toa
 

Potato

Cold hearted
Член од
18 мај 2007
Мислења
4.924
Поени од реакции
86
Pa, ednac zrtvuvav par vlecki. Decki, neli ste slusnale deka ako pravilno se rasporedi vremeto ima vreme za se? Pa, jas sum covek koj go zastapuva toa mislenje.
 

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Што и да сум жртвувала така сум сакала во моментот .. не жалам за ништо во животот... во моментот сум мислела дека личноста вредела да се жртвува толку па сум жртвувала .. човек на грешки се учи нели :toe:
 

^Cutie^

*Charming Princess*
Член од
22 март 2007
Мислења
869
Поени од реакции
1
2години од мојот живот сум жртвувала по едно дете што беше големо ѓубре!!Сега го мразам, тој период ми беше најтежок, најмрачен, најболен во цел мој досегашен живот..Толко болка и тага ниедно друго дете до сега ми нема нанесено!!И сега верувајте или не, не сакам да го погледнам...Едноставно го мразам!!!Единствената личност во животот што ја мразам, е токму тој - што го сакав повеќе од својот живот...
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
Себе си, здравјето и семејството. Еднаш и веќе јок!!! За век и векови амин :pop:
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Eh se zezam, taka mi dojde, ama ima i nekoi sto veke natamu koga ke fatat decko ne se gledaat so svoite drugarki, ama ne sum ni 1/4 od toa. Za ljubovta imam zrtvuvano mnogu, mnogu davam i sakam isto tolku i za vozvrat. Zrtvuvav znaci mnogu i vo nieden moment ne se pokajav zasto jas veruvam vo taa ljubov.
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
уфффф... ова сега што ке го набројам може некој ке си рече: Каков Идиот! а други ке си помислат дека ептен сум се уфилмал... како и да е многу малку знаат што се сум пожртвувал за последнава љубов, а и единствена мислам дека ми била? :toe:

значи уште на старт најмалку жалам за факултетот, оти имам 19 години и не ми е касно, можам и сеа да се запишам можам и за 5 години. Како и да е не дека немав желба туку навистина поради Анастазија не се запишав на факултет. Она ми предложи да се запишам и две години тука да учам другите две зависи каде ке идеме (Бугарија или Канада ни беа во план) ама како и да е јас си реков најубаво е заедно во исто време да се запишеме и заедно да завршиме итн... ајт да не дрвам.

Значи после тоа се одвоив од друштвото, сите пријатели, колеги и другари ме заборавија. Кога некогаш ке се видемве (најчесто еднаш месечно преку сила) ко да не ме виделе со години и секој ке речеше - те заслепи Анастазија? како и да е ни за тоа не ми е многу жал - барем целосно и се посветив и уживав во љубовта. А и подобро без другари оти они беа едни од поголемите виновници за тоа што не сум имал претходно стабилни и долги врски.

трето што сум жртвувал... па работата не баш. Навистина ми беше пред се работата - оти тоа ми беше вистинската иднина - за да можам да си ја задржам мојата љубов, оти работава освен што ме исполнува воедно и ми дава сигурност, посигурна иднина (недај боже утре несакајки дете да ми се роди - од татко ми ни на крај памет за пелени да барав пари :) хахаа) ама пак од друга страна од работата ги жртвував работните часови. Наместо да седам фулл работно време знаев да киднев порано - само да се видам со љубовта.

друго што имам пожртвувано... се ебаго... уште да се убиев за неа:)
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Убаво беше додека траеше и заврши. И сега што? Да се каам за некои моменти кои засекогаш ќе му припаѓаат само на минатото? Нема шанси.
Секогаш наоѓав време и за него, и за друштвото и за моите дома. Не сум од тие што ги запоставуваат оние околу нив и секогаш се трудам да најдам време за се.
Никогаш не сум можела да прифатам да ги жртвувам сите навики кои сум ги стекнала до сега, поради некој кој штотуку влетал во мојот живот.
Не се каам дури ни за чувствата, без разлика како сето тоа заврши. Сепак сум човек кој учи од своите грешки. Се што ќе помине во животот претставува искуство повеќе. А пред мене има уште толку многу, што не сакам ни да помислам да живеам постојано мислејќи на минатото.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom