Што мислите за новиот Renault Meganе?

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Snajper напиша:
Reno Megane e TOP AUTO!!!!
Jas vozam Reno Megane Sedan 1.5 DCI so 106 PS.
Kolata ima prekrasna voznja...limuzina e...so ogromen bagaznik, mala potrosuvacka...brza.....i ima edno cudo oprema.......

Za tie pari se dobiva kola koja e golema recisi kolku Ford Mondeo, a Mondeoto so taa oprema e okolu 6-7000 evra poskapo....
a za rasipuvawe dosega ne mozam da se pozalam ama aposlutno na nisto
Ке кажеш откако ке поминеш 30,000-40,000 како ке биде. Мислам на летвата, електрониката, а да не ги споменувам резервните делови од тип на филтри каиши масла кои се поскапи за Рено.
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
УДОБНОСТ ПРЕД СЕ!!!!

Dzish напиша:
Ке кажеш откако ке поминеш 30,000-40,000 како ке биде. Мислам на летвата, електрониката, а да не ги споменувам резервните делови од тип на филтри каиши масла кои се поскапи за Рено.

Мене прв сервис ми беше на 10 илјади.....и ме чинеше точно 3800 денари
сменија комплет филтри (без поленовиот) и уље........
што се однесува до летвата..........имав слушнато за тоа...и ги прашав кога ја купував.....пошто мојата е од новиот модел (рестилизираната) рекоа дека тоа бил квар кој се јавувал и дека сега е отстранет....ама во секој случај на 10 илјади ја исконтролираа и кажаа дека е топ...а најискрено и јас така ја осеќам.....
Кога одам накај Охрид ..... на автопат од Скопје до Гостивар возам просек од 160 - 180 км/ч, а после пресека до Подмоље (освен кај шо знам дека има Полиција и кај шо е ептен јака кривина) околу 150 ја стегам без проблем......
Верувај ми да има некој проблем со управувањето...со летвата...или нешто слично.....немаше да возам така......
Иначе ќе ти кажам зошто купив Рено.....имам пријател од Германија....кој возеше Renault Espace 2.2 diesel.....човекот помина преку 500 илјади километри со колата без никаков проблем....
јас лично ја возев кога имаше околу 390 илјади....и тоа Охрид-Скопје, значи релативно подолга рута.....барем пластиката не и крцна....
Мојата кола има 2686mm меѓуосовинско растојание....тоа ако се разбираш е доста многу и карактеристично е за лимузини...прекрасна удобна вожња има......кога ќе ставам во 6-та на автопат, со 2500 обртаи 140 на сат....како во авион да си...еден шум не се слуша од надвор....само радиото си свири и уживам.....
Затоа како сопственик (значи кај мене е проверено) им ја препорачувам колава на сите што размислуваат да ја купат.....:back:
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Снајпер не разбирај погрешно, но за секоја марка на кола и за секој модел многу зависи од тоа како ќе ти се погоди. Еве јас во германија читам во AUTO BILD дека има и некои кои земаат ауди 6 па неможат глава да дигнат од дефекти. НО тоа не е репер за тао коклу е квалитетно возилото што го поседуваш. Работата е во тоа што еве тука во гермнаија од AUTO BILD прават статистички испитувања, кои се базираат на мислења на сопственици на некој определен модел, марка, и резултатаи од местата каде што се врши технички преглед каде се гледа статистички колку одреден модел односно марка нуди квалитет.
резултатите за минатата година изгледаат вака: 1. Mazda, 2. Toyota, 3. Honda, 4. Hyundai, 5. Nissan, 6. Chevrolet, 7. Volvo, 8.Suzuki, 9.Mitsubishi, 10. Opel, 11. Audi, BMW, Smart, 14. Skoda, 15. Mercedes, 16. Ford, Seat, VW, 19. Kia, 20. Alfa Romeo, 21. Citroen, 22. Renault, 23.Fiat, Peugeot

Е сега што вика оваа листа, оваа листа не вика дека твојот меган е неквалитетен, туку вика дека кога ќе купуваш Рено шансите за да ти се падне кола која ќе ти се расипува тие се далеку поголеми од да речеме Мазда. А како птврдаза ова е дека при 100.000 километарските тестови мазда 6 е единствена која немала ниту еден дефект.
Али како што кажав многу е битно како ќе ти се погоди колата, освен тоа не станува збор дали ти крцка шалтаблата (тоа може денес само кај старите југовци да ти се случи) туку појава на корозија на шасија, на деловите кои се поизложени кон патот, проблеми со електриката и сл.
Само да те предупредам дека според статистиките на AUTO BILD најмногу проблеми се појавуваат со електрониката и со кочниците, така да внимавај. Верувај ми од искуство занм дека овие предупредувања се точни, бидејќи кога ги споредив наодите во нивните испитувања со тоа што се се има случено со моето Палио викенд, воочив дека се појавуваат потполно истите проблеми.
 
Член од
1 јуни 2007
Мислења
404
Поени од реакции
2
Bacillus gagous напиша:

Да де...те разбирам...во секој случај и јас ги читам тие списанија и отприлика ми се познати тие податоци...
и точно...се слагам со тоа како ќе ти се погоди колата.......
и во секој случај репер за квалитет не ми е дали ќе крцка пластиката или не....туку тоа го кажав како нешто најбанално што ако немаш што друго да замериш....... е баш тоа е тоа

е сега кое е моето размислување.......
јас поминувам околу 20 илјади километри годишно....
гаранција на мотор имам уште околу една година.....значи што ќе појави до тогаш....тоа е тоа....
гаранција на каросерија имам вкупно 12 години...каде влегува и механиката (непотрошниот материјал).....е тоа сигурно нема да им го простам....ако не дај боже се појави......

тоа ми дава определена сигурност сега за сега......

Иначе при купување на колата сите од таа класа ги извозев...ги пробав....и низ град и на отворено...и најискрено.....удобноста ми беше пресудна.......
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.702
Поени од реакции
27
Според мене, возилото да е квалитетно треба да ги задоволи следните услови

1) Квалитетни материјали (пластика, составот на металот и сите останати компоненти) и моторот се разбира, квалитетни делови, подвозје итн итн...
2) Добра лимариска заштите од корозија
3) Компанија која ќе се грижи и по 30 години од моделот да снабдува нови делови и по пристапни цени
4) Безбедносна опрема (АБС,Воздушни,ESP...)
5) Солидни резлутати на безбедносните тестови
 
J

JohnnyMass

Гостин
Не ми се допаѓа дизајнот како да му исекле дел од газот така изгледа.А сега за квалитетот да не збориме.Секој втор кого го познавам алувал со 206-ката.Рено не е за долг пат.Затоа преферирам Волксваген.Барем знаеш дека и по 150 000 километри поминато нема да треба хаубата да му ја подигнеш.
 
Член од
12 јуни 2007
Мислења
42
Поени од реакции
0
ne mi se veruva deka otvorivte tema za kvalitet na renault..?!
:lud:

neam komentar.. poso nema ni kvalitet
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Ima kvalitet ama ne kako negoviot daleku podobar sonarodnik Peugeot. Na Peugeot kolite se grom. Nema podobri. Em se kvalitetni em se so popristapni ceni od drugite, osven od Chevrolet.
 
STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Не ми допаѓа дизајнот на хечбекот, другите изданија се ок, башка меганот ме нервира пошто има многу стерилен и непрезицен управувач, а и квалитетот не е нај нешто
 
KINDER

Манчестеристратор
Член од
28 јануари 2007
Мислења
2.434
Поени од реакции
45
И мене не ми е по кееф многу меганот општо праам муабет за сите модели!:toe:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
133
Поени од реакции
0
Не е лоша кола.
Проблема при ком'н рејла на 1.5 дци е че иска качествен дизел иначе се запушва ЕГР клапана.
1.6 16V бензин е по-удачен може би, затова е и по-ск'п, поне при нас.

Којто има по-специфични питанија да заповјада Рено Клуб Б'лгарија
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Не е лоша кола.
Проблема при ком'н рејла на 1.5 дци е че иска качествен дизел иначе се запушва ЕГР клапана.
1.6 16V бензин е по-удачен може би, затова е и по-ск'п, поне при нас.

Којто има по-специфични питанија да заповјада Рено Клуб Б'лгарија
Сите современи дизел машини бараат квалитетен дизел, со многу мали количества сулфур, кој ја предизвикува сета „затнатост“. Треба 0,003 промила сулфур, а во нашава нафта има многу над тоа...
И, затоа дизел автомобилите кај нас многу брзо стануваат печки на нафта...
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Сите современи дизел машини бараат квалитетен дизел, со многу мали количества сулфур, кој ја предизвикува сета „затнатост“. Треба 0,003 промила сулфур, а во нашава нафта има многу над тоа...
И, затоа дизел автомобилите кај нас многу брзо стануваат печки на нафта...
Баш заради тој сулфур (или десулфуризатор кој го нема во окта) VW не дава гаранција на пумпа за висок притисок на сите дизел модели од нејзината групација.
:eek:ftopic:А баш за тоа може да се запне владава, па да ја тужи онаму каде што тие бараат некоја 50 милионска оштета за незнам си кој спор. А требаше делифуризаторот да проработи пред некои 2 години. Па уште и рекламираат дека имаат горива по европски квалитет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom