Топол леб, свежо направено ајварче и сирење.
Биено сиренце и ракија грч ладна да се поти шишето.
Ситно сецкани тиквички пржени ко помфрит и ладно пиво.
Макалото од шопската.
Турско кафе и еден тутун сабајле пред работа.
Тавче грав, зелка и бонус со лути чушки со оцет и лук.
Пржено сиренце и ладно пиво.
Пржен ослиќ со лимонче.
Лимонче у сабота сабајле.
Другар со меморија дека немал частено за нешто.
Кога банкоматот ми прави кррр кррр.
Кога ќе си најдам тутун скриен у фиока за лошо време.
Жива свирка и да ти ги погоди песните додека се праиш дамла и да нема пекачи (со ај бе да си ојме не слушам странско) околу тебе.
Кога сум во право.
Пица со 4 вида сирење и пиво.
Шпагети со сирење.
Вода во сабота сабајле.
Вода во недела сабајле.
Долга е листата, ќе дополнувам.