Што кога не сте прифатени од страна на родителите на партнерот?

Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
А твојот плод што ќе страда?
Od sto ke strada? Ke ima majka i tatko koi go sakaat poveke od se! Ke ima se sto mu treba vo zivotot...koj ke strada? Sto ke strada....nikoj i nisto ete toa ...akajte so glaa u zid...ljubov mubov...ne vikam ne, bi bilo idealno da ima i ljubov i ovaa drugava strana no....treba da se misli i so glavata a ne samo so srce i posle cvrc!
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.946
Поени од реакции
1.492
Јас лично не сум се стретнал со таков проблем. Но што кога имате притисок и не сте прифатени од страна на родителите на партнерот ?
Некои на пример не се прифатени од Х причини како : Вера, лошо друштво, лоша фамилија, немање доволно финансиски средства, лош глас итн.
Ме интересират мислењата и примери на оваа тема, поради тоа и ја отварам .
Бегалка ќе ја земам.
 
L

Luki Junior

Гостин
Ништо, чао пријатно. Невестата нека си ги одреде приоритетите... Дали јас, дали мајка и' и татко и' или Луки...
Повеќето бират мајка и татко наместо мене... :D:D:D:D
 
A

AnFem

Гостин
Od sto ke strada? Ke ima majka i tatko koi go sakaat poveke od se! Ke ima se sto mu treba vo zivotot...koj ke strada? Sto ke strada....nikoj i nisto ete toa ...akajte so glaa u zid...ljubov mubov...ne vikam ne, bi bilo idealno da ima i ljubov i ovaa drugava strana no....treba da se misli i so glavata a ne samo so srce i posle cvrc!
Нема да има партнер кој ќе го сака, ако овака размислуваш. Јас попрво би се самоубила отколку цел живот да го делам со човек со кој сум ради интерес.
 
B

Bafra

Гостин
Neznam kolku od vas cuvaat kuce? Koga treba da go param moeto baram kucka so PEDIGRE!!!
Koga moze za nego moze i za moite deca...zaebete vie ljubov...da ne si prajme bajram posho od takva LJUBOV najmnogu strada plodot na ljubovta t.e. decata...koga nema da mozes da mu obezbedis osnovni raboti...abe kuti bitno ljubov ima!! Drn drn jarinja!!!
Абе не за џабе аристократските фамилии гледаат партнерите на децата да им бидат од иста класа и тоа не само финансиски туку и долгодишна традиција.
Да, треба да се има љубов (многу е различно од страст) ама и разбирање а ако не гледате на работите на сличен начин како ќе се разбирате ?

Родителите на партнерот не треба да ни да ги сакате ни они да ве сакаат ама треба да има взаемна почит како што кажа и Blue ladybug.

* Анчо совет до тебе. Прекини да и помагаш на првата ќерка, не и помагаш така. Додека не се освести самата и види дека ја цицаат и не ја преземе ситуацијата во свои раце ништо не правите. Не е срамота да се врати кај вас дома со децата колку да го освести мажот. Ако не му доаѓа памет , подобро хармонија со еден родител него пекол со два родитела.
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Neznam kolku od vas cuvaat kuce? Koga treba da go param moeto baram kucka so PEDIGRE!!!
Koga moze za nego moze i za moite deca...zaebete vie ljubov...da ne si prajme bajram posho od takva LJUBOV najmnogu strada plodot na ljubovta t.e. decata...koga nema da mozes da mu obezbedis osnovni raboti...abe kuti bitno ljubov ima!! Drn drn jarinja!!!
Почит, твое мислење.

Но што кога веќе најде маж со БОГАТО педигре, и дебела банкарска сметка?
( те ставам во женски род, извини )
Го земаш телефонот негов и читаш милион пораки од некои простачки и ку.ви кој му ги цицат парите. И оп сваќаш дека он те земал само да му родиш деца и да му чистиш лајната по дома !!
Изиграва МАЧО маж и части цел клуб ку.ви а ти дома децата ги заспиваш...
И потоа од коа тој ке се лигави и гушка со тие погоре наведените ке дојди дома и ке ти ги гушне децата ...

Да се мочам у тоа ПЕДИГРЕ !!! Коа душата ке ми пукне на милион парчина !
--- надополнето: 18 април 2013 во 19:18 ---
Нема да има партнер кој ќе го сака, ако овака размислуваш. Јас попрво би се самоубила отколку цел живот да го делам со човек со кој сум ради интерес.
Со тебе сум ! ;)
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Не ми треба да ме прифатат само да ме остават на мира.

А колку за партнери од децата дали би прифатила?
Мое е денес дури се мали да им ги отворам очите, да не речам да не бидат како мене касно да прогледуваат. Да ги воспитам да ги научам за животот и да им верувам дека ќе изберат правилно. И да им верувам за се што ќе одлучат, сакам да имам деца да ги прашувам за совет и да се гордеам а не да им солам памет кога ќе имаат години за сами да одлучуваат.

Е сега секој дечко што ќе го најдат ќе има и добри и лоши страни - нема совршен, јас не сум совршена маж ми не е ни децава нема да се. Тоа се става на кантар, сакам сами да знаат да одмерат.

Јас немам многу пари, имам за потреби, имам разбирање и љубов. Не се плашам кога одам накај дома каква е атмосферата и што ќе ме најде туку секогаш кога се враќам од некоја работа или пат кон маж ми очекувам олеснување од напорниот ден, заедничко јадење или кафе добар одмор И секс да не останит некажано :) Тоа е поважно од сауна дома.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
а зошто потребата да бидеш прифатен?
Абе сите можеме да се праеме фраери дека не ни е битно дали не почитуваат родителите на партнерот, или нашите родители него, али нормално дека секој сака да си има нормална фамилија во која еднаш неделно ќе се дружи по ручеци. Точно, ако е љубовта доволно силна, врската ќе опстои и покрај ваквиот проблем. Но, поубав би бил животот ако има меѓусебно прифаќање. Никој не може да ме убеди дека му е сеедно дали свекорот и свекрвата ќе го прифатат.
--- надополнето: 21 април 2013 во 14:33 ---
Јас ќе напишам за ќерка ми,нешто ни видено ни чуено до сега.
Се омажи набрзина рано и не баш рано на 2о години,со познаство од месец-два.
Бидна свадба. Ние со голема радост. Таа потоа почна да слабее.
Не само што неа не ја прифатија туку ни нас. Не одевме многу таму или скоро ич.
Но отидов еден ден. Таа одеше на работа волонтерски неколку години. Ја чекам дента.
Од 3 (15) попладне до вечер не стават за јадење.Не и дават. Јадат сами настрана.
Уште два дена одам така, ИСТО. И потоа вечерта ги носам кај мене да јадат и им
давам кола за да доаѓаат секојдневно кај мене на ручек.Та беше и бремена.
Внукот дојде брзо.И така беше со години....... (тешки маки, но се уште се заедно,не и даваат ни вода,поточно нема вода дома,во куќичето,а долго време немаа ни струја .....)
А зошто она сама не си направела за јадење? И тоа и бранеле? Аман бе, зарем постојат вакви ѕверови на светов.
--- надополнето: 21 април 2013 во 14:43 ---
Аздисале ова жениве брее:P

Која од нив коа се подала на мажот и отишла како што е ред у туѓа куќа, ги прифатила како мајка и татко родителите на партнерот:P

Една ако се најде таква (со усна потврда од новата мајка и новиот татенце), ја утре на пладне шетам гол 3 круга околу статуата на Воинот на Коњ, и уште 1 круг, понатаму кај Скендербег на коњот, согласно рамковниот.
Да не се урочам, ама за свекрва ми стварно немам зборови. Не знам што би правеле без неа. Ме гледа ко ќерка, секоја чест.

Ако дојде тоа време децата мои да ме запознаваат со партнерите нивни, абе колку и да мислам дека можеле да најдат подобри, ќе се понашам нормално со нив. Во една таква ситуација, да замислиме дека детето мое има своја фамилија, со сопруг/а и деца. И нормално дека таа фамилија ќе му биде поважна од мене. Природен тек на настаните. Така да јас ако глумам лудило, сосема ќе биде во право да ме избрка од кај нив и да ми рече да не и се појавувам пред очи. На крај краева, си има сопствени проблеми кои доаѓаат со времето, не и фалам уште јас на глава. Јас како пензионер ќе бидам тука да им помагам, а не и да им го загорчувам животот.

Сега гледам вака на работиве, не знам како ќе биде за 20-30 години.
--- надополнето: 21 април 2013 во 14:45 ---
Но првион случај е изузеток во Македонија,а запознаени се и некој институции но од таму ништо не помагаат,џабе жалби.Иако таа зема плата,ние и купуваме карти за автобус и за јадење,само колку да оди да работи, и мислам дека ја чуваат само поради тоа што зема плата инаку не би ја држале ни пет минути.
Леле многу ми е жал вака кога читам, абе срце ме боли.
Да прашам ко будала, извини што се мешам, зошто не земате ќеркава и зетот да живеат со вас? Секако им помагате финансиски многу, не верувам уште неколку илјадарки дека би ви биле проблем.
--- надополнето: 21 април 2013 во 14:48 ---
да не ја разработуваме таа тема само на кратко... и твоите коа се земале знаеле во што влегуваат бидеејќи од двете страни имале проблеми и мајка ти сигурно не очекувала раскош нити па нагаѓала дека сјајна иднина ја чека со татко ти па го зела така?
ЉУБООООООООООООООООВ Врежи го ова у глава ..не е секад среќата во парите
Големи сме веќе да веруваме во ова. Точно, љубовта е многу битна, ама само со неа не правиш ништо. Утре децата нема да ти бараат прегратка, ќе ти бараат пари.
--- надополнето: 21 април 2013 во 14:50 ---
Нема да има партнер кој ќе го сака, ако овака размислуваш. Јас попрво би се самоубила отколку цел живот да го делам со човек со кој сум ради интерес.
Абе гледам прабабите и прадедовците наши сите се испоубиле. Не бре, имаат по 15 деца сите. Се заљубиле со тек на време.
--- надополнето: 21 април 2013 во 14:52 ---
* Анчо совет до тебе. Прекини да и помагаш на првата ќерка, не и помагаш така. Додека не се освести самата и види дека ја цицаат и не ја преземе ситуацијата во свои раце ништо не правите. Не е срамота да се врати кај вас дома со децата колку да го освести мажот. Ако не му доаѓа памет , подобро хармонија со еден родител него пекол со два родитела.
Свесна сум дека ни приближно не можам да давам совети, на крај краева што се вика имам мало животно искуство, ама си мислам дека ова е најдобар совет. Точно, ќе те боли да не им помагаш, ама на подолги стази така ќе биде подобро. И 21ви век е мајкуму стара, децата за рака и кај вас дома. Што ќе прават они за 10 години кога вас ќе ве нема?
 
A

AnFem

Гостин
Абе гледам прабабите и прадедовците наши сите се испоубиле. Не бре, имаат по 15 деца сите. Се заљубиле со тек на време.
Ќе излеземе малку од тема, ама кога веќе ме цитираше...

Да, веројатно има и такви кои се заљубиле еден во друг, но јас мислам дека повеќе се почитувале отколку што се сакале. А и реално, во тоа време ќе паднела брука ако дојде до развод, така да никој од нас не може со сигурност да знае. Јас зборував за местени бракови во ова време, време во кое мислиме дека живееме слободно и оваквите затупени размислувања, а со нив и дела, се само минато. А не се!
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Срце:
за првото,да не те навее инаку спас не гледам,не смее сама,треба да уклључи шпорет,
и потоа ќе си го добие во двор за да видат комшиите,а и си го добила многу пати,па еве 12 години не и дале да се искапе во куќата кај неговите од една соба а купатило направија кога таа стана невеста ама изгледа само за свекрвата, која патем, речено првата ноќ после веридба спиеше со нив во соба,а сега се уште не и даваат вода-нема
 
Не знам што да речам, секоја чест на тебе и на жена ти што сте уште психички добри. Па ова е казна најголема во свет.
Не можеш некако да го научиш зетот твојот занает?
И тој па не знам што се филма. Абе кој сака нека е, ако се понаша така со сопругот мој, абе со земја ќе го срамнам.
 
A

AnFem

Гостин
Срце:
за првото,да не те навее инаку спас не гледам,не смее сама,треба да уклључи шпорет,
и потоа ќе си го добие во двор за да видат комшиите,а и си го добила многу пати,па еве 12 години не и дале да се искапе во куќата кај неговите од една соба а купатило направија кога таа стана невеста ама изгледа само за свекрвата, која патем, речено првата ноќ после веридба спиеше со нив во соба,а сега се уште не и даваат вода-нема
Анчо, не сакам да се мешам, ама овакви нечовечки однесувања ме вадат од кожа... Начини секогаш има, нека бараат работа и двајцата и нека бегаат под кирија. Може ќе мизеруваат, ама барем ќе имаат мирна глава. Нека реагираат навреме, ако ти се разболе девојчето доцна ќе биде!
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.491
Поени од реакции
11.440
Srcee јас само одговорив на прашањето кое го постави една форумџика :)
и да имам многу сретнато кои почнале од чиста нула и со труд успеале да се извлечат од бедата :)
 
Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
До ден денеска иако иам 21 година ги слушам тортурите шо ми ги прај мајка ми како си јади :гомце: за нејзината свекрва како не ја сакала , ја сакала другата сна незе не, па остај ме бе жено ете сте се сакале со татко ми сте се зеле, умрена е баба ми , ама не разбира...... Ете ви кажувам шо напрај мајка ми во таква ситуација....да ви кажам право и со право ја нејчела баба ми...идиотка...и јас ја нејчам да ми биди мајка некој на секое то да ти го спомнува да не можиш рајат да живејш од незе да не знај друг муабет да ти напрај :тое
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
купатило направија кога таа стана невеста ама изгледа само за свекрвата, која патем, речено првата ноќ после веридба спиеше со нив во соба,а сега се уште не и даваат вода-нема
Слични маки имам, галиба не до толку, ама ако треба јас да се избањам ќе го сврти некој болјерот да не грее, или ќе ја истрошат водата. Машина се пушта кога не сум дома за да не се мојте алишта, кога треба да пуштам ќе снема прашак. Свекор ми кога дојдов ми рече кај нив в село снаите последни јаделе од тоа што ќе остане, јас му реков глупави биле - го сватив на шала ама не било шала.
Еве постам, ништо посно нема. Се гледа секое последно компирче да се измрси, дури и во канчето со вегета да се фрли некој колбас да стои за да немам што да зготвам.
Ама јас не им се предавам.
Им имам дадено на знаење против кого се станати, и не им враќам со иста мера туку им враќам со насмевка и со тоа што си терам по мое си наоѓам начин и си живеам. Најдов дека слаба точка им е мислењето од комшиите па ги резилам пред нив кога ќе претераат и тоа пред нивни очи не зад грб. И си знаат дека многу со мене не можат - зошто од нив двајца заедно трипати сум попаметна.
--- надополнето: 22 април 2013 во 13:16 ---
Srcee јас само одговорив на прашањето кое го постави една форумџика :)
и да имам многу сретнато кои почнале од чиста нула и со труд успеале да се извлечат од бедата :)
И со труд ама и по Божја волја се извлекле, секогаш маките идат за да научиме од нив, и ако не си ја имаме сватено лекцијата утре што ќе ни треба колку и да работиш колку и да се трудиш се ќе се претвори во камен.
Важно е да не сме злопамтила и да не собираме нервози за минливи работи. Игнорирај што е лошо и живеј го она што е добро во денот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom