Читам и се чудам, на кое место е Бог на вашата листа на приоритети???
Малку е тешко разбирливо како може државата да стои во ист контекст со семејство.
Државата е пред се економски ентитет кој се одржува со помош на намети т.е легализирана кражба. Не постои никаков документ никаде дека лицето кое се родило на одредена територија е согласно да биде ограбувано.
А присилното земање на средства и добра со закана од лишување од слобода и други репресивни мерки не е знак за љубов.Присилното одземање на било што е грабеж.
Но ако е легален тогаш е во ред, дури човекот требало да е емоционално ангажиран кон имагинарниот ентитет кој наводно му дава содржина на реалниот, човекот кој има “нацијоналност“ vs. “човекот кој е даночен обврзник“.
Кражбата е зло. Секој кој се идентификува со крадецот се идентификува и со злото.