Ми текнува на последниот ден, акнавме по две скопски и мортадела пред коперација, кај што земавме за јадење 4 години претходно а по некад и по некое пиво
....врнеше, и ни ги наврна алманасите, некој материјал заебан....уште е оштетен малку, иако го немам видено со години и години.
Одејки накај Партизанска застанавме под една настрешница на кратко и муабетот беше демек ќе се слушаме и ќе држиме контакти. Ми текнува на неубавото чувство на разделба, а знаев длабоко во себе дека нема да има ништо од другарството веќе...