Unholy со сета должна почит, ама Крис има ужасен scream, за growl вокалите немам никаква замерка...
Очекував коментар од овој тип.
Па, искрено неможам да го негирам тоа, пошто после неговото напуштање на Cannibal Corpse, тотално се упропастува.
Времето си го прави своето, невозможно е да се целосно да се задржат првичните способности.
И самиот прочита дека, потенцирав конкретно за албумот Bleeding.
Ако веќе дискутираме за него, во никој случај неможе да се тврди дека има ужасен scream, пошто има фантастичен.
Воедно, тоа е и единствениот албум во кој Крис изведува growl и scream во комбинација, додека е во Cannibal Corpse.
На првите три албума се задржува стриктно на growl, и тоа маестрален.
А, откако функционира како вокал во неговиот втор бенд, Six Feet Under, изведува катастрофален scream, а и growl вокалот му е за нијанса полош.
Искрено, не знам која е потребата од тоа, да користи scream, пошто стварно ја има загубено способноста.
Инаку, уште еднаш да напоменам, дека потенцирав за неговата изведба на growl и scream кулминативно, во албумот Bleeding.
Пошто, тоа од мое лично гледиште преставува лекција за дет метал вокал.