Населението на Пиринска Македониjа е македонско во географска и генеалошка смисла, и мештаните, и доjдените таму од другите делови на Македониjа. Затоа неговата демографиjа, и тогаш, и денес, се додава на останатата македонска диjаспора каj источниот сосед.
Инаку по трет пат ти кажувам божемски ќе сфатиш. Далеку пред да има поново бугарска држава, од XV век, се одвива првата голема и временски долга миграциjа на Македонци во денешна Бугариjа. Познати се како Арнаути затоа што иделе/бегале од подрачjа соседни на Албанците. Иако упорно нив сакаш да ги истуркаш настрана од статистиката за македонска диjаспора таму, тоа не го менува фактот што тие не чинеле некоj посебен национален елемент во нивните нови населби, туку им се придружиле на останатите Бугари и преку нивниот наталитет го зголемиле бугарскиот православен етникум. Трагите што ги оставиле и денес се видливи преку убавата архитектура што jа имат изградено на сите места каде се мигрирани вредните т.зв. Арнаути.
Читаj за Арнаутите
https://strumski.com/biblioteka/?id=678
Битните настани во минатото на Македониjа, секоj од нив, како последица од воените порази и одмаздата врз македонското население, обавезно резултирале во значаjни бранови во источен правец. Само Кресненското востание во Пиринска Македониjа во 1879 г. ѝ дава на Бугариjа преку 30 000 христијани. Еден настан има дури толкава демографска димензиjа. Илинденско востание, Балкански воjни (ептен трагични, например цел Кукуш уништен и и одма протеран каj Бугарите, таму бегат сите избркани од Источна Егеjска Македониjа генерално уште додека трае Втора балканска), Охридско-Дебарското востание исто носи во источниот сосед 30 000 бегалци. Потоа доаѓа Прва светска, со Македонски фронт и тешки последици за локалното население кое чувствувало потреба од помирна средина барем за идната генерациjа, го имаш споразумот Калфов-Политис, коj додатно jа мултиплицира македонската диjаспора во Царство Бугариjа. Можеш да замислиш дека целата броjна мештанска егзархиска администрациjа, попови, учители, општински кадар, е избркана од Грците и Србите.
Тоа се организираните миграции, бегалци, или протерани, и обjект на договорена размена на население. Меѓутоа надвор од нив остануват спонтаните преселби, тие што ги носат таму македонските револуционери и преродбеници и нивните семеjства во мирна доба, еснаф и трговци, и не се последица од некоj историски потрес. Пример е паланката Ново Село каj Видин во Северозападна Бугариjа, компактно македонска, од Кумановско претежно, вероватно избегани заради албански притисоци. Така да мора да ги земеме во предвид и такви постоечки, меѓутоа нерегистрирани преселби што не се случило во склоп на големите настани.
Да не заборавиш дека уште се барат:
филми, документарци, конференции, книги, изложби, феjлетони во медиумите, ТВ емисии, панели, комеморации, споменици, плочи посветени на српскиот терор во броjка што доликува на должината на периодот на српски терор во Вардарска Македониjа.
Даj да видиме како е таа тема доволно апсолвирана како што ти велиш.
Читаj внимателно. Уште еднаш те повикувам.
Се барат:
родум Македонци премиери, политици, генерали, академици, митрополити и врвни уметници од иста броjка во српската држава како што ги има во бугарската?
Баба Ванѓа во е избегана каj негаторите Бугари фашисти, затоа што?