@
kicodarker апсолутно не се согласувам,
прво ти врска немаш од театар, уметност и сл. Театарот не е тезгараска работа и апсурдно е тоа што го пишуваш театарот да се адаптирал на времето и на пазарот.
Ало ! вистинскиот театар не нешто комерцијално. Има други комерцијални претстави како што прават на пр. Џурологија, Кабареата на Милан Гутовиќ, Сјајни момци и сл. тие се тезгари. Се согласувам дека таквите луѓе “со уметничка точка “ се малку. Епа баш тоа е жално и трагично што луѓето научени од срањата на квази театри како Солза и Смеа од Битола “си врзале во крпче“ дека театарот е за комедии и тие одат на театар за да се смеат. Епа тоа е тоа ограничување.
Ако сакаат комедии бујрум во театар Комедија, а и во сите театри има комедии.
Ај ова “врска немаш од театар“ ти го разбирам, стандард селјачка финта, ако го направиш некого глуп,автоматски се чуствуваш паметен. А не реков ни дека имам врска од театар.
Е сеа вториот болд викаш “вистинскиот театар не е нешто комерцијално“. Истото ќе ти го рече и некој што слуша класична музика, кој ќе му речиш дека од класика ги знаеш “турски марш и болеро“ ќе ти рече дека тоа е маде голо класика. На хеви металец кој ќе му речиш дека ги знаеш нирвана или грин деј од метал ќе ти речи тоа е маде голо од метал, вистинскиот метал е андреграунд и не е за секого.
Во принцип, ако се одвоиме од овие “вистински театар,вистински хеви метал, вистинска класика“ ќе испадни дека сите овие “вистински“ работи се за избрана елита. Јас ти ја разбирам нервозата ако си љубител на театар кога гледаш дека солзи и смеа собрале 300+ публика за да кажуваат бајати вицови, ама рачунај дека и помијата е храна за некого, и кавијарот исто така. Се зависи од клиентелата.А всуштност и двете се храна. Се што се игра во театар е театар и крај на муабетот.Ако солзи и смеа не ги задоволува твоите критериуми, тогаш чекај некоја квалитетна претстава за која пошироката маса ќе кажи дека е маде голо. И таа поширока маса, нека чека да дојдат солзи и смеа, на кои ти нема да одиш оти за тебе се маде голо.
Во принцип, јас викам дека секогаш треба да има разновидна понуда и секој да си го најди местото. Па тоа е суштината на едно опшество, секој да си се пронајди во нешто и да ужива. Како можеш да му сервираш ти некое дело на човек кој едноставно не го трпи? Џабе ќе ти објаснувам колку е добра 10тка со кромид, кога од кромидот имаш киселини и не јадиш месо оти си вегетаријанец. Џабе ќе ми објаснуваш колку е вкусна марулата, кога јас ја јадам чисто за мезе додека стигни скарата. Истово се случува и на поле со хеви метал музиката. Земи некој поупатен во таа музика и спомни му дека ги сакаш металика ќе ти речи ебате комерцијала. И ќе ти пушти некој бенд за кој ни самите членови не знаат дека постои, и ќе ти рече ова е права метал музика.
Сликарот ќе ти начкрта чкртаници од кои мислиш дека платното го користел за да не накапи по дома, и го наместил во рамка како слика, а ќе ти кажи дека на тоа дело потрошил неколку месеци.А тебе ти изгледа на колоритна повраќаница врз платно.
И да, немам врска од театар.Немам врска од уметност, не сум уметник.Просечен балканец, со чечкалица во уста кој ужива да јаде 10тка со кромид, и да подждригне после добар ручек. И одма ќе ти набројам 10тина кафани во кои ќе ти речам дека таму скарата е срање, и си нема допирна точка со вистинската скара, ама не им викам да затворат,да исчезнат оти незнаат што се скара.Оти сите си имаат свој начин на работа и си влечат своја клиентела.
И да причината е во денешните млади за кои ужасно ми е жал оти од тие денешни млади 5-10 % нешто вредат а се останато е багра простачка и со нив не гледам било каква иднина на било какво поле. Поарно нека заминат во странство барем да се куртулиме од нив.
Ти со твоиве размислувања од политички аспект си диктатор.Неможеш да ги направиш сите луѓе исти како на фотокопир, и сите да бидат интелектуалци.Најчест проблем кај “само прогласените интелектуалци“ како ти е што пред се имаат преголемо его, но премалку знаење. И што кога ќе се куртулиш од нив? Светот не го сочинува само театарот. Едно опшество мора да биди составено од секаква професија на луѓе од чистачи до директори и сите функционираат за едно опшество.Тоа што сакаш театар и ако го разбираш не те прави ништо повреден од другите, туку само едно поле го владееш. Исто како гулабар да ти речи дека поим немаш од летање гулаби, и треба да се иселиш од Македонија за да може раат да си ги лета гулабите.Гулабарот кај гулабите владее.
Најчесто ликови како тебе се уфилмуваат дека се од опшеството несфатени,неприфатени, глумат интелектуала со квазинепознати уметници преферираат музика што никој не ја знае, книги драми и филмови кои едвај и самиот режисер ги изгледал и постојано нешто мрчат дека опшеството е срање и дека младината се испустила. Никогаш неможиш да наметниш на друг твое мислење,посебно кога се работи за вкус. Јас велам, едно опшество еден град за сите, а не за поединци.На пример, моментално имаме држава која е мајка за неколку, а маќеа за повеќето.