Што е неопростлив грев?

C

Cool Hand Luke

Гостин
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica][FONT=Verdana, Arial, Helvetica] Ako nekoj huli protiv Sinot Bozji ke mu se prosti, no koj huli protiv Svetiot Duh nema da mu se prosti, nema da ima mir nitu na ovoj nitu na drugiot svet.

Dali hulenjeto na Svetiot duh se zborovi sto sekoj moze i bez vistinska namera da gi izgovori ili e pred se mentalna sostojba na covek sto prezira nesto sto treba da go vodi niz zivotot i da go spasi, i so samoto toa huli na sebe vo dnoto na dusata, a istotaka i na drugite luge, bidejki onoj sto se mrazi ili ne si prostuva sebesi, gi mrazi i drugite i taka doaga vo sostojba da ne moze da se spasi, ne zatoa sto ne moze tuku zatoa sto ne saka da se spasi. Ili postoi svoevidno prokletstvo da ako stvarno pohuli na Svetiot duh poveke nema pravo da se pokae za toa i da saka? Vo Evangelieto fariseite hulat na Svetiot duh obvinuvajki go Isus deka leci bolesti so pomos na Belzebub, no bi sakal da razgledame potipicni i sekojdnevni primeri. Da receme nekoj covek sto doziveal nesto strashno i vo moment pohulil na Svetiot duh, a potoa, moze li da se pokae?
[/FONT]
[/FONT][/FONT]
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Еј COOL ај те молам дообјасни што сакаш да кажеш бидејќи не си баш концизен... гледам дека нема многу заинтересираност за темава а интересна е но некако се прашувам на кој начин, и кога се хули против светиот дух.... досега не сум се нашол ви ситуација да го хулам св. дух.
поздрав
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Според христијанството сите гревови можат да се простат освен овој. Хулата на Светиот дух не мора да биде искажана конкретно со зборови, туку со менталната состојбата на дотичниот човек. Тоа е состојба што е дефинирана како состојба на пекол, крајна апатија со бес и омраза, и према себеси и према другите и према Бога. Тој човек љубовта го прави уште пожесток и го исполнува со уште повеќе презир. Се што треба да направи е да се прифати себеси како обичен човек но тоа му е тешко, тежок удар врз гордоста му е, бидејќи силата и личноста си ја црпи од омразата. Значи, тој НЕ САКА да си прости, а не дека не може. Спасот му е на дофат но нему му изгледа подалеку од Месечината поради неговиот став. Така би ја дефинирал таа хула. Е сега, ме интересира мислење од многу порелигиозни (јас баш и не сум) дали е тоа така, или едноставно ако еднаш силно го проколне Светиот дух, кој што е срж на неговата и на сите души, повеќе нема покајание дури и стварно да сака.
Ова го најдов на angelfire -
Да похули некој на Исус Христос може лесно, од незнаење, можеби го слушнал ова име без разбирање
- На Св Дух може да хули човек што има целосно познавање на Св Писмо и целосно изумрена совест.
Таков човек во себе нема желба да се спаси, ниту сака другите луѓе да се спасат
Таков човек нема желба да му се простат гревовите.“
 
зошто би хулел на св. дух тој што го знае светото писмо ??? во него не пишува дека стриктно св. дух е одговорен за се што се случува, нели е се по вољата божја?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Кога не би го знаел Светото писмо не би можел да хули туку само напразно да зборува, но токму затоа што го прочитал и го сфатил, но лично не му се допаднал тој концепт, бидејќи тој концепт е подреден на вољата на Бога а не на човечката воља. Хула на Светиот дух или хула на Бога, на крајот на краиштата исто му доаѓа на оној кој решил да не верува, или уште полошо - погрешно да верува па ни самиот да не е свесен дека си прави лице и самиот себе, како фарисеите коишто биле убедени дека се во право и кои биле совршени лицемери. Тука би можела да биде разликата помеѓу оние кои се разочарале и привремено изгубиле вера во Бога и оние кои целосно се изгубиле (похулиле) од Бога а мислат дека се добри и делуваат здраво, живо и самоуверено како се да знаат, а можат да се препознаат по медиокритетот, за да го сокријат злото во себе мораат да го бараат и лажно покажат на други. Инаку, мислам дека концептот на Светото тројство е дека Отецот, Синот и Светиот Дух имаат иста суштина и на некој начин се проекции на една иста личност што различно се појавува, со таа разлика што Отецот и Синот се на небото а Светиот Дух постојано меѓу луѓето, па затоа хулата врз него се смета за најголем грев.
 
Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Па секој грев ќе биде простен ако се покаеме и не ја направиме истата грешка ми има кажувано баба ми таа оди на црква секој ден:smir:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Неопростлив е бидејќи таа хула е одраз на менталниот став на поедина личност а не зборови. Човек полн со омраза и зло кои што си ги прифатил здраво за готово и мисли дека се во ред, својата сила ја црпи од својата лична личност, од егото, не од светиот дух, на тој човек тоа не може да му се прости бидејќи не ни сака ниту мисли дека тоа треб да му се прости. На таа личност, на тоа его не може никогаш да му се прости, но е можно нешто друго, тој човек радикално да се промени.
Се е добро напишано во Библијата, само треба да се размисли за тоа. В)
 
Член од
8 декември 2007
Мислења
254
Поени од реакции
9
Neoprostiv grev e, tocno,huleweto protiv svetiot duh,no i samoubistvoto, da ne zaboravime i na ovoj golem grev!
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Ах, оклку неписмени постови на едно место.

Хула??? Неопростив???Лопужа?? Поедина??

Ах, јазику преубав мој македонски, те извитоперуваат, те менуваат, а ти молчиш!!!
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Можеше барем да напишеш свое мислење, шефе. Баш ме интересираат мислењета на атеистите, што е тоа што тие не можат да простат, освен лингвистичките грешки.
Опростлив грев е кога админ оди офтопик. :)
 
Britney'85

I'm sad...love me!!!
Член од
19 декември 2007
Мислења
135
Поени од реакции
2
Jas mislam deka bogohulieto i ubistvoto se najgolemi grevovi.
 
Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Нема грев, има пат кој сам го бираме, а кој не носи или кон светлина или во темнина.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да се надоврзам на дискусијата. COOL е наблизок до објаснувањето за тоа што е хулење на Светиот ДУх. Тоа е, колку ми е познати како го разбирам, тврдоглаво инаетење кон вистини кои кои се проверени и докажани и кои немаат потреба од натамошно докажување.Патем кажано, целот Свето Писмо е напишано од автори (пророци и апостоли), преку кои говорел Светиот Дух, тоа е повеќе од јасно. Воедно, под поимот ВЕРУВАМ се подразбира и верувањето дека секој ЗБОР од Светото Писмо е божји збор, во кој нема потреба од сомневање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom