Што готвите во моментов?

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Денес го имав целото претпладне слободно и се одлучив за мал селф кер третман. Спакував мали прогресивни пургери, западњачки стил.
Мал брифинг: Лепиња купив од пекара Бисер, бриош со сусамка. Изгледаат навидум бајати, ама се премеки и тазе. Кромидот го оставив да се карамелизира по природен пат. Го ставив на двојка да се крчка во маслиново масло и многу малце путерче. Овој пат ставив и прсте солца, одбивам да му ставам други тракатанци и да го интензивирам, доволни се природните џусови кои излегуваат на виделина откога ќе стане кафеавкаст. На плескавките не им ставив претходно ништо. Ги маринирам додека се крчкаат со специјална скара мешавина, сол, бибер и паприка. Од второто вртење лупнав кашкавал да се топи. Пургер сосот го правам со мајонез, кечап, макало од лук, сенф, паприка и оригано. Целиот пакет се освежува до корнишончичи и лист марула. 20211101_141914.jpg 20211101_141919.jpg 20211101_142318.jpg 20211101_142236.jpg 20211101_143356.jpg Ептен едноставен и превкусен рецепат, се на се 20~ минутки одзема. Ако некој се реши да го скува, чекам слики и мерење на таквите :icon_mrgr:.
пиес. Од мобител сум, не знам сликиве какви ќе испаднат.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.848
За месото:
За тестото:
јас ставам малку повеќе алева пиперка
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.618
Поени од реакции
34.807
20211024_154001.jpg 20211024_154011.jpg

... одлични планински (Илинска планина) малечки компири сорта Џели Курода од с.Турје Дебарца, како гурмански материјал за мојата мусака со месо, подготвено за утрешниот ручек! :rolleyes:

20211031_175448.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom