Сакаам кога шетам некаде со слушалки на уши, и музиката што ја слушам ме инспирира... Обожавам кога сум жедна и кога ќе се напијам Браво Мултиред. Сакам да читам добри книги. Сакам кога е пролет и се е зелено надвор, да е доволно топло за да можам по кратки да излезам надвор и да поседам на тераса, да поразмислувам, да уживам... Сакам кога мислам дека ќе прснам од среќа, и кога личност што ми значи ќе ме фати за рака... Сакам од време на време да затворам очи и да се препуштам на ритамот на музиката... Сакам мирис на искосена трева. Сакам да изедам сочен портокал откако ќе се разбудам. Сакам да пробувам нови вкусови... Сакам да се печам на плажа некое време и потоа одеднаш да се затрчам во водата и да испливам еден круг. Ахх би сакала да можев да дишам во вода, како риба би се чувствувала. Сакам да откривам нови песни. Сакам пеперутки. Шаренило. Природа.