Што готвите во моментов?

Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Му објасни какви сакаш, или имаше веќе такви исечено во излог?
Имаа и готови исечени, ако и нема во фрижидерот, имаат бајаги роба слободно побарај.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Ќе ја отворам темава и секогаш ми се создава поголемо количество на плунка од вообичаено.
Дали некој знае зошто?????
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Дај рецепт пиле
Чизкејк

1. Подлога

400г мелени бисквити
150г стопен путер
100мл сок(било каков)

Ако сакаш без ѕидови, одземаш 25% од состојките за подлогата

Се соединува се' и се става во округло тавче и се натиснува доле и од страните и се става во фрижидер. Тавчето да не е многу големо за да не биде низок колачот. Обично се прави во тавче на кое му се вади страничниот дел.

2. Фил

150мл слатка павлака(хопла за благо)(ладна)
350г крем сирење(препорачливо филаделфија)(собна температура)
150г маскарпоне(собна температура)
150г шеќер во прав
1 ќесичка ванилин шеќер
1 ќесичка желатин
40мл вода
40 мл млеко

Хоплата се мати додека не стане цврст шлаг. Се додава крем сирењето, маскарпонето, шеќерот во прав и ванила шеќерот и се мати убаво.
Желатинот го истураме во чаша, додаваме водата, чекаме да упие, да набабри и после го ставаме во врело млеко. Убаво се меша па се додава во филот и матиме со мала брзина.

Филот го ставаме во калапот со бисквити и во фрижидер чекаме да се стврдне(за побрзо може и во фриз)

3.Прелив

300г смрзнати малини(или вишни/јагоди)
Малку шеќер (јас ставам 4 лажици)
Малку густин

Смрзнатото овошје директно на тавче и го посипуваме со шеќер. Чекаме да се растопи како за џем, а после по вкус се додава плус шеќер, а густин се додава за подесување на густината на преливот.

Кога ќе се излади преливот го истураме врз стврднатиот фил.

После јадеме
 

Boki16 tka

Sarma
Член од
23 јуни 2017
Мислења
65
Поени од реакции
34
Тепсија компири со пилешки копан со надкопан и супа!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom