Следува хронологија на летот, несреќата и сите случувања поврзани со трагичната смрт на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и членовите на делегацијата и екипажот.
26 февруари
06:48 - Авионот Кингер полетува од скопскиот аеродром кон Мостар по маршрута на обласните контроли на летање - Скопје - Албанија - Србија и Црна Гора - Босна.
08:01 - Воздушната контрола на СФОР го губи авионот од радарската контрола на подрачјето околу Столац, 30 километри јужно од Мостар. Во тој момент контролата на летот ја извршувале француски припадници на СФОР.
08:15 - Воздушната контрола на СФОР и јави на Федералната дирекција за цивилен сообраќај дека е изгубен радио контактот со авионот на Владата на Македонија во кој се наоѓаше и претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, соопшти претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ.
Прочитајте го ова :
11:00 - Претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ потврди дека авионот на македонската делегација се урнал кај Столац во близина на Мостар.
11:30 - Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Муслиманско-хрватската федерација Неџад Вејзагиќ, соопшти дека спасувачките екипи го пронашле местото на уривањето на авионот и оти никој од патниците не преживеал.
11:40 - Претставник на босанските власти соопшти дека спасувачките екипи на Република Српска во реонот на село Битуње, општина Берковиќи ги пронашле остатоците од авионот со кој патуваше македонскиот претстедател Борис Тајковски.
13:30 - Претседавачот на Претседателството на БиХ Драган Човиќ соопшти дека Државната дирекција за цивилна авијација формирала истражен тим кој ќе ги испита сите околности. Тој додаде дека Советот на министрите на БиХ на местото на несреќата го испрати министерот за безбедност Бариша Чолак и министерот за надворешни работи Младен Иваниќ.
Па ова :
16:00 - Спасувачките екипи на СФОР и на босанските власти, што на локацијата Долно Битоње трагаа по остатоците од авионот на македонскиот претседател ја прекинаа потрагата на таа локација без да пронајдат ништо. Потрагата продолжи на други локации на планината Врсник на кои се претпоставува дека паднал авионот.
16:30 - Портпаролот во Кабинетот на претседателот на Република Македонија Андреј Лепавцов изјави дека во Кабинетот нема официјална потврда за судбината на претседателот и за членовите на делегацијата која патуваше со него.
16:45 - Македонската државна делегација, предводена од премиерот Бранко Црвенковски, пристигна на Скопскиот аеродром од Даблин каде што требаше да биде поднесена апликацијата за членство на Република Македонија во Европската унија.
17:00 - Портпаролот на СФОР Дејл Саливен демантира дека е пронајдена локацијата на која се урнал авионот. Министрите за надворешни работи и за безбедност, Младен Иваниќ и Бариша Чолак, исто така, изјавија дека не е пронајдено местото каде што се урнал авионот.
17:00 - Уставниот суд до овој момент нема добиено никакво официјално известување за судбината на претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, изјави претседателката на Уставниот суд Лилјана Ингилизова - Ристова.
17:30 - Владата на Република Македонија одржа вонредна седница.
19:30 - Седница на Советот за безбедност на Република Македонија.
20:00 - Поради лошите временски услови прекината е потрагата по авионот со кој патуваше претседателот Борис Трајковски.
27 февруари
07:00 - Војници на СФОР со хеликоптери ја продолжија потрагата по остатоците од авионот на претседателот Трајковски. На терен се упати и екипа од македонското Специјално владино тело што претходната вечер допатува во Мостар.
08:30 - Спасувачка хеликоптерска единица го лоцира местото каде што се урнал македонскиот авион, информира Службата за потрага и спасување при Дирекцијата за цивилно воздухопловство на БиХ.
10:30 - Министерот за правда Иџет Мемети информира дека во 10 часот и 15 минути првиот хеликоптер на босанските власти предводен од Меџида Крес заменик-јавен обвинител, задолжена за овој случај, тргнала на терен со уште еден техничар.
10:30 - Официјални претставници на СФОР и босанската полиција го известиле Кабинетот на претседателот на Република Македонија за локацијата каде што вчера се урна авинот со кој патуваше шефот на државата Борис Трајковски и делегацијата.
11:00 - Во реонот на Ротимља, 20 километри јужно од Мостар пронајдени се две тела и опашката на авионот, изјави босански официјален претставник од истрагата Исмет Јамакосмановиќ.
11:30 - Босанските медиуми јавија дека авионот со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски се урнал на котата 524 што се наоѓа во близина на селото Хусковиќи, 15 километри од Мостар.
12:00 - Телото на претседателот Борис Трајковски и уште осум други тела се пронајдени од страна на екипите на Федерацијата на Босна и Херцеговина, на СФОР и на македонските претставници, изјави портпаролот на Владата на Република Македонија, Сашо Чолаковски посочувајќи дека ова се уште се неформални информации.
12:30 - Македонскиот заменик-обвинител Роксана Крстевска соопшти дека се пронајдени едно јагленисано тело, едно што не е изгорено и делови од уште пет тела. Таа потврди дека е пронајдена и црната кутија од урнатиот авион.
13:00 - Информацијата за пронаоѓањето на телата на загинатите е соопштена и на прес-конференција во Мостар на која присуствуваа македонскиот министер за правда Иџет Мемети и босанскиот министер за внатрешни работи.
На кој да веруваш... Нешто ми вели дека не е несреќа... :roll: