Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Знаеме дека пред некој месец беше ангажирана Моника Маковеј како советник на моменталната власт.
Дали мислите дека Маковеј од позиција на советник ќе биде способна да ги среди големите риби исто како што тоа го направи во Романија?Вечер 19.07.2007 напиша:АНТИКОРУПЦИСКАТА ЅВЕЗДА, РОМАНКАТА МОНИКА МАКОВЕЈ, ЈА ПОЧНА МИСИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА
Нема мисија без европска комисија
Моника Маковеј, советничката за антикорупција на Владата веќе десетина дена ги скенира институциите кои работат против корупцијата, а ја чита и македонската легислатива, за до септември да го изготви својот план и да и предложи на Владата конкретни антикорупциски мерки. Од своето досегашно искуство како министер за правда во Романија, Маковеј вели дека најтешко се сузбива политичката корупција.
- Во Романија се борев со политичка корупција и некои корумпирани политичари. Тоа е најтешко, бидејќи кога се стига до големите риби од политичкиот врв, одеднаш гледате како сметаат дека не треба поддршка во борбата против корупцијата и сметаат дека институциите се премногу независни - изјави Моника Маковеј, советничка на Владата во борбата против корупцијата. Во Романија, според Маковеј, голем проблем била несоработката меѓу институциите во борбата против криминалот и корупцијата. Антикорупциската ѕвезда на Југоисточна Европа смета дека може да ја подобри соработката меѓу македонските институции и европскиот директорат, за вистински да бидат вреднувани домашните резултати, а и преставниците на обвинителствата, судовите и сите други институциите да научат да работат по европски стандарди.
Таа дојде во земјава по отворениот конкурс на Британската амбасада за советник во Македонската влада против корупцијата, како дел од британскиот проект за поддршка на Македонија во борбата против корупцијата. За нејзиниот ангажман одвоени се околу 600.000 евра на годишно ниво, односно 400.000 Фунти. Таа е американски магистар по правни науки, а само за време на нејзиното министерување во романската влада, со пресуди дека се виновни за корупција и криминал завршија: 7 пратеници, 2 лидери на најголемите романски партии, 2 заменици министри, 1 вицепремиер, многу избрани функционери и други. По нејзиното заминување, уште неколку пратеници и членови на Владата завршија како виновни, поради законските измени и нивната имплементација во судскиот систем во Романија, што им овозможи целосна независност во делувањето на надлежните институции.
(Р.В.)