Ајде да ја звршиме дискусијава околу PS vs PC.
Прво, да не зборуваме за перформанси. Ако имаш нешто околу 3070Ti / 3080 со добар процесор тогаш можда си еџ абв, али со сѐ подолу од тоа не си компетентен, за жал. Имаат комфорт и перформанси во пакет и тоа е сѐ што му треба на еден кежуалец.
Колку и да пробуваме да влечеме секој на своја страна сепак има доста доза на субјективност и се работи за лична преференција.
Мене ќе ми требаат недели дури се навикнам да играм доволно добро како што играм на тастатура. Можда реално не сум ту олд фор дет шит ама сепак како да немам време, а и желба да сквернавам нови игри да речиме на кои би се адаптирал со контролер. А да земам да играм одиграни игри на контролер и тоа не го правам. Ретко преигрувам игри, освен ако немаат соулс во нив.
Би зел за право да направам една паралела од ова „ps vs pc„ со „аутоматик и мануел мењач кај кола„. Аутоматик за низ град и на слаб мотор, мануелец на спортска кола! Е сеа постојат луѓе кои ни би смениле мануелен за аутоматик дури ни кај просечна кола, а постојат и од оние кое еднаш пробале аутоматик и не се враќаат назад. Е сеа колку гобат а колку добиваат и двете страни тоа можеме да го дискутираме...
Иако сум RPG играч, играм доста фпс игри и жанрови слични на Диабло на пример и би преферирал тастатура. А да преферираш контролер за Диабло тогаш... или не, чекај, да преформулирам... Ти можи да префрерираш котролер пред тастатура, но да речеш дека е поигриво на контролер од тастатура е тогаш нешто со тебе ептен не е во ред.
Знам дека не ти треба 120фпс на 2K или 4K за да уживаш во гејмингот, но знам и дека одамна имам желба за моќен компјутер кој се уште го немам, а планирав да го имам и затоа цело ова време не размислував за промена. Дали ќе го имам - тоа не знам, но знам дека нема да ја направам промената дури и ако го немам