Znaci sve sto pravime e dobro ,daj boze da e taka... iako ne revuvam vo toa
Не, тоа не го реков.
Но моралот е религиозна категорија. И не можеме да кажеме дека без моралот нема смисла ништо.
Како што веќе кажав, ете јас сум атеист, а познавам и други, луѓе кои се хумани, чесни, солидарни, толерантни, учтиви, мирољубиви. Но тоа се должи на социјализацијата, прво родителската, потоа училишната, и на трето место општата (медиуми, други луѓе). Затоа, социјализацијата може да биде правилна, но и погрешна. Социјализацијата е различна за сите, а моралот не. Моралот си има точно определени правила, зошто религијата има правила.
На пример, никаде во моралот не постои љубов кон животни, грижа, заштита. Тогаш, дали љубовта кон животните, ќе ја карактеризираме како аморална?
Моралот претпоставува дека сексот е ексклузивно право на бракот. Дали зошто 90% од населението има секс пред брак, целото е аморално? Да, аморално е. Ама тоа не е погрешно, напротив, правилно е.
Библискиот морал, е една работа, а социјализацијата на единките, друга работа.
Моралот предвидува и осудување на ,,аморалните,, , а осудувањето само по себе е погрешно воспитување.
Има многу зошто и затоа... но грев не постои.
Постојат работи кои се забранети со закон, и ако ги направи некоја единка, има соодветна законска санкција.
Но дали некој ќе биде учтив или не, нема врска со моралот, туку со основната култура на поединецот. Дали ќе биде солидарен, хуман, општествено активен, тоа се должи на социјализацијата, а не на моралот. Дали луѓето кои не сакаат да бидат дел од хуманитарни акции, се аморални? Не, не се аморални, само себични. Секако дека себичноста е погрешна, но не е аморална.
Не ги мешајте тие работи, но бидејќи религијата ви е вмешана во самата тема, јасно ми е. Моралот е религиозна категорија, и како таква, не смее да се припишува на сите припадници на едно општество, а посебно не на сите жители на светот.