Све можам да разберам ама да ме споредуваш со некого(Љубчо) тоа не можам , и од кај виде дека имитирам некого
КОГА ОВА ОВДЕ Е ОРИГИНАЛНО од
Ма-Ста-Пе.И КАДЕ БЕШЕ ДО СЕГА Стави некоја песна од Љубчо да видиме кај го тоа имитирам.Ако си му него љут добро во ред е. Не мора толку да се тревижиш за
ЕДНА ДЕБИЛНА ПОЕЗИЈА и да ти кажам од толку луѓе ти си првиот што не му се допаѓа па и ова е нормално на секого не може да му се допаѓа
ДЕБИЛНАТА ПОЕЗИЈА НА Ма-Ста-Пе.А Македонија тоне не ради мене туку ради тие што се спомнати во песните,јас сум самоеден обичен
СИРОМАШЕН МАКЕДОНЕЦ желен за нормален живот како и сите. Зашто си толку лут и растревожен на мене кога не ме ни знаеш тоа ме мачи ништо друго. Седи си создравје и пак да читаш можеби и ќе ти се допадне нешто и ќе видиш дека нема врска со Љубчо
ДЕКА ОВА ОВДЕ Е ОРИГИНАЛНОод Ма-Ста-Пе
КИКИРИКИДАГЛАС КАЖИ КОЈА ПЕСНА ТЕ ЗАБОЛЕ ЌЕ ЈА ИЗБРИШЕМЕ АМА ИЧ НЕ Е ПРОБЛЕМ.
Ниту една, мене не ми е јасно како сеуште седат во уметноста и литературата, а не во сеир, бидејќи немаат никаков литературен или уметнички квалитет вреден за помен, освен како твој личен дневник, споменар или слично.
Инаку, јас не те споредив со зла намера со Љубчо пиздолизие, туку го споменав како уште еден "доајен" на стихоклепството кое ни преку квантитет нема да даде квалитет.
Не велам да ги нема, ама некако не ми се за во подфорум литература и уметност.
Инаку, ако е отворен и јавен форум, имам право да коментирам, како и да дадм свој суд и мислење кое не мора никому да му се допадне. Нели :wink:
Ова не е прашање,туку заклучок.
Јас појма немам што пишувал дотичниот, горе споменат. Но дечково гледам дека си го прераскажува своето секојдневие на својствен начин. Некому му е комично, некому трагично. И ако нема квантитет, квалитетот тешко дека ќе исплива на површина.
А сигурен сум дека Garfield има квалитет во себе, а ова е начин како го покажува.
Прашањето ми беше поставено во пост скриптумот, а заклучокот како мој став во заглавието и самиот пост.
Нема да најдам квалитет во стихоклепство, колку и да е обемно, многу, со томови изнапишано, барем јас нема!
Не можам како поет да погледнам нешто вакво и да го подведам под заеднички именител со тоа што навистина се нарекува поезија.
Ништо лично, ама забележав 25 страни од римувани реденки, чие место е да бидат во ЧДА, како хумористичен приказ или јавно споменарче да авторот, а не во овој подфорум.
Нејсе, само сакав да подвлечам дека мене покрај тоа што не ми се допаѓа, сум навреден што е во овој подфорум. Мое лично мислење со кое никој не мора да се сложи.
Но, си има одговорни, кои си проценуваат што и како, јас не сум арбитер за ништо освен за своите мисли, а за понатаму, веројатно Вардар ќе продолжи да тече и да се влива во Егејот, матната вода негова и натаму бреме ќе влече, со надеж дека еднаш целото ќе го одвлече отаде граница и нам да ни се олесни.
И тн.