Зошто да не? Малку врски ли има каде што еден од партнерите е незаинтересиран или па помалку се треска од земја од другиот?
Не би се согласила баш со ова.
Каква врска е таа во која едниот од партнерите е незаинтересиран?
Врската без љубов па и не е баш некоја врска, а ако си заљубен во партнерот/партнерката и правиш некои работи за да го/ја задоволиш тоа не значи дека се трескаш од земја.
И нормално е да има врски кои повредуваат, барем според мене. Па сведоци сме на безброј лоши врски, уствари ретко и да гледаме (или доживуваме, сеедно) некоја убава и нормална. Друга работа е дали тие врски кога ќе почнат да повредуваат почнуваат и да завршуваат или траат вечно. Мислам дека темава е отворена, токму поради тоа.
Нормално е дека не е нормално. Зашто би биле во врска која не повредува кога секојдневно сме во трка по освојувањето на нештата кои би ни го подобриле животот (пари, моќ, кариера, слава,... сеедно)
Зашто тогаш да дозволиме да бидеме во врска која што не повредува, кога можеме да бидем во врска која што не не повредува?
Зашто да страдаме кога може да не страдаме?
п.с. А како криењето љубомора повредува? Па нормално е ако некој ја смета љубомората за доказ за љубов, да биде повреден ако не ја чувствува од другата страна.
Нема врска. Сето тоа се работи кои самите ние си ги умислуваме во моментите кога имаме премногу слободни време кое ни овозможува подлабоко да размислуваме.
Ако тој мене ме сака тогаш ме сака. Јас секако ќе го знам тоа без тој да ми го каже и без да изигра сцена на љубомора. Сето тоа се безначајни нешта кои ние на некој начин потсвесно ги посакуваме иако и без тоа длабоко во себе знаеме дали тој/таа не сака или пак не.
он топик:
Лично мене ништо позначајно не ме повредува. Единствено нешто кое ме повредува на некој начин е кога неколку дена по ред имаме некои свои обврски, дали тој или јас, и не можеме да најдеме доволно време да се видиме. Се друго е релативно и не ме повредува. Барем до сега

))