Што знаеме за Ѓoрѓија Кастриот од Кроја?

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Е кој Сердаре кога уши имаат, ане сакаат да слушаат, очи имаат, а не гледаат.
Бедни клетии, скудоумни бесполезници, тињи црни, а сепак, наши, македонци.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
токму така

браќа, полу-браќа, братовчеди, шокој, шо знам јас, мешани сме многу, ама коренот е ист, сакаш речи го словенски, сакаш балкански...

ако им смета многу то Македонски :)

ама ќе прогледаат кај и да е :mist:
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Која неписменост е значи кај овие Албанците:) па дали е можно толку да незнаат ко од планина да се симнати :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Одбележувањето на 600-годишнината од раѓањето на Скендербег (Георгија Кастриот - Искендер) доведе до отворени судири меѓу историчарите Македонци и Албанци во земјава и до антагонизам меѓу членови на МАНУ и историчарот д-р Петар Поповски.

Тој со месеци тврди дека пронашол докази за македонско-мијачко потекло на тој средновековен јунак, а од МАНУ порачуваат „да се релативизираат таквите дисонанции”.

Тврдењата на Поповски вчера јавно ги коментираше и професорот по философија Ферид Мухиќ, кој во колумна за „Време” напиша дека Кастриот бил „роден како Македонец (Мијак) и до првата младост бил воспитан во мијачко социјално милје”.

Кулминацијата на прашањето за потеклото на родот на Кастриотите научниците очекуваат да се случи кон средината на овој месец, за кога е најавена промоција на студијата „Георгија Кастриот - Искендер, крал на Епир и Македонија и втор Александар Македонски”, од д-р Петар Поповски.

Првиот човек на катедрата по историја во МАНУ, Иван Катарџиев, завчера изјави дека треба да се „релативизираат” разногласијата за потеклото на Кастриот, а и неговиот колега Гане Тодоровски исто така ги осуди обидите за „посебно македонско видување за потеклото на Скендербег”.

Но, сега и професорот по философија на Универзитетот во Скопје, Ферид Мухиќ, вели дека „Ѓорѓија Мијакот Скендербег Ѓерѓ Кастриот” бил роден како Македонец (Мијак) и до првата младост воспитан во мијачко социјално милје, но оти со право станал национален херој на Албанците.

„Иако Македонец, тој со право станал национален херој на Албанците; иако православен, а потоа и муслиман, тој станал најсветол лик на католицизмот и на православието и на исламот, бидејќи ги афирмирал највисоките вредности во трите вери и на секоја светска религија”, пишува Мухиќ во својата колумна.

Според академикот Али Алиу, коавтор на книгата „Скендербег (1405-1468)”, заедно со академикот Гане Тодоровски, која завчера ја промовираа во МАНУ, многу балкански народи сакаат да го присвојат тој средновековен херој.

- Во своите народни приказни и песни, балканските народи го присвојуваат албанскиот херој, како свој народен херој, препишувајќи му го нивното потекло и претставувајќи го како симбол на нивната гордост - оценува Алиу, кој е член на косовската академија на науките и уметностите.

Историчарот Петар Поповски, ги обвинува МАНУ, македонската влада и Институтот за национална историја на Македонија за антимакедонизам.

- Тој триаголник има антимакедонски елементи и ја задушува научната мисла кај македонскиот народ - тврди Поповски, откако го обвини и директорот на Институтот, Тодор Чепреганов, дека не му дозволил во МАНУ да ги презентира своите сознанија за македонските корени на Кастриот.

На 17 и 18 овој месец во Скопје ќе се промовира големата студија на Петар Поповски од над 1.100 страници, која историчарите Албанци од земјава ја оценуваат како неточна, а историчарите Македонци во МАНУ ја нарекоа „недобронамерна”.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Папата барал помош од Георгија Кастриот
Султанот Мухамед Втори жестоко се одмазди за трите порази на неговиот генерал Балабан-паша.

Во својот летопис за турските походи во Македонија - во Епир и Арванија, тоа на најсликовит начин го опишува историчарот Д. Малпиеро. Овој современик на тие настани, меѓу другото, вели: „...Во таа година земјата на Арвантите толку многу настрада од Турците, што и самиот Георгија Кастриот падна во очај. Не без причина, бидејќи сите турски сили беа ангажирани за освојување на градот. Одбраната на Кроја, меѓутоа, пружаше силен отпор. За да ја спаси својата земја од турската напаст, во Венеција го испрати својот син Иван со задача на тамошните власти да им ја објасни вистинската положба и да издејствува помош за одбрана на земјата, а подоцна и самиот отиде во Рим и во Неапол за, исто така, да им ја претстави положбата во Арванија и во Македонија и да им стави на знаење дека неговата земја треба да ја помогнат во секој поглед, предупредувајќи ги дека во спротивно, при евентуално турско освојување на неговата земја, Италија ќе биде следната жртва во Европа”.

Читајќи ги овие редови во печатот, папата Павле 2 му се обратил со писмо на херцогот на Бургундија, барајќи заеднички да му пружат помош на кралот Георгија за да се спречи евентуалниот продор на османлиите на италијанската почва. Тој бил вчудовиден од големиот број бегалци од Епирското Кралство, кои голи и боси стоеле на морскиот брег во италијанските пристаништа, барајќи помош и заштита. Во писмото се вели: „...Човек не може, а да е без солзи кога ќе ги погледа тие луѓе, кои од арванитските брегови бегаат во италијанските пристаништа, на оние соголени, бедни семејства, кои истерани од своите огништа, седејќи на морскиот брег, со испружени раце кон небото, плачат, барајќи помош на неразбирлив јазик!”
Мисијата на Георгија Кастриот во Италија во најсудбоносното време за неговата татковина, кога неговите борци воделе борба на живот и смрт за да ја заштитат од турските освојувачки планови, требало да биде што пократка и попродуктивна. Секакво нејзино одложување можело да биде погубно за неговата земја. И затоа побрзал прво да го посети Рим. Таму пристигнал на 12 декември 1466 година, каде што бил пречекан достоинствено и помпезно, со сите почести што биле вообичаени за државни личности како што бил кралот Георгија Кастриот. На пречекот присуствувал лично папата Павле Втори Барби (1465-1471) во придружба на своите кардинали и епископи. По главната церемонија Георгија Кастриот одржал своја беседа на италијански јазик, на која пред римските католички големодостојници зборувал за опасностите што се повеќе и се заканувале на неговата земја, но и на Италија и на Светиот престол од страна на алчната турска освојувачка политика. Во белешките што биле водени од страна на папската служба во време на неговото излагање, било запишано и следново: „...Опасностите од Турците не треба да се потценуваат. Јас ви велам дека таа моќна сила сега е на прагот да ја освои Италија. Бидејќи се покорени Азија и Грција, бидејќи се убиени многу цареви и кралеви, во Цариград, во Азија, Србија и во Босна, јас сум единствен крал што се уште му пркоси на моќниот и свиреп освојувач, кој од Рим сака да создаде втор Истанбул. По 23 години непрекината борба, денес стојам осамен од остатокот на преостанатите воини, со својата слаба, исцрпена војска во многубројните војни, бидејќи мојата татковина веќе нема место за некоја нова рана и едвај ако и останала некоја капка крв што ја чува за својот последен здив за да ја пролее за христијанството”.

На крајот од посетата на Ватикан, во црквата „Св. Петар” во Рим била одржана свечена литургија посветена на кралот Георгија, во сослужение на папата Павле Втори. Во литургијата папата бил придружуван од седум кардинали и од голем број други свештени лица. По овој свечен чин по своја желба, Георгија Кастриот го посетил гробот на македонскиот и сесловенски просветител Константин Кирил Солунски, во базиликата „Св. Климент папа римски”, каде што се поклонил и положил дарови.
 
Член од
1 мај 2005
Мислења
2.612
Поени од реакции
32
а бе сликите ако сакаш и на носот закачи си ги, да ги гледаш и да се палиш секоаш ко ќе се видиш во огледало, ама дека не бил гега не бил.

па ти рипај до таван :)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Убави слики, арен македонец бил.
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
I sto sega vas e Skenderbeg a ?

Popametni od MANU ste be ..hahahah....sakate da ve kandidirame za nekoe mesto vo MANU ?..hihihihi
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Marlboro, so protekcii si odbaniran 67 dena predvreme, olabavi da ne odis pak, ni Ali ne te vadi ovojpat, skote.
 

Boogie

no pain no game
Член од
4 декември 2005
Мислења
985
Поени од реакции
544
Абе оставете ги шиптариве они и Александар Македонски викаат дека е нивен водач што потполно се сложувам.Типците како Александар и поновиот Искандер ги земале шипците под нивна управа и толку ги покориле што и ден денеска ги слават.Се знае дека Албанија тогаш не постоела и знаеме кој е кумот на Албанија и кога е создадена.Пред тоа само Епир и Македонија постојат што е потполно јасно што е Георгија Кастриот
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Поповски: Го загрозив сценариото на Чепреганов
Се чувствувам грозно кога треба да полемизирам со некој што го сметам за предавник на македонскиот народ, на македонската нација. Но, ете, таква ми била судбината, господине Чепреганов, принуден сум да одговорам на Вашите памфлети и лаги за да не Ви останам должен, му одговара публицистот Петар Поповски на директорот на ИНИ, Тодор Чепреганов.
Велите дека, наводно, „манипулирам со емоциите на народот”. Очигледно, признавате дека веќе сте ги почувствувале емоциите на тој наш македонски народец, по оној предавнички акт што беше направен по Ваше сценарио, па сега го барате виновникот. Не треба никому да се додворувам, јас се борам со мојата научна теза. Самиот го бранам она што ми го нуди егзактната наука, го бранам со историски факти и со сведоштва. Не со невистини и измислици, како што тоа го правите Вие. Дали тоа го правите самоволно или по директива на некој центар на моќ, не ми е познато. Меѓутоа, Институтот за национална историја, таа скапа наша придобивка, од научна ја претворивте во политичка институција. Со кое право, кој Ви даде мандат да ја менувате функцијата на тоа наше национално богатство?

Во однос на кралот Георгија Кастриот-Искендер, велите дека е илузорно „да се бараат национални корени во 15 век”. Каква илузија и заблуда, каква глупост, неукост и примитивизам на една личност, која себеси се смета за некаков историчар-научник, за директор на научна институција! Денес науката копа за пред пет и повеќе илјади години, а не за историска епоха во која постоеле развиени државни архиви во кои се регистрирале речиси сите историски настани.

Го споменувате австрискиот историчар Оливер Шмит, по се изгледа за да ја ублажите Вашата антимакедонска постапка и, пред се, Вашата лична одговорност. Зарем моравте да го споменете? Па токму тој господин Шмит непредвидено и неочекувано Ви го наруши предавничкото сценарио. Не очекувавте дека некој од Вашите гости, некој туѓинец, ќе се спротивстави на отуѓувањето на Георгија Кастриот од неговите родени браќа, од неговото матично ткиво! Каков парадокс! Се погриживте на симпозиумот да не бидат присутни оние што можеа да дадат научна слика и претстава за Георгија Кастриот, а не заборавивте да ги поканивте романтичарите од Тирана и од Приштина. Тоа е акт на насилство кон историјата на македонскиот народ, зашто му дадовте големогегски карактер. Ни видено, ни чуено! Сиот научен свет тврди дека Георгија Кастриот бил Словен, Македонец по род, а само неговите матични научни институции, неговите сонародници-академици го тврдат спротивното. Разнебитуваме и продаваме се што е свето и македонско!

Во Вашето писание велите дека „нашето институтско македонство” постигнало голем успех, „за што зборуваат делата на научните работници што ги поставија основите на македонската историографија”. Неоспорно. Вашата институција имала и денес има прекрасни научни работници, кои на најадекватен начин ја афирмираа македонската нација. Зарем тоа го сметате за Ваша заслуга? Вие само го прогласивте Георгија Кастриот за Гег. Каква дрскост! Така извршивте класично предавство на неговата историја и наука.

Ме прашувате зошто не сум бил присутен на симпозиумот. Ако сте чесен и искрен, треба да ја кажете вистината за моето неприсуство, за да не се прават шпекулации. Точно е дека Вие лично ми се јавивте за да ми кажете дека ќе се одржи симпозиум за Георгија Кастриот. Но, не за да ме поканите, туку да се запознаете за темата за која би говорел. Кога дознавте за што се работи, дека би зборувал за неговиот идентитет врз основа на историски факти и сведоштва, едноставно, не ми доставивте покана. Очигледно мојата тема не се вклопуваше во Вашето сценарио. И зошто сега измислувате разни невистини, одговара Поповски.






Го поканив, ама не дојде!

Колку сте контрадикторен г. Поповски, и самите велите дека „од претседателот (директорот, м.з.) на Институтот за национална историја, Тодор Чепреганов, бев поканет да учествувам на научниот симпозиум”. Ова е сосема коректно. Значи, сте добиле лична покана за учество. А поканата Ви беше упатена бидејќи знаевме дека подготвувате книга за Георгија Кастриот-Искендер.
Според информациите што ги имавме, сметавме дека ќе дадете свој придонес во расветлувањето на ликот на Кастриот. Ако добро се сеќавате, во разговорот што го имавме бевте поканети да учествувате со свој реферат. Но Вашиот одговор беше дека не можете да напишете 10-15 страници, што сигурно е чудно за човек што напишал книга од 700 страници. Потоа Ве замолив да земете учество во дискусијата. И за ова рековте дека некои нема да се согласат со она што би го истакнале. Ви одговорив дека тоа и е основната работа на науката и затоа и го држиме научниот собир, да се спротивстават различни мислења. А Вие не обвинувате дека не сте „се вклопиле” во концептот и уште: „бидејќи тие ја имаа договорено тезата, поканата до мене ја прескокнаа”. Во кој концепт и во која теза, г. Поповски?


И така натаму, повторно македонија страда од своите, од предателите одвнатре.
”На тројца Македонци, двајца комити, а третиот Сотир„
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Кралот му го подарил животот на поразениот непријател
„Во овој критичен и судбоносен момент за сите нас, христијанството може да се заштити само ако Неговата светлост, господинот Кастриот, потпомогнат од Ваша страна, може да се врати во својата држава, и тоа што е можно побрзо, за да го врати тоа што е загубено и да го спречи непријателот да освојува нови територии. Тоа треба да се сфати како наша света цел, која со ништо не треба да биде попречувана. Затоа, заповедајте Неговата светлост, господинот Георгија Кастриот, што побрзо да се најде меѓу своите борци...!”

Од ова писмо јасно се гледа колку бил голем угледот, авторитетот и воопшто приматот и репутацијата на Георгија Кастриот меѓу Венецијанците и колку било големо и значајно неговото присуство на арванитските простори. Очигледно Венеција, и не само таа, туку и нејзините сојузници: неаполското и бургундското кралство, папската држава, Дубровничката Република и многу други во Георгија Кастриот гледале сигурен столб на одбраната на Европа од турската наезда и меѓник-заштитник на христијанството од исламската агресија.

По Рим, Георгија отпатувал во Неапол, каде што, исто така, бил пречекан величествено како прославен херој, јунак и крал на еден непокорлив народ, на македонскиот (епирско-арванитскиот), кој храбро се борел да ги зачува својата слобода и независност.
Величествениот и импозантен пречек се должел и на тоа што кралот Фердинанд Први останал на власт благодарение на Георгија Кастриот, кој со своите елитни единици ги изгонил војските на Јован Анжујски, кој претендирал за неговиот кралски престол. Во Неапол, како прва помош, добил големи количества оружје, кое со специјални галии било префрлено во Родонскиот залив. Од Неапол имал намера да отпатува во Венеција, меѓутоа поради опасноста да попушти отпорот против Турците, решил да се врати во татковината.

Доцна зимата 1466 година пристигнал во Скадар. Таму се сретнал со провизорот на Венеција, Јосиф Барбара, под чија команда се наоѓале големи венецијански војски. Некои од тие војски штотуку пристигнале во скадарското пристаниште, а биле наменети за логистичка поддршка на војските на Георгија Кастриот. Со помош на Венеција во тој неизвесен и критичен момент за неговото кралство, составил армија од 20.000 луѓе.

Кај Кроја во тоа време положбата ни најмалку не била променета. Балабан-паша и натаму го држел градот под опсада со сите расположиви сили. Кога Георгија Кастриот се подготвувал да ги нападне неговите позиции кај Кроја, од сестра му Мамица, од Петралба, добил известување дека нова турска војска од 20.000 лица, предводена од Јонуз-паша, брат на Балабан-паша од градот Коњух (Елбасан) се движи кон Кроја, како засилување на војските на неговиот брат, која уништувала се пред себе со оган и меч, и дека имала намера да логорува кај Мала Трнава. За да ја спречи намерата на Турците, Георгија Кастриот избрал 6.000 свои луѓе и му тргнал во пресрет со намера да го надитри и да ги разбие неговите единици. Овој прославен турски војсководец бил пречекан во клисурата на реката Азрен, во реонот на Голем Преслап.
Откако била извршена опсада на неговите единици, почнал ненадеен и силен напад од сите страни, по што настапил невиден колеж. Кога се установило дека не постои ни најмала можност да се пробие обрачот, турските војници го положиле оружјето и почнале да се предаваат. Во тој судбоносен и погубен момент за Турците, Јонуз-паша и неговиот син Едер-паша со кренати сабји се упатиле кон Георгија Кастриот со намера да го нападнат и убијат, надевајќи се дека само на тој начин ќе можат да ја решат борбата во своја полза. Само што се приближиле на потребното растојание, Георгија замавнал со сабјата, му ја отсекол десната рака на Јонуз-паша, а со другата рака го фатил Едер-паша за косите, не давајќи му да ја употреби сабјата.

Последниот, пак, уплашен од брзата и вешта реакција на Георгија, но и од грозната слика, гледајќи го татка си како се мачи да го спречи шиштењето на крвта од раката, клекнал на колена и почнал да го моли Георгија да го поштеди татко му, а нему да му го одземе животот.
Георгија прво му го стегнал делот од раката на Јонуз-паша со парче ленена ткаенина, спречувајќи го истекувањето на крвта, па му одговорил: „Вие нема да загинете млад делија.
Јас сум храбар, но не и свиреп. Јас сум Кастриот, крал на Македонија... и на двајцата ви го подарувам животот. Радувајте се...!”

По овој настан борбата наполно стивнала. На бојното поле загинале 6.700 турски војници, некои се распрснале по пределот Голем Преслап, а некои биле земени во ропство, меѓу кои и Јонуз-паша и неговиот син.

(Продолжува)
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Кралот му го подарил животот на поразениот непријател
„Во овој критичен и судбоносен момент за сите нас, христијанството може да се заштити само ако Неговата светлост, господинот Кастриот, потпомогнат од Ваша страна, може да се врати во својата држава, и тоа што е можно побрзо, за да го врати тоа што е загубено и да го спречи непријателот да освојува нови територии. Тоа треба да се сфати како наша света цел, која со ништо не треба да биде попречувана. Затоа, заповедајте Неговата светлост, господинот Георгија Кастриот, што побрзо да се најде меѓу своите борци...!“

Од ова писмо јасно се гледа колку бил голем угледот, авторитетот и воопшто приматот и репутацијата на Георгија Кастриот меѓу Венецијанците и колку било големо и значајно неговото присуство на арванитските простори. Очигледно Венеција, и не само таа, туку и нејзините сојузници: неаполското и бургундското кралство, папската држава, Дубровничката Република и многу други во Георгија Кастриот гледале сигурен столб на одбраната на Европа од турската наезда и меѓник-заштитник на христијанството од исламската агресија.

По Рим, Георгија отпатувал во Неапол, каде што, исто така, бил пречекан величествено како прославен херој, јунак и крал на еден непокорлив народ, на македонскиот (епирско-арванитскиот), кој храбро се борел да ги зачува својата слобода и независност.
Величествениот и импозантен пречек се должел и на тоа што кралот Фердинанд Први останал на власт благодарение на Георгија Кастриот, кој со своите елитни единици ги изгонил војските на Јован Анжујски, кој претендирал за неговиот кралски престол. Во Неапол, како прва помош, добил големи количества оружје, кое со специјални галии било префрлено во Родонскиот залив. Од Неапол имал намера да отпатува во Венеција, меѓутоа поради опасноста да попушти отпорот против Турците, решил да се врати во татковината.

Доцна зимата 1466 година пристигнал во Скадар. Таму се сретнал со провизорот на Венеција, Јосиф Барбара, под чија команда се наоѓале големи венецијански војски. Некои од тие војски штотуку пристигнале во скадарското пристаниште, а биле наменети за логистичка поддршка на војските на Георгија Кастриот. Со помош на Венеција во тој неизвесен и критичен момент за неговото кралство, составил армија од 20.000 луѓе.

Кај Кроја во тоа време положбата ни најмалку не била променета. Балабан-паша и натаму го држел градот под опсада со сите расположиви сили. Кога Георгија Кастриот се подготвувал да ги нападне неговите позиции кај Кроја, од сестра му Мамица, од Петралба, добил известување дека нова турска војска од 20.000 лица, предводена од Јонуз-паша, брат на Балабан-паша од градот Коњух (Елбасан) се движи кон Кроја, како засилување на војските на неговиот брат, која уништувала се пред себе со оган и меч, и дека имала намера да логорува кај Мала Трнава. За да ја спречи намерата на Турците, Георгија Кастриот избрал 6.000 свои луѓе и му тргнал во пресрет со намера да го надитри и да ги разбие неговите единици. Овој прославен турски војсководец бил пречекан во клисурата на реката Азрен, во реонот на Голем Преслап.
Откако била извршена опсада на неговите единици, почнал ненадеен и силен напад од сите страни, по што настапил невиден колеж. Кога се установило дека не постои ни најмала можност да се пробие обрачот, турските војници го положиле оружјето и почнале да се предаваат. Во тој судбоносен и погубен момент за Турците, Јонуз-паша и неговиот син Едер-паша со кренати сабји се упатиле кон Георгија Кастриот со намера да го нападнат и убијат, надевајќи се дека само на тој начин ќе можат да ја решат борбата во своја полза. Само што се приближиле на потребното растојание, Георгија замавнал со сабјата, му ја отсекол десната рака на Јонуз-паша, а со другата рака го фатил Едер-паша за косите, не давајќи му да ја употреби сабјата.

Последниот, пак, уплашен од брзата и вешта реакција на Георгија, но и од грозната слика, гледајќи го татка си како се мачи да го спречи шиштењето на крвта од раката, клекнал на колена и почнал да го моли Георгија да го поштеди татко му, а нему да му го одземе животот.
Георгија прво му го стегнал делот од раката на Јонуз-паша со парче ленена ткаенина, спречувајќи го истекувањето на крвта, па му одговорил: „Вие нема да загинете млад делија.
Јас сум храбар, но не и свиреп. Јас сум Кастриот, крал на Македонија... и на двајцата ви го подарувам животот. Радувајте се...!“

По овој настан борбата наполно стивнала. На бојното поле загинале 6.700 турски војници, некои се распрснале по пределот Голем Преслап, а некои биле земени во ропство, меѓу кои и Јонуз-паша и неговиот син.

(Продолжува)
 
Член од
30 декември 2005
Мислења
1.190
Поени од реакции
5
Георгија Кастриот - балкански херој

ЗА АКАДЕМИК ТОДОРОВСКИ СКЕНДЕРБЕГ Е ИСТОРИСКИ ЈУНАК, КОЈ Е БЛАГОВРЕМЕНО ПРИОПШТЕН ВО МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИСКА МЕМОРИЈА, ЛИК ВНЕСЕН ОД НАРОДОТ ВО ЛЕГЕНДИ, ВОСПЕАН ВО ТВОРБА НА НАШИ НАЈИСТАКНАТИ ПИСАТЕЛИ ВО НАШАТА ЛИТЕРАТУРНА ТРАДИЦИЈА

"Шествековниот јубилеј од раѓањето на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег одбележан минатата година во Албанија доби општонационален карактер... Тој со својата вештина успеал да ги обедини поделените албански феудалци и да ги потчини на интересите на албанската држава...", рече во дел од своето излагање д-р Иван Катарџиев, по повод промоцијата на книгата "Скендербег", која е издадена тријазично, потпомогната од Фондацијата Трифун Костовски, а во издание на "Македонска ризница" од Куманово. Автори на ова, како што беше констатирано, капитално дело за "Балканскиот херој Скендербег" се академиците Гане Тодоровски и Али Алиу.
За академик Тодоровски Скендербег е историски јунак кој е благовремено приопштен во македонската историска меморија, лик внесен од народот во легенди, воспеан во творба на наши најистакнати писатели во нашата литературна традиција. "Името на Скендербег е сместено во знамениот Зборник на народни песни Миладиновци 1861 за него се зборува и во зборниците на Кузман Шапкарев, на Петар Даниловиќ Драганов", ќе забележи во дел од својот текст, македонскиот потписник на делото.
За Скендербег како симбол на балканскиот непокор тој ќе забележи: "Во надежите на Балканците да се ослободат од отоманскиот оков и во своите народни приказни и песни, балканските народи го присвојуваат албанскиот херој како свој народен херој, припишувајќи му го нивното потекло и претставувајќи го како симбол на нивната гордост".
Академик Крум Томовски херојството на Скендербег ќе го одбележи со фасцинантноста на неговата борба против Османлиите: "Неговото противставување на османлиската инвазија траело цели 25 години (1443-1468)... се до неговата смрт тврдината Круја не паѓа во рацете на Османлиите..." За европеизацијата на името на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег според академик Томе Серафимовски, говори и фактот дека неколку знаменитости во Италија, го носат името на херојот, а и славниот Антонио Вивалди ја компонира музиката за операта "Скендербег". Истата се изведува во Минхен и Париз, а на оваа тема е одбранета и докторска дисертација на Венецијанскиот универзитет во 2003 година. Неговиот шлем се чува во националниот музеј во Виена, Австрија.
Кој како знае, така си бае
Запрашан за ставот на Петар Поповски, автор на објавената обемна научна студија "Георгија Кастриот-Искендер, крал на Епир и Македонија и Втор Александар Македонски", дека легендарниот јунак е всушност Македонец, академик Гане Тодоровски кусо прокоментира: "Кој како знае, така си бае. Време е на плурализам, па така може да произлезат различни ставови, дури и кога се работи за историјата".

www.vecer.com.mk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom