Што мислите за денешната состојба на македонскиот театар?

Лорд Зуко

I'm the protagonist of your life.
Член од
27 мај 2018
Мислења
18
Поени од реакции
7
Што мислите за состојбата на Македонскиот театар?
Покрај МНТ, Драмски и останатите театри во Скопје, добар глас ги бие и Прилепски, Битолски и Велешки театар.

Но, дали мислите дека имаме доволно добри претстави низ театрите, па воедно и во алтернативниот театар (доколку постои кај нас)?

Моето мислење е дека во Европа се појавуваат нови театарски изразни форми, а ние сме сеуште заглавени во Ех-Ју естетиката, стилот на глума и режија. Не велам дека тоа е лошо и неквалитетно, но да се оди напред и да се биде во чекор со времето не е на одмет на никој!
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.303
Поени од реакции
5.903
Ја препорачувам "Старицата од Калкута" Театар Џинот Велес, случајно имав прилика да ја гледам, така добра претстава ретко кога се случува и во МНТ и Драмски.
 
Лорд Зуко

I'm the protagonist of your life.
Член од
27 мај 2018
Мислења
18
Поени од реакции
7
Ја препорачувам "Старицата од Калкута" Театар Џинот Велес, случајно имав прилика да ја гледам, така добра претстава ретко кога се случува и во МНТ и Драмски.
Се сложувам со тебе. Ја имам гледано, одлична претстава!
 
K

kicodarker

Гостин
Значи најмногу мразам кога ќе речат “не им се гледа на луѓето претстава, немаат интерес за култура, слабо се продаваат карти...“
Во помаливе градови, прво и основно не е промовиран театарот.Ако евентуално имаат театрите профил на фејсбук што го води некој хигиеничар по домот, и два збора ако објави - арно.Воопшто нема комуникација,немаат фејс/веб страна,не се интегрирани со социјалните мрежи и медиуми, незнаат како да ја искористат технологијата и пола се технолошки неписмени.Безидејни празни глави кои само кукаат дека не им се продаваат претставите, а ни самите незнаат како да го доближат театарот до публиката во денешно електронско време.Очекуваат дека некој ќе им доаѓа на порта за да купи карта.Само будалата чека муштерии, умниот ги повикува.
Абе направи си една фб страничка, објавувај слики после секоја претстава,биди во комуникација со љубителите на театарот преку интернет денес 80 % од опшеството користи социјални мрежи, прашувај анкети,шо како кое ве бендиса, фрлај 2-3 гратиси по фејс за претставата,докажи дека си жив,ебате театарот ебате.
Па како ќе има интерес кога, денес во 2018та сеуште гласило за нова театарска претстава е:

- Плакат залепен на влезот
- Уште еден плакат малку подолу
- Приватен фејс профил на некој глумец
- Некој вработен да ти кажи дека се спрема претстава
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945

Уште коа почнав да те читам ми текна на нешто. Учесник сум во театарот во валандово веќе 4 години и вадиме годишно по една претстава. Јас и делот од екипата мислевме дека ќе нема никој на премиерата. Се случи чудо и десет минути пред почетокот салата се преполни. Не сакам да се фалам или слично, сакам да кажам дека театарот уште е посакуван, народот го сака тоа.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
Значи најмногу мразам кога ќе речат “не им се гледа на луѓето претстава, немаат интерес за култура, слабо се продаваат карти...“
Во помаливе градови, прво и основно не е промовиран театарот.Ако евентуално имаат театрите профил на фејсбук што го води некој хигиеничар по домот, и два збора ако објави - арно.Воопшто нема комуникација,немаат фејс/веб страна,не се интегрирани со социјалните мрежи и медиуми, незнаат како да ја искористат технологијата и пола се технолошки неписмени.Безидејни празни глави кои само кукаат дека не им се продаваат претставите, а ни самите незнаат како да го доближат театарот до публиката во денешно електронско време.Очекуваат дека некој ќе им доаѓа на порта за да купи карта.Само будалата чека муштерии, умниот ги повикува.
Абе направи си една фб страничка, објавувај слики после секоја претстава,биди во комуникација со љубителите на театарот преку интернет денес 80 % од опшеството користи социјални мрежи, прашувај анкети,шо како кое ве бендиса, фрлај 2-3 гратиси по фејс за претставата,докажи дека си жив,ебате театарот ебате.
Па како ќе има интерес кога, денес во 2018та сеуште гласило за нова театарска претстава е:

- Плакат залепен на влезот
- Уште еден плакат малку подолу
- Приватен фејс профил на некој глумец
- Некој вработен да ти кажи дека се спрема претстава
за делумно од работиве се согласувам, дури и би ти рекол Ашколсун. Ме нервира и мене шо на пример прилепскиот театар има голем потенцијал ама никаква реклама, еден куп престави имам пропуштено само заради то шо не сум разбрал дека ќе игра преставата или сум разбрал многу касно и немало карти.
али би сакал да се надоврзам за културата.
одам во Војдан своеволно веќе преку 10 години. сум гледал претстави по 2-3 пати и сум реално во тек со сите престави шо ги прикажале. Абе цело време истата публика, ко на некој смотри да си и ги гледаш само пријателите и блиските на актерот, цело време истите фаци се на театарот.
Последно бев на Клетници и претставата беше околу три саати во Петок, имаше за чудо повеќе млади луѓе ама еве ти една интересна ситуцација, саат и четиресет и пет минути по почетокот, се испразни салата, сите заминаа по кафичи (претпоставувам бидејќи беа дотерани и нашмикани до даска).

Културата е изгубена Кицо, мачно му е три саати да поседи на престава во која актерите и сиот персонал матер му се расплакало за да го реализираат.
Втора ситуација : додека работев во скопје одевме често со колешката и колегата во МНТ. другата колешка редовно откажуваше во стилот "абе ај шо престава е таа 4 саати, се знае престава треба 90 минути да трај, абе сериозни драми ,филозофии глупости, абе преставата комедија треба да биди, да се смееме ".

Затоа имаш еден куп народ шо се смее на филмовите на Адам Сендлер и Роб Шнајдер и на фифти шејдс оди таму и свршува колку добар е филмот.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Битолски театар еден е од подобрите во Македонија. Има страшно добри претстави (Доктор Фауст, Коцкарот, Грилпарцер во Секси шоп сега новата Јулије Цезар, од комедиите Кокошка, Без Паника) од сите театри во внатрешноста имаа најмногу премиери годишно 10-12, над 250 изведби, многу солидна посетеност. Со доаѓањето на новиот директор маркетингот и ПР-от многу ги унапредија почнаа да вадат трејлери за сите престави, тие трејлери по цел ден вратат на голем телевизор на влезот. Редовно се објавува репертоарот пропратен со фотографии, критики и сл. Имаат многу гостување во и надвор од државата.
http://narodenteatarbitola.com/

Останатите Прилепски, Велешки вадат по некоја добра претстава. Од прилепски сакам да ја погледнам новата Пиреј. Охридски, Кумановски театар се во многу незавидна состојба во сите погледи немаат ниту простор, ниту кадар што резултира со лош производ. Од независните - алтернативните во Битола најсериозно работи Интимниот театар која има некои сериозно добри, современи претстави. Наскоро се очекува премиера во Интимен.
 
K

kicodarker

Гостин
Културата е изгубена Кицо, мачно му е три саати да поседи на престава во која актерите и сиот персонал матер му се расплакало за да го реализираат.
Втора ситуација : додека работев во скопје одевме често со колешката и колегата во МНТ. другата колешка редовно откажуваше во стилот "абе ај шо престава е таа 4 саати, се знае престава треба 90 минути да трај, абе сериозни драми ,филозофии глупости, абе преставата комедија треба да биди, да се смееме ".

Затоа имаш еден куп народ шо се смее на филмовите на Адам Сендлер и Роб Шнајдер и на фифти шејдс оди таму и свршува колку добар е филмот.
Јас мислам дека треба напредно да се размислува, и секогаш гледиштата да бидат од денешна перспектива на работите. Затоа поопширно ќе пробам да објаснам а малку настрана од темава:

Живееме во електронско време и на рака ги имаме информациите. Порано ако сакавме нешто да разбериме,на пример “билки против стомачни болки“ земаш енциклопедија,се чуствуваш научник и читаш едно 3-4 саати, се осеќаш дека си завршил научна работа,а во суштина си дознал дека “нането е добар лек“. Денеска сме бомбардирани со информации, од тв,радио, отвораш фејсбук и појќе од пола вести од политика до селебрити несвесно ги знаеш, и тоа само од скролање! Доволно е да го прочиташ насловот “Цеца се прошета низ Скопје и рече “ово нема у београду“ и натаму знаеш веќе во статијата дека ако ја отвориш, дека уште 2-3 реченици ќе има. Сакам да кажам, информациите денес се упростени и најчесто ги гледаме во форма од една до две реченици,како наслови, и доколку пребаруваш преку google нешто “лек против главоболка“ ќе отвориш сајт на кој пишува “земете таа и таа билка“ директно,без многу објаснување,должење и слично. Филмовите,исто така денес најчесто траат максимално до кај 90 минути, освен оние, кои имаат обемна приказна па мора да истераат 2 саати. Брзо време, брзи и директни информации и секое продолжување на истите се претвора во тупење. Ова ти го кажувам од перспектива зошто денес не можи некој да гледа претстава од 3 саати, а камо ли опери од по 5-6 саата. Се се менува,и човек треба да се приспособи на времето. Па затоа, би им препорачал на актерите режисерите и останати да си ги приспособат текстовите да бидат покуси, дијалозите по директни, со цел да биди дојдов видов и издржав до крај.
А гледаш колку се држат ретро, ниту претстава приспособуваат на денешно време, ниту се во тренд, ниту известуваат за одредена претстава.Почнувам да мислам дека ги играат претставите колку да ја оправдаат платата, а причината за нивниот чест неуспех најчесто ја гледаат во “младите се незаинтересирани, не сакаат да читаат книги , не гледаат претстави“.
Затоа,биди во чекор со времето за да не бидеш прегазен од него. Како денешниве просечни 50+ годишњаци: “ај види на телефонов ми го снема саатот..“
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
“младите се незаинтересирани, не сакаат да читаат книги , не гледаат претстави“.
Затоа,биди во чекор со времето за да не бидеш прегазен од него. Како денешниве просечни 50+ годишњаци: “ај види на телефонов ми го снема саатот..
Па, тоа е вистинската причина зошто театарот сеуште е егзотичен медиум кај нас. Едноставно немаме ниту адекватна публика, ниту пак театарска култура. Многу грешиш со ова:“би им препорачал на актерите режисерите и останати да си ги приспособат текстовите да бидат покуси, дијалозите по директни, со цел да биди дојдов видов и издржав до крај“.Нема ништо да постигнеш со разводнување и заглупување на претставите, освен што полека само ќе го еродираш и така кревкиот театар кај нас.

Чисто информативно, кои претстави ти биле тупење?

На самата тема ќе се произнесам покасно.
 
Лорд Зуко

I'm the protagonist of your life.
Член од
27 мај 2018
Мислења
18
Поени од реакции
7
Театарските работници и театарот треба да ја едуцираат публиката, а не да се прилагодуваат на неа.

Театарот, општо како и целата култура треба да е поттик за будење и размислување, а не да се адаптираат на закржлавени мозоци.

Според мене тоа е голем проблем кој владее кај нас.
 
K

kicodarker

Гостин
Па, тоа е вистинската причина зошто театарот сеуште е егзотичен медиум кај нас. Едноставно немаме ниту адекватна публика, ниту пак театарска култура. Многу грешиш со ова:“би им препорачал на актерите режисерите и останати да си ги приспособат текстовите да бидат покуси, дијалозите по директни, со цел да биди дојдов видов и издржав до крај“.Нема ништо да постигнеш со разводнување и заглупување на претставите, освен што полека само ќе го еродираш и така кревкиот театар кај нас.

Чисто информативно, кои претстави ти биле тупење?

На самата тема ќе се произнесам покасно.
Муабетот ми беше поврзан за она зошто публиката не можела да седи 3 саати на претстава. Па скрати ја на саат и пол, ако сакаат да имаат редовен репертоар треба малце и тезгарски да работат некогаш. Тоа е тоа,пазарот се прилагодува према побарувачката. Имам еден пријател сликар, кој си црта баш од оние чкртаници.А исто така изработува портрети, слика пејсажи и останати работи,за пари нормално.И се замубаетивме околу сликиве викам ја ова со чкртанициве искрено не го разбирам.Мене ми е 1000 пати поубава оваа со природа пејсаживе. Ми објасна дека уствари во сликарството тие чкртаници се сликите што се ценат, и оние со уметничка точка во себе ги разбираат.Тие чкртаниците се уствари говор на сликарот,боите емоции итн. А ова што го гледаш со пејсаживе е уствари пресликување,обична фотографија вика која нема никаква уметничка вредност.Пресликување. Али за пари нормално мора да се живее од нешто си ги работи и тие.
Исто така и за театаров. Не дека секој што ќе појди во театар, ќе ја сфати претставата,ќе ги изгледа сите чинови ќе ја долови поентата, ќе ужива во сценскиот настап итн. Едноставно таквите луѓе со “уметничка точка во нив“ се малку. Исто е како кај музичариве.Вистински музичар ако ти пушти музика ќе се чудиш што уствари слуша. А ти одговара дека тоа е вистинска музика,имала хармонија ритам правилен такт ноти итн. Додека просечен слушател ќе се изнаигра на деспасито.
Така и со театрите и секоја уметност. Мора да има своја тезга-алтернатива за да биди популарна меѓу широката публика, и театарски претстави за оние вистинските љубители на театарот кои и го разбираат. Повеќето кога одат на театар сакаат да се изнасмеат,и некоја лајт-претстава да изгледаат без многу замарање.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
@kicodarker апсолутно не се согласувам, прво ти врска немаш од театар, уметност и сл. Театарот не е тезгараска работа и апсурдно е тоа што го пишуваш театарот да се адаптирал на времето и на пазарот. Ало ! вистинскиот театар не нешто комерцијално. Има други комерцијални претстави како што прават на пр. Џурологија, Кабареата на Милан Гутовиќ, Сјајни момци и сл. тие се тезгари. Се согласувам дека таквите луѓе “со уметничка точка “ се малку. Епа баш тоа е жално и трагично што луѓето научени од срањата на квази театри како Солза и Смеа од Битола “си врзале во крпче“ дека театарот е за комедии и тие одат на театар за да се смеат. Епа тоа е тоа ограничување. Ако сакаат комедии бујрум во театар Комедија, а и во сите театри има комедии. И каква е таа глупост за кратење драмски текстови за да издржеле луѓето на крај не ги тера некој да издржуваат нека не одат воопшто неможе да се крати на дијалози ќе се изгуби целото дејство. Еве јас кажав за битолски театар а истото го гледам и за МНТ, Комедија и др. дека во маркетингот на претсавите и театарот има голем напредок. Ако сакаш да следиш и да видиш што се случува во театрите е многу лесно. И да причината е во денешните млади за кои ужасно ми е жал оти од тие денешни млади 5-10 % нешто вредат а се останато е багра простачка и со нив не гледам било каква иднина на било какво поле. Поарно нека заминат во странство барем да се куртулиме од нив.
 
K

kicodarker

Гостин
@kicodarker апсолутно не се согласувам, прво ти врска немаш од театар, уметност и сл. Театарот не е тезгараска работа и апсурдно е тоа што го пишуваш театарот да се адаптирал на времето и на пазарот. Ало ! вистинскиот театар не нешто комерцијално. Има други комерцијални претстави како што прават на пр. Џурологија, Кабареата на Милан Гутовиќ, Сјајни момци и сл. тие се тезгари. Се согласувам дека таквите луѓе “со уметничка точка “ се малку. Епа баш тоа е жално и трагично што луѓето научени од срањата на квази театри како Солза и Смеа од Битола “си врзале во крпче“ дека театарот е за комедии и тие одат на театар за да се смеат. Епа тоа е тоа ограничување. Ако сакаат комедии бујрум во театар Комедија, а и во сите театри има комедии.
Ај ова “врска немаш од театар“ ти го разбирам, стандард селјачка финта, ако го направиш некого глуп,автоматски се чуствуваш паметен. А не реков ни дека имам врска од театар.
Е сеа вториот болд викаш “вистинскиот театар не е нешто комерцијално“. Истото ќе ти го рече и некој што слуша класична музика, кој ќе му речиш дека од класика ги знаеш “турски марш и болеро“ ќе ти рече дека тоа е маде голо класика. На хеви металец кој ќе му речиш дека ги знаеш нирвана или грин деј од метал ќе ти речи тоа е маде голо од метал, вистинскиот метал е андреграунд и не е за секого.
Во принцип, ако се одвоиме од овие “вистински театар,вистински хеви метал, вистинска класика“ ќе испадни дека сите овие “вистински“ работи се за избрана елита. Јас ти ја разбирам нервозата ако си љубител на театар кога гледаш дека солзи и смеа собрале 300+ публика за да кажуваат бајати вицови, ама рачунај дека и помијата е храна за некого, и кавијарот исто така. Се зависи од клиентелата.А всуштност и двете се храна. Се што се игра во театар е театар и крај на муабетот.Ако солзи и смеа не ги задоволува твоите критериуми, тогаш чекај некоја квалитетна претстава за која пошироката маса ќе кажи дека е маде голо. И таа поширока маса, нека чека да дојдат солзи и смеа, на кои ти нема да одиш оти за тебе се маде голо.
Во принцип, јас викам дека секогаш треба да има разновидна понуда и секој да си го најди местото. Па тоа е суштината на едно опшество, секој да си се пронајди во нешто и да ужива. Како можеш да му сервираш ти некое дело на човек кој едноставно не го трпи? Џабе ќе ти објаснувам колку е добра 10тка со кромид, кога од кромидот имаш киселини и не јадиш месо оти си вегетаријанец. Џабе ќе ми објаснуваш колку е вкусна марулата, кога јас ја јадам чисто за мезе додека стигни скарата. Истово се случува и на поле со хеви метал музиката. Земи некој поупатен во таа музика и спомни му дека ги сакаш металика ќе ти речи ебате комерцијала. И ќе ти пушти некој бенд за кој ни самите членови не знаат дека постои, и ќе ти рече ова е права метал музика.
Сликарот ќе ти начкрта чкртаници од кои мислиш дека платното го користел за да не накапи по дома, и го наместил во рамка како слика, а ќе ти кажи дека на тоа дело потрошил неколку месеци.А тебе ти изгледа на колоритна повраќаница врз платно.
И да, немам врска од театар.Немам врска од уметност, не сум уметник.Просечен балканец, со чечкалица во уста кој ужива да јаде 10тка со кромид, и да подждригне после добар ручек. И одма ќе ти набројам 10тина кафани во кои ќе ти речам дека таму скарата е срање, и си нема допирна точка со вистинската скара, ама не им викам да затворат,да исчезнат оти незнаат што се скара.Оти сите си имаат свој начин на работа и си влечат своја клиентела.

И да причината е во денешните млади за кои ужасно ми е жал оти од тие денешни млади 5-10 % нешто вредат а се останато е багра простачка и со нив не гледам било каква иднина на било какво поле. Поарно нека заминат во странство барем да се куртулиме од нив.
Ти со твоиве размислувања од политички аспект си диктатор.Неможеш да ги направиш сите луѓе исти како на фотокопир, и сите да бидат интелектуалци.Најчест проблем кај “само прогласените интелектуалци“ како ти е што пред се имаат преголемо его, но премалку знаење. И што кога ќе се куртулиш од нив? Светот не го сочинува само театарот. Едно опшество мора да биди составено од секаква професија на луѓе од чистачи до директори и сите функционираат за едно опшество.Тоа што сакаш театар и ако го разбираш не те прави ништо повреден од другите, туку само едно поле го владееш. Исто како гулабар да ти речи дека поим немаш од летање гулаби, и треба да се иселиш од Македонија за да може раат да си ги лета гулабите.Гулабарот кај гулабите владее.
Најчесто ликови како тебе се уфилмуваат дека се од опшеството несфатени,неприфатени, глумат интелектуала со квазинепознати уметници преферираат музика што никој не ја знае, книги драми и филмови кои едвај и самиот режисер ги изгледал и постојано нешто мрчат дека опшеството е срање и дека младината се испустила. Никогаш неможиш да наметниш на друг твое мислење,посебно кога се работи за вкус. Јас велам, едно опшество еден град за сите, а не за поединци.На пример, моментално имаме држава која е мајка за неколку, а маќеа за повеќето.
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
Простаклук.
1. Самата смисла на правењето театар го нема на прво место заработката и масовноста туку создавањето уметничко дело
2. Солза и смеа собира многу повеќе публика ама нивните “претстави“ немаат никаква ниту уметничка ниту сценска ниту никаква вредност. Токму таа поширока маса за која уметничките и вистински претстави се маде голо. Тоа е проблемот што кај нас пошироката маса ниту со менталитет, ниту со однесување ниту со вредности е блиску до толку посакуваната Европска заедница кон која се стремиме.
3.Точно дека треба да има понуда на културни настани и театарски претстави јас не го оспорувам тоа и не ми смета постоењето на Солзи и Смеа и слични комерцијални претстави, јас сум ги запознал повеќето од нив, сум бил на 1-2 претсави. Сум одел и пак ќе одам на комерцијални (тезгарски) претстави. Ама сеуште важи тоа дека тие претсави ништо не вредат туку се само за ефтина забава.
4. Не реков дека светот го сочинува само театарот и се согласувам и го подржувам тоа да има од сите образовни и професионални профили па и земјоделци, чистачи и сл.
5. Тоа дека мнозинството млади немаат никакво воспитување, вистински вредности и се прости и ограничени не го мислам само јас туку цела интелектуална фела, но и другите не мора да се интелектуалци туку просечни граѓани како нас го велат истото. Спротивно тврди само онаа најдолна група на граѓани која нема никаква ориентација. Не само во однос на културата и уметноста. Туку и за образованието, однесувањето, размислувањето, во се.
6. Не зборуваме за вкусови зборуваме како што вели тој што ја отворил темата состојбата на театарот во Македонија. А не дали мојот вкус се Солза и Смеа .
7. За каква диктатура зборуваш ти? Јас познавам стотици што заминале на работа во странство од нив 25-30 посто беа стварно луѓе на место, вредни, паметни, некои немаа некое високо образование ама беа корисни за ова општество. Ама најголем дел беа млади со завршено средно, пусти куќи. И сега изиграват гастербајтери.
 
Член од
17 ноември 2014
Мислења
200
Поени од реакции
244
Тука вие започнавте тема за театарските претстави денес во Македонија, ја продоживте во разумен разговор на театарот воопшто, која пак премина во вербална размена во која си загорчивте еден на друг, обострано.

На почетната тема имам малку што да речам: ретко посетувам театар.

На втората тема имам што да ви речам : читам за театар. Скоро ја читав The Empty Space од Peter Brook, - сеопфатна и воглавно трезна анализа на театарот. Таа

1. е изобилно информативна: што видел и што доживеал човек кј живее за театарот низ повеќе децении, во театри од кинески до Калифорнија, преку Евроазија.

2. изнесува размислувања за театарот кои смируваат, во контекст на тензиите во овие дискусии

3. како крпа прашина, би ви збришала добар дел од тука создадената горчина.

Јасно, таа горчина е само ситница во однос на тоа што има во живот и во свет. Единствено што ми изгледа бесмислено да се повторува и двеста години по Гоја.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom